БУДВА, КОТОР И ОСТРОГ

11-ТИ ОКТОМВРИ

 

Термини: 09.10-12.10.2020 / 22.10-25.10.2020

 

ПРОГРАМА:

Ден 1 – 09.10.2020 (Петок)

Состанок на групата на автобуска станица Кочани во 18:30 часот, поаѓање во 19 часот. Ноќно возење преку Косово и Албанија по новиот автопат до Острог со попатни паузи за одмор и царински формалности

 

Ден 2 – 10.10.2020 (Сабота)

Посета на Острошкиот Манастир, едно од најпосетуваните светилишта на Балканот. Кога ќе се спомене Острог, веднаш се помислува на место на кое се случуваат чуда. Во него доаѓаат посетители од сите религии и нации, бидејќи се верува дека моштите на Свети Василиј Острошки се чудотворни. Манастирот Острог, кој е врежан во карпите, основан е од митрополитот Василиј во XVII век. Патувањето продолжува кон Будва. Сместување во Вила „Монтерио“ во Будва. Слободно попладне за индивидуални активности. Ноќевање.

 

Ден 3 – 11.10.2020 (Недела)

Можност за факултативна посета на градот Котор. Овој крајбрежен град на Црна Гора е познат по својата средновековна архитектура и пејзажи кои го одземаат здивот. Пристигнување и слободно време за индивидуален разглед на градот каде може да се видат Саат Кулата, Катедралата Св. Трифун, Православната Црква Св.Никола. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во Будва, можност за посета на стариот град. Ноќевање.

 

Ден 4 – 12.10.2020 (Понеделник)

Одјавување од вилата во договорено време и потоа слободно време до поаѓање. Во договорено време поаѓање за Скопје. Попатна кафе пауза и панорамски разглед на едно од најмонденските летувалишта на Јадранското море – Свети Стефан. Пристигнување во Кочани околу полноќ.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  4250 денари по лице

 

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

*2 ноќевања во Вила „Монтерио“- Будва

*Превоз со високотуристички автобус

*Посета на манастирот Св.Василије Острошки

*Лиценциран пратител во текот на целото патување

*Организација и реализацијa на аранжманот

*Вклучен IgM тест за антитела

 

Во цената не е вклучено:

*Факултативен излет до Котор 5 евра

*Туристичка такса 1 евро за посета на Манастирот Острог

*Комбињата за превоз до манастирот се плаќаат дополнително на лице место

 

 

НАПОМЕНИ:

*Т.А Авто атом има резервирано термин за тестирање, доколку патникот сака индивидуално да се тестира од сумата на аранжманот се одземаат 1000ден, но пред поаѓање на водичот треба да му приложи негативен резултат на IgM антитела.

*Во случај на позитивен тест, парите се враќаат во целост освен парите за тестот.

 

СПОДЕЛИ
Претходна понудаShoping vo Chorlu i Edrene

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Внесете коментар!
Внесете го вашето име тука