23ти Октомври
ШОПИНГ ВО ЧОРЛУ И ЕДРЕНЕ
Термин:22.10- 24.10
Цена:55 евра (до 10.10.2020)
Редовна цена: 65 евра
Програма:
22.10(четврток)– Тргнување во доцните попладневни часови од автобуска станица Кочани.(Трансфери од Скопје,Велес,Штип,Виница,Каменица,Делчево).Патување преку Бугарија(транзит) со попатни паузи и царински формалности.Преминување преку граничен премин Капитан Андреево-Капи Куле.(границата помеѓу Бугарија и Турција).
23.10(петок)- Пристигнување во Чорлу во утринските часови.Градот е со богата историја, макар и доста непозната за нас и е еден од модерните градови за последните години за шопинг во Турција со доста ниски цени. Околу овој град са изградени околу 120 фабрики и пред секоја од фабриките има продавница во која може да си купите текскил, фармерки, постелнини со фабрички цени. Ќе имаме можност да го посетиме трговскиот центар „Авантаж „ со околу 40 продавници на маркирани брендови на женска, машка, детска облека и многу попусти. Ќе посетиме специјализирана продавница за кожена облека – обувки, јакни, чанти,аксесоари. Една од фабриките за најквалитетната постелнина во Турција фабриката ТАЧ се наоѓа тука и се разбира ќе ја посетиме. Ќе можете да купите постелнина, бањарки, покривки, готови завеси,детски комплети со врвен квалитет. Посета на Мол ОРИОН со повеќе продавници од марките. – Mavi Jeans, U.S.Polo, Koton, Defacto, Nike,Adidas, LC Waikiki, Madame Coco, Pierre Cardin, ADL, Inci, Derimod, Desa, Herry, Penti, Boyner, English Home.
Посета на Мол АРЕНА ТРЕНД – во којшто има продавници од секаков тип и за сечиј вкус.
Време за ручек, прошетка и одмор во некое од кафулињата за уживање во познатото турско кафе.
Доцна попладне сместување во хотел со 3 *.Слободно време.Ноќевање.
3 ден . 24.10 ( сабота)
Појадок. После појадокот состанок на групата и заминување за градот Едрене. Пристигнување во Едрене – вториот османски град кој што бил и главен град после Бурса и пред Константинопол /Истанбул/, градот на Мазните борби и овошните сапуни. Посета на OUTLET трговски центар во Едрене – MARGI OUTLET/околу 2 часа /.Заминување за Централниот дел на Едрене.Посета на џамијата ”Селимије” – едно од чудата на османската архитектура, бисерот на познатиот османски архитект Синан, изградена во 16 век.Интересен е фактот, дека џамијата е издржала 71 земјотреси над 7-мата скала по Рихтер , но останува непроменета.-Безплатен влез.
Слободно време за ручек, разглед на пазарот со поглед кон џамијата со можност за шопинг, Безистенот, големата пешачка трговска улица.Посета на бугарската црква „Св. Св. Константин и Елена“ –најстарата бугарска црква во Едрене,која што е изградена во 1869 г.со дозвола од пашата и со средства од бугарското население.
Посета на склад за препарати за чистење и перење со изклучително ниски цени.,зачини, баклава, кори за баница;Посета на трговски центар KIPA во Едрене со можност за купување на сирење и кашкавал со висок квалитет по изгодни цени.
Тргнување од Едрене во доцните попладневни часови.Се упатуваме кон Македонија со попатни паузи и царински формалности.Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.
Во цената е вклучено:
- транспорт со високотуристички автобус
- 1 ноќевање со појадок во хотел 3 * во Чорлу
- посета на продавници за облека кои се во сопственост на фабриките во градот Чорлу и големи шопинг центри
- Разглед на Едрене и трансфер до бугарската црква ”Св. Св. Константин и Елена” и џамијата Селимије;
- посета и шопинг во трговскиот центар Margi Outlet и Kipa, дисконти за препарати за чистење и перење.
- Туристички придружник од агенцијата за време на патувањето
Во цената не е вклучено:
- Патничко осигурување( задолжително)
Што предлага OUTLET MARGI:
– LC Waikiki, Koton, Seven Hill, Deichman, Kemal Tanca, Pierre Cardin,Mavi, United Colors of Benetton, Adidas, Colin’s, Hot Point, U.S. Polo Assn., Loft и уште многу други…
Што можеме да купиме од Едрене?
- Сите видови на препарати за чистење и перење по исклучително ниски цени;
- Убави декоративни сапуни со најразлични форми и ароми, погодни за подарок или сувенир;
- Јатките се често купувани, има големо разновидност;
- Баклава, пишмане, локум, кадаиф;