САНКТ ПЕТЕРБУРГСКАНДИНАВИЈА –   БАЛТИК

СТОКХОЛМ – ХЕЛСИНКИ –САНКТ ПЕТЕРБУРГ – ТАЛИН – КОПЕНХАГЕН

 

                                                                      Дата: 20.04.2020г.                                                                        

   Цена: 540 еур.(33 480 ден.)

   Можност за плаќање на рати

        

1 ДЕН-Трансфер од Македонија до аеродромот во Ниш,Србија ( 272 км.). Лет  на авиокомпанија „Wizzair‘‘, Ниш – Малме 18:40ч. – 21:05ч.  Пристигнување на аеродромот  во Малме/ Лунд, трансфер до хотелот. Сместување. Ноќевање.

2 ДЕНПојадок. Заминување за Стокхолм. Во 15.00 ч. пристигнување на пристаништето Вартан. Во 17.00 ч. заминување за главниот град на Финска Хелсинки со најголемиот 14-катен круз брод на “Силија лајн”, долг 203 м., кој располага со караоке бар, базен, сауна, казино, free shop, дискотека и огромен  шопинг центар. Ноќевање на бродот во кабини за 4-ца.

3 ДЕН- Во 09.55 ч. пристигнување во Хелсинки – град кој е опколен од три страни со вода, чиј што жители се сметаат за најобразованите и кои што најдобро живеат во светот. Панорамска обиколка /2 часа/ со локален автобус и туристички водич на руски јазик – со впечатливата зграда на Финскиот парламент и Руската православна катедрала. Слободно време. 14.00ч. заминување. Доцна вечерта пристигнување во Санкт Петербург. Сместување  во хотел. Вечера. Ноќевање.

4 ДЕН-Појадок. Панорамска обиколка на Санкт Петербург со локален водич  Невски проспект – најубавиот булевар  во градот, Дворцовиот  плоштад, Василиевскиот остров, Исакиевскиот плоштад, лаѓата  Аврора, Петропавловската тврдина – историскиот споменик на архитектонската  и утврдената руска уметност  од 17 до 20 век, од  којашто потекнува и самиот град  Петербург /панорамски/. За  време на обиколката ќе се воодушевите  на живописната глетка кон реката Нева и многуте  мостови, кои ги поврзуваат  градските острови. Прошетка  со локален водич на руски јазик во Ермитаж – грандиозни објекти и дворци од 6 величествени зданија вклучувајќи ги и Зимниот и Меншиковскиот дворец, официјалната резиденција и богатството на  императорката  Екатерина Велика на брегот на реката Нева. Во Ермитаж се чуваат 3 милиони уметнички споменици на светската култура – дела на Леонардо да Винчи, Рафаел, Тициан, Рембранд, Рубенс, Пикасо и др. Вечера. Ноќевање.

5 ДЕН – Појадок. Претпладне  посета на Нижни парк и  Петродворец.  Петродворец  е

„ прозорецот кон Европа“ на Петар І, бисерот  на руската  уметност, каде што  можете да ги   разгледате многуте неверојатни  фонтани, паркови и дворци, кои што се изградени  почетокот  на ХVІІІ век., за да бидат конкуренција  на архитектурата   и блескавиот живот во дворецот во Версај и да покажат на европските  кралски фамилии, дека  може да се рамнат со  нивните најдобри . Бившата летна резиденција на руските царови се наоѓа на 30 км од Санкт Петербург, на Балтичкото море и зазема плоштина от 1200 хектари, со 66 фонтани и 39 позлатени статуи. Попладне  посета на Царское село и Дворецот на Екатерина Велика /доплаќање 60 евра/. Дворецот се наоѓа  во  денешниот град Пушкин  на 25 км. од Санкт Петербург. Во историјата и архитектурата на дворецот се одразени  архитектските  тенденции од сите епохи, коишто ги е преживеал дворецот, како  и личните  страсти  на руските владетели. Тука се наоѓа  и Килибарната соба  – соба, целосно  обликувана со  килибарни панели со златен прорез  и огледала. Поради  својата убавина  некогаш  е била нарекувана „Осмото чудо на светот“. Вечера. Ноќевање.

