Oдмор  на  Француската ривиера, Сен Тропе

                         Дати: 29.04./06.05. /13.05./20.05. 2020г.                         

Цена: 357 еур (22 000 ден.)

Можност за плаќање на рати!

1 ДЕНЛет од София до Марсеј  во 10:10ч. со АК ”Ryanair”. Пречекување  на групата на аеродромот  во 11:35ч. Краток  одмор  во  трговски центар. Трансфер до хотелот. Сместување. Ноќевање.

 2 ДЕН Слободно време за плажа и индивидуални активности. Ноќевање.

 3 ДЕН Претпладне слободно време за плажа и индивидуални активности. Попладне  можност за полудневна екскурзија  до Сен Тропе – кој се наоѓа  на брегот на Средоземното морe-прошетка  во  градот: плоштадот Лис, музејот „Анонсиад“ со творбите  на Анри Матиз, Жорж Брак, Франсис Пикабие и други френцуски  модернисти, „Куќата на пеперутките“ со  над  20 000 вида пеперутки от цел свет, музејот на жандармеријата, Старото пристаниште. Враќање  во  хотелот . Ноќевање.

4 ДЕН –Претпладне  слободно време за плажа  и индивидуални активности. Попладне  можност за полудневна екскурзија  до Кан – разглед  на висорамнината  Сјуке, црквата Нотр Дам дјул Есперанс, Фестивалскиот  комплекс, Пристаништето, булеварот Кроазет. Време за плажа. Вечерта враќање  во  хотелот. Ноќевање.

5 ДЕН– Претпладне  сл ободно време за плажа  и индивидуални активности. Попладне  можност за полудневна екскурзија до Ница и Монако. Ница: булевар Промнад дез Англе, плоштад Масена, Пазарот на цвеќињата /на антиките/, катедралата Сент Репарат, висорамнината  Шато со  водопадот  и останките от стариот  замок. Заминување  за Монако со посета  на  Фабриката за парфеми . Пристигнување  во  Монако – висорамнината  и  Замокот со дворецот на Принцот, Океанографскиот музеј /без влез/, Катедралата, Монте Карло со Европското  и Американското казино, хотелите Ермитаж и Париз. Вечерта враќање  во  хотелот. Ноќевање.

6 ДЕН Слободно време за плажа  и индивидуални активности . Ноќевање.

7 ДЕН Слободно време за плажа  и индивидуални активности  или еднодневна екскурзија до Марсеј. Разглед  на Старото пристаниште, Катедралата, булеварот  „Канебие”, базиликата „Нотр-Дам дела Гард“ (Се качуваме  со  возче  до Катедралата). Разглед  со бротче  до замокот  „Иф“, овековечен од  Александар Дума во неговиот роман  „Гроф Монте Кристо” (до островот, на којшто се наоѓа замокот „Иф). Враќање  во  хотелот.  Ноќевање.

8 ДЕН – Ран трансфер до аеродромот  во Марсеј  и  лет  до Софија со  АК “Ryanair” во 06.20ч. Слетување  на аеродромот во  Софија  во  09.45ч.

Во цената е вклучено:

  • Авиобилет  Софија – Марсеј – Софија  со  лет на АК “Ryanair”, со  вкллучен  мал багаж со  величини  40*30*20 см.
  • транспорт со високотуристички автобус
  • трансфери по програмата
  • 7 ноќевања во  камп  „Les Mures“, Сен Тропе / во непосредна близина до морето/, за четири лица
  • водич – претставник од туристичката агенција

 

Во цената не е вклучено:

– Priority Boarding со голем  багаж до 10кг (55х40х20см) – 15 евра во еден правец;

– дополнителен до 20кг – 40 евра  во еден правец;

– Полудневна екскурзија до Сен Тропе – 10 евра

– Полудневна екскурзија до Кан – 30 евра

– Полудневна екскурзија до Ница и Монако – 40 евра

– Еднодневна екскурзија до Марсеј  со  вкллучена обиколка со  туристичко возче и бротче до остров „Иф“ – 80 евра

– двоен комплет  -спална постелнина  и крпи – 25 евра

-Патничко осигурување

-Трансфер Кочани-Софија-Кочани

СПОДЕЛИ
Претходна понудаVenecija
Следна понудаRomanija

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Внесете коментар!
Внесете го вашето име тука