Нова Година 2021
Б Е Л Г Р А Д
Hotel Abba 4*
31.12-02.01.2021
3 дена / 2 ноќи со превоз l Hotel 4* | Превоз l Белград со водич
1ден 31.12 (четврток) СКОПЈЕ – БЕЛГРАД
Состанок на групата од пред Дрво Декор во 02:00 часот. Ноќно патување кон Белград со попатни паузи и царински формалности. Пристигање во Белград околу 10 часот. Организиран панорамски разглед на Белград со водич со посета на: Црква „Св. Сава“, Собрание на Белград и Србија, црква „Св. Марко“, споменик на кнез Михајло, стадионот на ФК Црвена Звезда, куќата на атрактивната балканска ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ, потоа атрактивниот дел на градот – Дедиње како и куќата на цвеќето каде се наоѓа гробот на Јосип Броз Тито. Пешачки разглед на тврдината Калемегдан и прошетка по најпознатата белградска улица – Кнез Михајлова. Сместување во Hotel Abba 4*. Слободно време за одмор или подготовска на новогодишната ноќ. Вечерта, организиран бесплатен трансфер од хотел до центар на Белград и обратно за дочек на Нова 2021 Година на Плоштад или во некој од многуте ноќни барови, дискотеки или во кафана на добро познатата Скадарлија. Во утринските часови, враќање во хотел. Ноќевање.
2ден 01.01 (петок) БЕЛГРАД – НОВИ САД – БЕЛГРАД
Појадок. После појадокот организиран факултативен излет до Нови Сад. Разглед на градот: Улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петроварадинската тврдина… Целодневна посета на Градот. На враќање во попладневните часови, посета на Outlet Indzija.
Ноќевање. Враќање во хотел.
3ден 02.01 (сабота) БЕЛГРАД – МАКЕДОНИЈА
Појадок. После појадокот одјавување од хотел. Се упатуваме кон најголемиот трговскиот центар Галерија Белград. Слободно време за кафе, шопинг, прошетка.. во договореното време, поаѓање кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
Цена на аранжманот: 105€ / 6.510мкд
|