Нова Година во Сараево

Сараево  Мостар  Вишеград  Дрвенград

Термин: 29.12.2019-01.01.2020

 

 

Сараево е главен град на Босна, каде минува реката Милјацка. Град со околу 400.000 жители и бурна историја. Сараево е град на 14-тите Олимписки игри (1984 год.). Денес во Сараево има синагога, џамии, православни и католички цркви – град со 4 религии што е реткост во светот.

Програма:

Прв ден: Македонија – Сараево.

Поаѓање во вечерните часови од Македонија. Патуваме преку граничен премин Табановце, со ноќно возење низ Србија, Ниш, Крагујевац, Ужице со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

Втор ден: Сараево.

Пристигнување во Сараево во утринските часови. Разглед на градот со водич: Сарај, градската куќа, Латинска чуприја – местото на атентатот на Франц Фердинант, улицата Казанџилук со многубројните занаетчиски дуќани од периодот на Отоманското царство, одиме до пешачката зона каде е Катердалата Срце Христово, соборната црква Св. Тројца, Гази Хусрефбегова и Царевата џамија, Башчаршија, мостовите… Слободно време за прошетка низ Башчаршија. Смесување во хотел и краток одмор. Слободно време. Ноќевање.

Трет ден: Сараево – Мостар – Сараево.

Појадок. По појадокот предвидена факултативна посета на Мостар со попатна посета на срушениот мост од Втората Светска Војна познат како битката на Неретва. Продолжуваме кон Мостар, градот каде се сретнува северот со југот и западот со истокот, град во кој реката Неретва со векови ги дели културите и религиите, град во кој различностите и спротивностите можат да се видат и почувствуваат на секој агол. Разгледување на градот со локален туристички водич. Посета на: Стариот мост, улицата Кујунџилук со занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн. Во попладневните часови враќање кон Сараево. Слободно време. Ноќевање.

Четврти ден: Сараево – Вишеград – Дрвенград – Кочани.

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Посета на градот Вишеград со факултативно крстарење со брод на реката Дрина. Посета на симболот на градот, мостот изграден од Мехмед Паша Соколовиќ кој е под заштита на UNESCO и опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“. Слободно време за индивидуални активности. Заминуваме кон Мокра Гора и посета на Дрвенград изграден по идеја на Емир Кустурица. Слободно време. Враќање кон Македонија со попатни паузи. Пристигнување во Македонија.

 

Цена: 5.520.00 денари (за уплата до 15.11.2019)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Aвтобуски превоз на дадената релација
  • Сместување во хотел со 3* на база 2 ноќевања со појадок во Сараево http://www.hotelgrand.com
  • Разгледување на Сараево со локален водич
  • Придружник на групата

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Здравствено патничко осигурување (задолжително) – 100 денари
  • Полудневен излет до Мостар и разглед – 10 евра
  • Крстарење по Дрина – 5 евра
  • Влезници за културно-историските споменици
  • Разглед и посета на Дрвенград

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Внесете коментар!
Внесете го вашето име тука