ИСТАНБУЛ –Чорлу-Едрене
Термин: 04.12. – 08.12.
Со посета на Црквата на желбите
Ако сакате вашите желби да се исполнат и мечтаете да ја пронајдете вашата љубов,тогаш ова патување е создадено како за вас!
1-ви ден: Тргнување од Автобуска станица Кочани во попладневните часови.Трансфери од Скопје,Велес,Овчеполе,Штип,Крупиште,Виница,М.Каменица,Делчево.Пауза за царински формалности,транзит преку Бугарија.Ноќно возење.
2-ри ден: Пристигнување во Истанбул наутро. „Gunaydin“, како што се поздравуваат мештаните за добро утро. Сместување во хотелот (ако е можно веднаш, ако нема слободни соби во моментот, сместувањето е после 14:00 ч.). Денот започнува како што доликува за Господарот на Босфорот – Истанбул, величествените дворци, султани и принцови.
По желба /со доплата/ крстарење со бродче по Босфорот – „Крстарење низ два континенти“. Ќе се насладуваме на убавината и романтиката меѓу два континенти. Ќе поминеме под мостот “Ататурк”, кој што ги сврзува Европа со Азија, како и покрај дворецот „Долмабахче” и покрај многу луксузни куќи, резиденции и хотели, кои што се наоѓаат на самиот Босфор. Новиот султански дворец “Долмабахче”, “Чираган Палас” – бивша султанска резиденција, претворен во еден од најскапите хотели во светот, населбата “Ортакју” – омиленото место на истанбулската младина, одбранбените тврдини “Румели Хисар” и “Анадолу Хисар”, летниот султански дворец “Бејлербеи”, Кулата на девицата и др. Подгответе се за слики или само се насладувајте на моментот , наслонети на главата на вашиот љубен/љубена. Едно од најпрекрасните доживувања во Истанбул. Един час ќе патуваме покрај Европскиот брег на Босфорот и еден час назад по Азискиот брег. Ќе се насладиме на одблесоците на сонцето по фасадите на најубавите дворци во Истанбул, ќе поминеме под меѓуконтиненталниот мост Босфор и ќе стигнеме до најтесното место на теснецот. Говорот на водичот е на микрофон, се слуша насекаде и можете спокојно да се движете по двете палуби на бродчето, да пиете чаша турски чај или турско кафе, како и пиво и безалкохолни пијалоци.
По желба /со доплата/ посета на султанскиот дворец „Долмабахче” со водич. Неверојатно убав, впечатлив и разкошен, дворецот е една од највпечатливите знаменитости на градот, изграден во последните години на Османската империја. Злато, сребро, порцелан, кристал, разкош, орнаменти, значајни личности, важни настани, тоа е само многу мал дел, со кој што може да се опише „градината“( на турски „bahce“ е градина) наречена Долмабахче. Изградбата ја чинела империјата 5 милиони златни турски лири или за да си го представите подобро 35 тона злато. Во дворецот припаѓа и најголемата колекција од лустери, каде што нај-големиот е избработен во Англија, тежи 4,5 тона и има 664 светилки. Богатствата, кои што ќе ги видите во Долмабахче, ги вклучуваат прочуените Кристални скалила , соби на благородници, сали за приеми, скапи килими, скулптури – вистинско богатство . Не ги пропуштајте и градините на дворецот, како и колекцијата со часовници, која што се наоѓа во павилјонот во дворот.
Попладне по желба и /со доплата/ – екскурзија до облакодерот”Saphir Seyir Terasi” и SkyRIDE 4D – неверојатна симулација на лет со хеликоптер над цел Истанбул. Посета на облакодерот “Сафир” – највисоката зграда во Европа, првата еколошка зграда на Турција која се вбројува во највисоките згради во светот. Извишена на 64 ката со 174 станови. Вертикалните градини ја прават зградата уникатна, двојната фасада дозволува достап на чист воздух. На последниот кат има панорамна површина со ресторант и 4D кино. Ќе имате можност да се качите со лифт до панорамната површина каде што ќе ви застане здивот;Истанбул е на вашите дланки! Се открива неверојатна гледка кон градот и Босфорот за 360 степени – Како да сте господар на светот. Уникатното доживување се дополнува со можност да се вклучите во SkyRIDE – 4D кино: ќе “патувате” со хеликоптер и ќе ја посетите Сината џамија, Св. Софија, Хиподромот и уште, а нозете ќе ви го допираат Босфорот. Секој кој што се качил на врвот на Сафир, требва да го доживее тоа задоволство.Враќање во хотелот.
За оние, кои што сакаат вечерта да продолжи !
