Нова година 2021 – Елбасан и Тирана
Термин: 31.12.2020-03.01.2021
1 ден: Поаѓање од автобуска станица Кочани во раните утрински часови. Патување кон Елбасан ,Албанија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Елбасан. Сместување во хотел. Слободно попладне. Прослава на нова година со новогодишна вечера.Ноќевање.
2 ден: Доцен појадок. Слободно време за користење на услугите кои ги нуди хотелот(сауна, масажи, минерална вода и кални бањи). Ручек. Слободно време за прошетка и разглед на Елбасан и посета на познатото старо кале. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.
3 ден: Појадок. Слободно време за користење на услугите кои ги нуди хотелот (сауна, масажи, минерална вода и кални бањи). Ручек. Посета на Тирана – панорамско разгледување на градот: плоштадот Скендербег, булеварот на Националните херои, старата џамија Аџи Елтем Беј, парламентот… Слободно време за шопинг. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.
4 ден: Појадок. Слободно време за користење на услугите кои ги нуди хотелот (сауна, масажи, минерална вода и кални бањи). Ручек. Поаѓање кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
Цена на аранжманот: 85 евра ( 5.270 денари)
Во цената на аранжманот е вклучено:
- 3 ноќевања со појадок ручек и вечера во хотел „Алфа“ – Елбасан
- Превоз
- Посета на Тирана
- Користење на услугите во хотелот (освен масажа – 4 евра)
Во цената не е вклучено:
- Патничко осигурување
- Масажи – 4 евра