Турција

Чанаккале (хотел со 5*)

Термин: 08.10-12.10.2020

 

Програма на патувањето:

1 ден– Поаѓање од автобуска станица Кочани. Се патува преку Бугарија,до Чанаккале.

2 ден– Посета на градот Едрене. Слободно време за прошетка и разглед на градот.Пристигнување  во градот Ечебат. Премин до Чанаккале со фериброд. Пристигнување  во  хотелот во Чанаккале. Сместување. Слободно време за одмор.

Разглед на знаменитостите на градот: Тврдината Чименлик, изградена во  1462 г. од султан Мехмет II, во која денес се наоѓа Военоморскиот музеј на градот; старата чаршија, крајбрежната улица, споменикот  на Ататурк, репликата на Тројанскиот коњ подарена на градот од  актерот Бред Пит во 2004г. Прошетката продолжува со посета на Ајнали чаршијата, која што се наоѓа во центарот на градот. Слободно време за шопинг. Враќање  во хотелот. Ноќевање

3 ден- Појадок. Факултативна екскурзија до античкиот град Троја, кое ќе ве врати наназад со векови, во десетгодишната војна меѓу Грците и Тројанците. Троја е град кој постои повеќе од 4000 години. Овде може да се види и Дрвениот коњ, кој грците го искористиле за да ги поменат зидовите на тврдината и да направат заседа на Тројанците. Враќање во хотелот. Ноќевање.

4 ден – Појадок. По појадокот посета на градот Кешан. Слободно време за пазарување во локален шопинг центар. Поаѓање кон Македонија. Пристигнување во доцните вечерни часови.

 

Промотивна цена (за уплата до 25.09.2020): 99 евра (хотел со 5*)

Промотивна цена (за уплата до 25.09.2020): 79 евра (хотел со 3*)

 

Редовна цена: 119 евра (хотел со 5*)

Редовна цена: 99 евра (хотел со 3*)

 

Во цената е вклучено:

  • 2 ноќевања со појадок во хотел Колин 5* или „Askin art“ хотел 3*
  • Автобуски превоз, превоз со фериброд
  • Разглед на Чанаккале
  • Посета на Едрене
  • Посета на градот Кешан
  • Бесплатен трансфер од Скопје, Велес и Штип

Во цената не е вклучено:

  • Екскурзија до античкиот град Троја – 10 евра
  • Патничко осигурување
  • Доплата за избор на седиште – 10 евра

 

Контакт: 070-336-307 / 033-270-765

 

СПОДЕЛИ
Претходна понудаAnkara i Kapadokija
Следна понудаTirana-Golem-Drach

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Внесете коментар!
Внесете го вашето име тука