- По желба /со доплата/ вечерен разглед со автобус „Ноќен Истанбул“ /со мин. 25 патници /: булеварот Кенеди; Сарај бурну; пристаништето Сиркеџи; населбата Фенер; светата населба Ејуп, каде што се наоѓа и една од најпосетуваните џамии – “Ејуп”. Посета на историското кафуле Пиер Лоти кое се наоѓа на ридот „Ејуп“, за да се открие поетската гледка кон Истанбул, инспирирана во минатото од познатиот френцуски автор Пиер Лоти, а денес тоа е модерно кафуле,кое што го задржало својот дух од 19ти век и предлага наргиле, игра на табла, чај, турско кафе … и таа впечатлива панорама кон Златниот рог. На уште поинтересен начин – ќе се искачиме до кафулето – со лифт гондола. Слободно време за слики, чај, турско кафе, гјозлеме и др. Следува прошетка по плоштадот Таксим и улица „Истикјал“ со многу продавници и убави згради од двете страни. Единственото превозно средство, кое што минува по неа, е трамвајот на Носталгијата – ретро трамвај. Тука може да осетите духот на современиот Истанбул.
Романтична вечера на јахта на Босфорот – шоу програма со DJ, традиционални фолклорни танци, перформанс со традиционални турски танци, национален ритуал пред свадба, песни и многу забава. Богато мени: салата – ордевер или т.нар. мезиња, сезонска салата, главно јадење – пресна риба или пилешко, сезонско овошје за десерт или турски слатки со прекрасното турско кафе… На едно лице се предлагаат неограничено количество на локални алкохолни и безалкохони пијалоци! (со доплата). Ноќевање.
3-ти ден:
Појадок.По желба /со доплата/ панорамска обиколка со автобус на Истанбул – „На два континента“: Преминување од стариот европски дел во новиот европски дел на градот по еден од мостовите над заливот Златниот рог. Преминување во азискиот дел на градот по мост со јажиња над теснецот „Босфор” – чудо на техниката на изградба, кој што ќе не пречека со „Добре дојдовте во Азија” или „Welcome to Asia”. Пауза за фотографија крај Босфорот и дворецот „Бејлербеј“, изграден за време на владеењето на султан Абдул Азиз. Над пет илјади работници и четири години биле потребни за изградба на дворецот кај Босфорот.Султанскиот дворец „Бејлербеј“ е во најзначајните знаменитости на Истанбул. Низ годините разкошниот дворец се користи за летна резиденција, заради свежиот воздух и гледките, кои што се откриваат кон Босфорот. Величествената изгадба е возвишена во 60-те години на 19 век во француски необарок стил. Архитекти на зградата се браќата Балјан. Тие успеваат да придадат на самата градба еден специфичен ориентален стил. Враќање во Европскиот дел на градот и посета на железната црква „Св. Стефан” – единствената православна железна црква во светот. Храмот се состои од железни елементи со вкупна тежина од 500 тона, изградена по принципот на Ајфеловата кула. Сите елементи са зафанати кон основите со околу четири милиони болти, гајки и нитни. Од дрво е само дел од конструкцијата во основата и иконостасот. Храмот е донесен на делови со воз до Триест и од таму со брод до Истанбул. Истите инженери изработиле уште две идентични цркви како оваа, кои што биле за Австралија и Романија. Првата потонува во морето за време на транспортот, а втората е уништена при бомбардирирање. Иконостасот на храмот и камбаните се изработени во Русија. Заминување за плоштадот Султанахмед, каде што е нашата пешачка обиколка на Стариот Истанбул – срцето на историјата, култура и цивилизации, сведок на императори и султани! Сината Џамија – едно од најсовршените човечки творби и меѓу најпознатите знаменитости на Истанбул. Никој,кој што ги видел барем еднаш не може да го заборави чувството на страхопочит и магичност кое што се појавува при гледката на минарињата кои се извиваат гордо кон небото, прекрасните куполи, неверојатната хармонија на цветови и форми. Сето ова не внесува како во друга димензија… Египетскиот обелиск – или познат како Дикилиташ, пресечен како од розов мрамор, украсен е со многу хиероглифи и гравирани сцени; Змијовидната колона – која ја симболизира победата на грчките градови-држави над Персијците со три преплетени една во друга глави на змии; Фонтаната на Вилхелм II или фонтаната на кајзерот…
По желба посета на дворецот „Топ капи”.
По желба /со доплата/: Посета на огромниот резервоар , кој што е најголемиот и добро зачуван покриен резервоар за вода за пиење во Истанбул, кој што личи на дворец. Едно од имињата, со кои што цистерните се нарекуваат е “Потонатата палата”. Тука е зачуван единствениот оригинал, кој што преживеал до моментот на Горгоната Медуза. Има многу добра циркулација на воздухот и независно, што се наоѓа под земјата, воздухот е изклучително свеж и чист. Во “Јеребатан саранџи” има и кладенец за желби, во кој што според верувањето ако фрлиш монета и си посакаш нешто, тоа навистина ќе се оствари.
