8ми март

Лидо ди Јесоло-Венеција-Мурано-Бурано-Трст

05.03-09.03.2020

 

За романтичарите Венеција е остварување на сонот. Позната како и “Огледало на душата“, “Кралица на Јадранот“, “Градот на вода“, “Градот на мостовите и каналите“… Венеција е една од најпосакуваните туристички дестинации. Изградена врз дрвени столбови, нејзината архитектура е како да лебди над вода. Заради нејзината уникатност Венеција е заштитена од УНЕСКО. Во 1980 година, Карневалот во Венеција го оживеа градот и стана еден од главните центри зa меѓународни конференции и фестивали, како што e престижното Биенале во Венеција и Венецискиот филмски фестивал, кои привлекуваат посетители од целиот свет поради своите театарски, филмски, уметнички и музички продукции.

1 ден.(05.03.2020) Состанок на групата во поладневните часови на автобуска станица Кочани. Ноќно возење кон Италија преку Србија, Хрватска и Словенија, со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден. (06.03.2020)   Пристигнување во Лидо ди Јесоло.  Факултативна посета на Венеција, со брод. Разглед на Венеција со локален водич: плоштадот Св.Марко, Базиликата со мозаиците, Дуждевата палата, мостот на воздишките, мостот Риалто. Слободно време за прошетка и индивидуално разгледување на Венеција. Во договореното време поаѓање назад кон Лидо ди Јесоло. Сместување во хотелот. Ноќевање.

 

3 ден. (07.03.2020)  Појадок. По појадокот слободно време или факултативна  посета на два преубави острови, со брод. Мурано – познат по изработката на предмети од стакло, посета на познатата фабрика-„ Мурано стакла“. Бурано- познат по изработката на Венецијанска чипка, како и по куќите во прекрасни шарени бои. По посетата на островите, враќање во хотелот. Ноќевање.

 

4 ден. (08.03.2020) Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и поаѓање кон Трст. Слободно време за разглед на градот. Во договореното поаѓање кон Македонија. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија.

5 ден. (09.03.2020) Пристигнување во Македонија.

 

Цена на аранжманот: 99 евра (6140 ден.)

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус на дадената релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Лидо ди Јесоло
  • Посета на Трст
  • Организација и водство на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Факултативна посета на Венеција со локален водич: 20 евра (мин.30 пријавени)
  • Факултативна посета на Мурано и Бурано: 25 евра (мин.30 пријавени)
  • Патничко осигурување
  • Влезници по културно – историските знаменитости.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Внесете коментар!
Внесете го вашето име тука