Велигден

Керкини – Алистрати – Кавала

Кочани – езерото Керкини – пештерата Алистрати – Керамоти – Кавала -Кочани

17.04.-18.04.2020

 

17.04.2020: Заминување од Кочани во 7.00 ч., и се упатуваме кон Грција.Пристигнување во реонот на езерото Керкини, познато уште като Бутковското езеро. Тоа се наоѓа меѓу планините Беласица и Круша, во северниот дел на плодородното Серско поле и е важен биосферен резерват, дел од Натура 2000. Пленува со разновидноста и изобилието на ретки и пред истребување видови на птици како: розовото фламинго – над 7000 фламинга во Ноември, кадравиот пеликан, белооката патка, големиот храбар орел, малиот корморан, водните биволи и уште многу други. Глетката е изклучително ретка за нашата географска положба. Прошетката претставува одлична можност да се запознаете  со разновидноста во светот на водните птици, да научите повеќе за нив и да се пренесете, макар и за кратко во едно поспокојно место, кадешто прекрасни птици и водни животни живеат заедно во хармонија. Прошетката со чамец  води до влевањето на реката Струма во езерото, кое што е омилено  место за хранење на многу од птиците и можете да  ги  видите најголемите кластери на Фламинго, Сивата и Големата бела чапја, како и дел од гнездата на Кадравиот пеликан.

Заминување за Алистрати. Десетици пештери во Грција примамуваат со мистичните тајни скриени во нив, но безспорно една от најубавите и најинтересни меѓу нив, дури и според „National Geographic” е пештерата Алистрати. Се наоѓа на 6 километра од самото гратче, во областа „Петрото” и е еден од најзначајните природни споменици во земјата. Откриена е сосем  случајно во 1959 г. од локални  жители, а за туристите станува  достъпна  дури  во 1998 г. Должината и е 3 км, но од нив само един километар е достапен за прошетка пешки. Секој човек кој што ја посетил пештерата останува воодушевен од богатото разнообразие на издатоци во пештерата, создадени тивко од моќта на природата во продолжение од милиони години, како и од неверојатниот спектакл од белоснежни сталагмити, кои  се наоѓаат на црвена основа, со височина која достигнува  на места до околу 35 м, а чудото од  сталактити се спуштаат на должина од 15 м.

Заминување за  Керамоти – едно од најпосетуваните туристички места  во Северна Грција, заради прекрасните плажи наградени со сино знаме. Сместување во хотелот вечерта, на 100 м од еден од најатрактивните плажи во Керамоти, како и во близина на ресторани и продавници. Вечерта по желба и со доплата вечера во најдобриот ресторан на крајбрежјето  на Керамоти. Ноќевање.

 

18.04.2020: Заминување за  Кавала во 10:00 часотТуристичка програма на бугарски јазик: црквата „Св. Богородица”; Пристаништето; куќата на Мехмет Али, основач на династијата, која што управува со  Египет до 1952 г, албанец по потеко, роден во Кавала; Мехмет Али останува во историјата со спроведените  од него значајни реформи во Османската империја во 19 век. Тој организира интензивна обука на лекари, инженери, државни чиновници во новосоздадени училишта и во Европа, гради напојувачки системи и се развива добивањето на памук. Во знак на благодарност кон родниот град Кавала тој изградува имарет, којшто се смета за најголемата исламска знаменитост во Европа. Во моментот таа е претворена  во луксузен  хотел; Аквадуктот Камарес – колосална конструкција, една од многуте дела на Сулејман Величенствениот. Изграден е во 1550 г на местото на долгиот ѕид, кој што  е бил заштитник и е бил користен като аквадукт. На врвот постоело пространство, во кое што парадирале  стражарите на градот. Во 15 век аквадуктот бил разрушен и султанот изградил нов, познат со името Камарес, за да го снабдува градот со вода. Конструкцијата се состои од 58 арки со различни размери, најголемата  која што  е висока 52 метра; Тврдината од 16 век, изградена од турците на врвот Панагија и станала симбол на градот. Свободно време за ручек  и прошетка. Заминување за Македонија во 14:30 часот. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

 

 

 Цена:49 еур.(3038 ден.)

 

Во цената е вклучено

* Превоз со вискотуристички автобус – клима,ТВ

* посета на eзерото Керкини и пештерата Алистрати со водич на бугарски јазик/ влезниците се плаќаат дополнително/

* Туристичка програма во Кавала

* 1 ноќевање  во хотел во Керамоти 2*

* туристички придружник од агенцијата за време на целото патување

 

Во цената не е вклучено:

* влезници  за туристичките објекти

* доплаќање за единечна соба – 20 евра на вечер

* Прошетка со чамец на езерото Керкини со  минимум 10 туристи – 7 евра

* Влез за пештерата Алистрати – 6 евра, при минимум 20 луѓе

* Тврдината во Кавала – 2,50 евра

 

 Мени за вечерата во ресторанот:

* Грчка салата

Основно по избор

Локално јадење по избор:  свински филе или пилешки стек; телешки бифтек; пилешки или свински увијачи

Рибно мени по избор:  поховани лигњи; поховани школки; пржена риба бакалјарос; или рибен микс( поховани лигњи; поховани школки; пржена риба бакалјарос )

ПијалоциЧаша узо 50 гр. или пиво или чаша вино(бело; црвено или розе) Вода, безалкохолно, леб.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Внесете коментар!
Внесете го вашето име тука