По желба /со доплата/ екскурзија до Пејачките Фонтани, МОЛ ЕМААР и аквариумот во Азија! За први пат во Истанбул – Пејачките Фонтани! Ќе може да го видите уникатниот танц за пејачките фонтани – неверојатна гледка – вода, светлина, ласер и оган – Впечатливо шоу! Исто така ќе го посетиме и МОЛ ЕМААР – најновио т МОЛ во Истанбул, кој што има многу нови марки. Има повеќе од 100 кафулиња и ресторанти, традиционален турски пазар, прекрасни тераси и др. Ако сакате може и да го посетите и новиот аквариум со подводна зоолошка градина – гори, реки, водопад, островот на Пингвините, Крокодилското кралство и уште животни од над 200 вида. Тука има подводен тунел кој што дава можност за 270º панорама – како да сте во океанот. Навистина интересно е да го видите кралскиот крокодил од 5 метра и жителите на гората – змии, пајаци, камелеони, игуани и др. Враќање во хотелот.
По желба /со доплата/:
Романтична вечера на јахта на Босфорот – шоу програма со DJ, традиционални фолклорни танци, забава со традиционален ориентален танц, национален ритуал пред свадба, песни и многу забава. Богато мени: салата – ордевер или т.нар. мезиња, сезонска салата, главно јадење – пресна риба или пилешко, сезонскиовошја за десерт или турски слатки со прекрасното турско кафе… На човек се предлагаат неограничено количество локални алкохолни и безалкохони пијалоци! Ноќевање.
4-ти ден: Појадок. После појадокот, посета на храмот,познат со многу имиња – Црквата на Дева Марија, црквата која ги исполнува желбите , црквата на Клучевите и на крајот црквата на Светиот Извор. /Со доплата от 2,50 евра/ Ако верувате и се молите искрено , желбите ќе ви се остварат. Но тука има доста икони, кои што се барем на 200-300 години. Клучевите за отварањето на овие реликви можат да се купат на симболични цени пред влезот на храмот. Еден клуч – една желба. Кажуваат дека на првата дата од месецот, во црквата се продават по 18 килограми клучеви. Всушност никој не ги отвора навистина иконите – само се поминува и се допира клучот до секоја икона. Ако сте купиле повеќе од еден – ги допирате сите. Таа личност,чија што желба ќе се исполни е должен да дојде во храмот и да го врати клучот. Луѓето кои што ги враќаат клучевите се стотици!,И по можност да ги почести другите молитвеници за здравје и среќа и бериќет!
Заминување за Чорлу и посета на продавниците за постелнини и долна облека на големата фабрика “TAC” каде што можете да си купите и многу текстилни производи.
ЗАаминување за градот Едрене. Посета на пазарот во Едрене каде што може да си купите различни видови баклава, препарати за хигиена, храна и др. Посета на бугарската црква “Св. Св. Константин и Елена” и најголемата џамија во Турција – “Селимие”. Слободно време за прошетки и ручек.
Заминување за Македонија.Пристигнување во вечерните часови.
Цена на аранжманот: 79 евра
Во цената е вклучено:
- Транспорт сo високотуристички автобус
- 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Истанбул
- Туристички придружник од агенцијата
- Посета на фабриката „Тач“ во Чорлу
- Посета на Едрене
- Посета на пазарот во Едрене
- Посета на бугарската црква „Св.Константин и Елена“ во Едрене
- Посета на џамијата “Селимие” во Едрене
Во цената не е вклучено:
- Панорамска обиколка на Истанбул „На два континента“ + железната црква „Св. Стефан“ + Азискиот дел со локален водич – 15 евра
- Посета на резервоарите /со вклучен влез / -15 евра
- Посета на облакодерот Сафир со билет за 4D кино „Истанбулскиот Менхетн“- симулација на лет со хеликоптер и 360 степени панорамска гледка – 20 евра
- Вечерна автобуска прошетка „Ноќен Истанбул“ со посета на кафулето Пиер Лоти – 12 евра
- Вечера на јахта по Босфорот со шоу програма, трансфер до пристаништето и неограничено количество алкохолни и безалкохолни локални пијалоци – 40 евра
- Вечера во ресторант со турска шоу-програма – 25 eвра
- Прошетка со бродче по Босфорот „Прошетка меѓу два континента“ – 15 eвра
- Разглед на султанскиот дворец „Долмабахче” со водич – 25 евра (со вклучен влез и трансфер)
- Пејачките фонтани, МОЛ ЕМААР – 17 евра ; влез за аквариумот – 55 турски лири
- Посета на црквата на желбите – 2,50 евра