ПОРТУГАЛИЈА И АНДАЛУЗИЈА

 ДАТА:02.03.2020г.

Цена: 580 еур./35 960 ден.

(Цената важи за уплата до 30.11.2019)

 

МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА 6 РАТИ  ( 5994 ден. )

1 ДЕН (02.03.) : Лет од Софија до Мадрид во 16.55 ч. со АК ”Ryanair”. Слетување на аеродромот во Мадрид  во 19:45. Трансфер до хотелот.Сместување.  Ноќевање.

2 ДЕН: (03.03) Појадок. Tуристичка програма во Мадрид – прошетка и обиколка со разгледување на прекрасните плоштади “Плаза Мајор”, “Дел Сол” и “Шпанија” со Споменикот на Сервантес, Кралскиот дворец, градините на Сабатини и др. Патување за Лисабон. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ДЕН: ( 04.03.) Појадок. Слободно време или по желба претпладне  еднодневна екскурзија до Синтра, Ешторил, Кашкајш и Кабо да Рока. Синтра се смета за една от најдобрите туристички дестинации на Португалија – многу замоци, аристократски дворци, споменици и воодушевувачка прекрасна природа. Можност за посета на дворецот „Кинта да Регалеира“(UNESCO) – комплекс от 5-катен дворец, прекрасен парк со езера, пештери, извори и фонтани, одамна предпочитано место от португалските кралеви и англиските благородници. Ешторил – тропска  градина,која се наоѓа  на брегот на морето. Кашкајш – типично рибарско селце, кое е претворено во прекрасно морско туристичко место,на брегот на којшто се наоѓа Устата на пеколот – впечатлива скалеста провалија, во која потонуваат морските води. Градовите се населени со  многу благороднички семејства од европските земји по време на Втората Светска Војна, чиишто имоти са заштитени и до денес. Продолжуваме за Кабо да Рока -најзападната точка на Европа. Попладне туристичка програма во Лисабон за разгледување на Океанариумот, плоштад Росио, стариот и живописен квартал – Алфама, кулата Белем, црквата на манастирот Жеронимос со гробот на Васко де Гама, Музејот на кочиите и др.  Враќање во хотелот. Ноќевање.

4 ДЕН (05.03)Појадок. Слободно време или по желба претпладне полудневна екскурзија до Фатима популарна  дестинација за верниците от цел свет кои што сакаат да се поклонат . Попладне  враќање во Лисабон и патување за Алгарве. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

5 ДЕН (06.03)– Појадок. Слободно време или еднодневна екскурзија до Лагуш и нос Свети Винсент. Меