Истанбул, единствениот град на два континенти! Местото што ги исполнува сите желби на светот и ви ги отвора портите кон непроценлива убавина и историја, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности.

Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од неофицијално над 20 милиони жители.

На само еден час возење од Истанбул, во Општината Бујугчекмеџе се наоѓа Кумбургаз, едно од најпознатите летувалишта во Истанбул. Кумбургаз се наоѓа на европската страна на Истанбул, на брегот на мраморното море, и се протега на површина од 1892 хектари, и има крајбрежје долго 8 километри.
Кумбургаз е место каде што можете да најдете буквално се што е потребно за добар одмор и релаксација.

 

Поаѓање секој петок!

Цена: 11.720 денари

 

Програма:

1. ден (поаѓање):

Собирање на групата на автобуска станица Кочани околу 20:30 часот. Тргнување во 21:00 часот. Ноќно возење со попатни паузи, царински формалности. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање. Седиштата во автобус се нумерирани. Со самото потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција. Цените се истакнати најдоле на програмата. Сместувањето е во Grand Gold Otel кој има своја приватна плажа.

2.ден ( Пристигнување во Кумбургаз):

Пристигнувањето на групата во Кумбургаз е предвидено во раните утрински часови во зависност од гужвата на граничните премини и задржување поради царинските формалности. По самото пристигнување во хотелот патниците ги оставаат куферите во лоби на хотел и добиваат информации за своите соби (како: Број на соба, време на check in), а добиваат слободно време за одмор во лоби на хотел каде може да ги користат тоалетите, соблекувалната и бежичниот интернет.

СЛОБОДНО ВРЕМЕ ВО ОСТАТОКОТ ОД ДЕНОТ.

Групата има слободно време за уживање покрај море и истражување на околината на Кумбургаз. Вечера. Ноќевање.

3.ден (Кумбургаз и Бујукчекмеџе):

Третиот ден започнува со доручек во хотелот во којшто се сместени патниците. Доручекот е во времетраење кое го одредува менаџментот на хотелот, а тие информации се дознаваат на рецепцијата во хотелот. Остатокот од денот е слободен за сите патници за да може да го искористат за капење во морето и релаксација се до 18:30 минути кога е предвидено факултативна екскурзија за да го запознаете Кумбургаз во друго светло.
Ќе имате можност да ја видите зградата на општината на Бујугчекмеџе која претставува најголем белег во ова место, и да уживате во прекрасната прошетка на брегот на мраморното море.

Шетајќи по шеталиштето покрај брегот ќе наидеме на ресторани и кафетерии кои се на самата плажа на само неколку чекори од морето. Овде ќе имате можност за прошетка на шеталиштето и со возче, а истотака ќе може да сретнете и традиционални турски тезгаџии каде што може да се купи се од сувенири па до облека. Вечера. Ноќевање.

4.ден (Кумбургаз):

Четвртиод ден започнува со појадок во хотелот во кој што се сместени патниците. Остатокот од денот е слободен за сите патници, да можат да го искористат за капење во море, сончање и пијалок. Вечера. Ноќевање.

5.ден (целодневна факултативна посета на Истанбул):

Петиод ден започнува со доручек во хотелот во којшто се сместени патниците. По појадокот, групата заминува на Крстарење по Босфор.  Програмата за четвртиот ден е следната:

 

  • 09:30–КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР.
    Вториот ден започнува со крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со локален водич. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето и да испиете прекрасно турско кафе.

 

  • 11:00- МОМИНСКА (ДЕВОЈАЧКА) КУЛА (Kiz Kulesi).

По крстарењето,групата се упатува кон Женската Кула истотака позната како Кулата на Леандрос, која потекнува од средновековниот византиски период. Женската кула е стационирана на мало островче кое се наоѓа на јужниот влез на Босфорскиот теснец од Ускудар. Внатрешноста на кулата е претворена во место за кафе и ресторан, со поглед на поранешната римска, византиска и османлиска престолнина. Ќе имате можност да го видите брегот на Истанбул од еден различен аспект и да ги слушнете митовите и легендите за изградбата и локацијата на кулата.

 

  • 13:30- УСКУДАР

Ускудар е место на азиската страна на Истанбул и е една од најважните турски населби во Истанбул, која била сведок на голема развојна активност за време на османлискиот период. Девината кула е едно од најважните места на Ускудар. За оваа кула постојат повеќе легенди кои ќе имаме прилика да ги слушнеме од нашите водичи а воедно и да ја посетиме самата кула. На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја, ќе имаме прилика да седнеме на турските килими и да го гледаме  босфорот, едноставно ќе се чуствувате исто како на филм.

  • 16:30- EMAAR SQUERE MALL

Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски ценар е наменет за луѓето заљубени во шопингот, забавата и гастрономијата. Ова место нуди извонредно искуство за своите посетители од целиот свет. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници коишто не се достапни насекаде низ Турција. Патниците може да го искористат времето за шопинг, јадење, пиење до видео игри. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони гости. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариум кој е еден од повеќето гигантски аквариуми во Турција. Вo аквариумот може да се видат тигар ајкулите како и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените.
Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи.

Турата завршува со посета на плоштадот „Таксим“. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки!По завршувањето на овие посети, групата се враќа во хотел. Вечера.Ноќевање.

6.ден (целодневна факултативна посета на аква парк)

Петиот ден започнува со појадок и поаѓање кон аква паркот. Во шестиот ден од програмата ви го нудиме Aqua Marine Aquapark.

Аква Марин е воден парк кој им служи на своите посетители од 1999 година. Со своите разни слајдови и базени, има за цел да ви подари на вас и на вашите деца неверојатно забавен ден. Исто така е исклучително хигиенски и безбеден. Паркот, во кој можат да се сместат 3.000 посетители во исто време, користи супстанции со меѓународни стандарди и ги има истите стандарди на хигиена. Додека се забавувате, можете да побарате од фотографи околу вас да ви направат ваша фотографија. Можете да се вратите дома со прекрасно сеќавање и добро расположение.

Времето за поаѓање кон хотелот го организира водичот. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

 

7.ден (поаѓање кон Македонија)

Седмиот ден започнува со појадок, веднаш потоа следува поаѓање кон Македонија.

 

! ЗА ВЛЕЗ ВО РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА ПОТРЕБНО Е ПАТНИТЕ ИСПРАВИ ДА СЕ МИНИМУМ 6 МЕСЕЦИ ПРЕД ИСТЕКУВАЊЕ !

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • 5 ноќевања со вклучени појадок и вечера во Grand Gold Otel – Кумбургаз
  • Превоз со високотуристички автобус

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Патничко осигурување
  • Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
  • Факултативни излети

 

 

СПОДЕЛИ
Претходна понудаHotel „Izgrev“ – Struga
Следна понудаAnkara i Kapadokija

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Внесете коментар!
Внесете го вашето име тука