● Лето 2020 ●
Јули / Август / Септември 2020

 

Хотел Климетица Ви нуди незаборавни мигови поминати во природен амбиент. Сместен во густа борова шума, во непосредна близина на Охридското Езеро, на само 4км. оддалеченост од градот Охрид во туристичката населба Св. Стефан, Климетица е идеално место за одмор и релаксација. Во непосредна близина на хотелот се наоѓа и пештерската црква Св. Стефан која е раритетен споменик на културата. Атмосферата која ќе ја затекнете, надвор од градската бучава, микс на чист планински воздух и езерска убавина ќе направи да се почувствувате свежи и исполнети со енергија. Внимателно избраните детали и боја на ентериерот на хотелот, даваат впечаток на префинетост. Овде љубезниот персонал ви го нуди вистинското чувство на добредојде.


Хотелот располага со 41 луксузно опремени соби (двокреветни и трокреветни) и 4 апатрмани. Секоја соба е опремена со: кабелска ТВ, мини бар, директна телефонска линија, 24 часа бесплатна интернет конекција (wireless покриеност), клима уред. Располагаме со пространо лоби опремено со бар, телевизија, и WIFI конекција. Лобито Ви овозможува уживање во прекрасен поглед кон Охридското Езеро. Фонтана градина која ќе го привлече Вашето внимание да го испиете Вашето утринско кафе.


За време на вашиот престој уживајте во вкусот и разновидноста на националната, интернационалната и вегетеријанската храна која се послужува во ресторанот. Ресторанот е со капацитет од 300 седишта и летна тераса од 100 седишта.

5 дневен аранжман (5 HB = 7000) денари – поглед шума
7 дневен аранжман (7 HB = 9100) денари – поглед шума

 

5 дневен аранжман (5 HB = 8000) денари – поглед езеро
7 дневен аранжман (7 HB = 10500) денари – поглед езеро

 

 Цените се по лице во двокреветна соба со вклучен доручек и вечера (шведска маса)
 За сместување во еднокреветна соба доплата + 30%
 Деца до 6 години се гратис
 Деца од 7-12 години плаќаат 50% од цената

 

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Внесете коментар!
Внесете го вашето име тука