Лето 2020 – Сончев Брег, Бугарија
Понуда за млади до 18 години
Хотел „Клуб Стар“
Местоположба:
Детскиот и младешки центар “STAR CLUB” се наоѓа во јужниот дел на комплексот “Star Club”,во Сончев брег, на 250-300 м. од морската плажа. Лагерот е обезбеден деноноќно, достапот на надворешни лица е ограничен, територијата е заградена. Базата се наоѓа близу до дискотеките “Cacao beach”, “Bedroom”, “Брилјантин”.
Песокот е ситен и златен, водата е чиста, а морското дно без камења и дава можност да се отиде подлабоко во морските длабочини.
ИНФРАСТРУКТУРА:
- 1 голем олимписки базен (широчина: 18м./9м., длабочина 1.30 м.), 2 мали базени (9м./ 3.50м., длабочина 1м.);
- Два опремени фудбалски терена со величини 40м. /20м. и 45м/25м покриени со трева,кои се удобни за спроведување на тренинзи и спортски натпревари од мал карактер.
- Два опремени терена за кошарка со величини 25 м. /15м. покриени со трева,кои се удобни за спроведување на тренинзи и спортски натпревари од мал карактер
- Опремен терен за одбојка покриени со трева,кои се удобни за спроведување на тренинзи и спортски натпревари од мал карактер
- Голема покриена сала (250 квадратни метри) со ламинат за танци, забави, дневни и вечерни програми, проби на танцови групи, анимација; проекции на филмови;
- професионална кореографска сала со величини 14 х 12 метра, височина 7 метра, опремена со просторија за балет, огледала, професионален под за балет, соодветна за гимнастичари, танцови групи, акробатика, бојни спортови;
- сцена со дрвен под со величини 10м./10м. за тренинзи и репетиции на танцови групи за време на фестивалот, претстави и анимациска програма;
- 1 ресторант со отворена тераса за 400 места;
- Интернет WiFi (со доплата);
- Автомати за игри и достап до интернет (се доплаќа);
- Медицинско обслужување: медицинскиот кабинет со изолатор кој што работи деноноќно. Во комплексот работи квалифициран медицински персонал. Итната медицинска помош е достапна деноноќно. Медицинскиот центар има на располагање амбулатна кола. Кога е неопходно болниот се носи во болница, која што се наоѓа на 2 км. од младешкиот центар (5 мин.). Трошоците за сите медицински услуги се опфатени од осигурителните компании. Медицинското осигурување за деца е задолжително;
- менувачница.
Сместување:
Сместувањето е во соби и апартмани. Во секоја соба (самостостојни или во апартмани) има две или 3 легла, ноќни шкафчиња, биро, огледало, гардеробер. Во апартманите има по 1 телевизор, 1 ладилник, минимум еден балкон.
Цена: 172 евра (10.664 ден.)
Во цената е вклучено:
- 7 ноќевања со вклучени појадок, ручек и вечера во хотел „Клуб Стар“
- Превоз
- Организација и водство на патувањето
- Можност за придружник – професор со групата млади лица
Исхрана: All Inclusive light на шведска маса по предвремен усогласен распоред:
- Појадок 08.00-10.00,
- Ручек 12.00-14.00,
- попладневна закуска 16.00,
- вечера 18.00-20.00,
- целодневна минерална вода.
- Прва исхрана во денот на сместување – вечера (или попладневна закуска), последен оброк во денот на заминување – ручек!
ВНИМАНИЕ!!!
Секој турист плаќа при сместувањето аванс во износ на 20 лева за евентуални материјални штети. Депозитот се враќа во денот на заминувањето.