6 ДЕН- Ран појадок. Заминување  за Талин. По ручекот  слободно време или туристичка обиколка на Талин со локален водич во историскиот  центар на градот – главниот  и нај-голем град на Естонија, кој што се наоѓа на јужниот брег на Финскиот залив. Град, кој е познат  со својот скандинавски изглед  и архтектура. Градот е создаден  во XIII век и е бил под  власт  на швеѓани, данци, руси. Стариот град е во списокот  на Светското културно наследство на УНЕСКО – средновековни цркви, готски  катедрали, замоци. Гратскиот ѕид  и одбранбените кули; величествениот средновековен замок на ридот  Тоомпеа со кулата “Долгиот Герман”; црквата “Св.Николај”; катедралата “Св.Александар Невски”, замокот “Орлов-Давидов”; Естонскиот парламент; црквата Нигулисте, каде што се одржуваат  концерти со дувачка  музика; најстарата аптека во Европа. Попладне  заминување  од Талин за Стокхолм со круз брод  на Талинк лајн. Ноќевање  во кабини за четворица.

7 ДЕНСлободно време или туристичка  програма во Стокхолм со локален водич  на бугарски јазик  – остров Гамла Стан – срцето на стариот град со црквата на рицарите Сторкиркан и Кралскиот дворец,зградата на општината со “Златната сала”, во која што секоја година се одржува балот во чест на Нобеловите лауреати. Попладне заминување  за Малме/ Лунд. Сместување во хотел. Ноќевање.

8 ДЕНПојадок. Слободно време или  екскурзија до  Копенхаген – панорамска обиколка на градот со локален водич  на бугарски  јазик.Разглед на дворецот  Кристијанберг во кој што се наоѓа Данскиот парламент, Националната библиотека,разглед на Mраморната катедрала и плоштадот со  дворецот Амалиенберг, Кралскиот театар, Черчил парк со замокот Касталет и симболот на Данска – статуата на малата сирена, фонтаната Гифион, посветена  на “мајка Данска”, централниот  плоштад со зградата на општината и споменикот  на Андерсен. Поручек  трансфер до аеродромот  во Малме  и лет со АК „ Wizzair‘‘ во 15.50ч. Слетување  во Ниш во 18.10ч. Трансфер до Македонија.

 

Во цената е вклучено:

 – Авионски  билет Ниш – Малме – Ниш со авиокомпанијата „Wizzair ‘‘со вклучени аеродромски  такси и мал багаж /40/20/25/см.,

-Трансфер со автобус Кочани – Ниш – Кочани ; транспорт со автобус 3* по програмата,

-Објавените 7 ноќевања, пресметани  на база  кабини за 4-ца – 1 ноќевање  на бродот на „Силија Лајн“– Стокхолм-Хелсинки, 1 ноќевање  на круз брод Талинк Лајн Талин – Стокхолм, 3  ноќевања + 3 појадоци  и 3 вечери во Санкт Петербург, 2 ноќевања + појадоци  во Малме/ Лунд,  туристички водич-претставник  на фирмата за време на патувањето, медицинско осигурување.

 

 

Во цената не е вклучено:

– Обработка на документи за електронска  руска виза  на територијата на Русија – 20 евра

– Priority Boarding и багаж до 10 кг./55/40/23/см. – 15 евра во еден правец, дополнителен до 20 кг.- 40 евра во еден правец

– доплаќање за медицинско осигурување  за лица над 65 г. – 25 лв.

– Организираните разгледи  во програмата:

– обиколка на Стокхолм со локален водич – 20 евра

обиколка на Хелсинки со локален водич – 20 евра

– обиколка со локален водич  во Санкт Петербург – 20 евра

– посета на Ермитаж – со вклучен влез  и организација на екскурзијата – 60 евра

– посета на Нижниј Парк + Петродворец – со вклучен  влез  и организација на екскурзијата – 70 евра

– посета  на Царское село +  дворецот на Екатерина Велика – со вклучен  влез  и организација на екскурзијата – 70 евра

– Обиколка со локален водич  во Талин – 20 евра

– Полудневна екскурзија до Копенхаген с локален водич  на бугарски  јазик – 50 евра

– Доплаќање  за  човек за двојни кабини Стокхолм – Хелсинки и Талин – Стокхолм – 80 евра за двата брода за човек.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Внесете коментар!
Внесете го вашето име тука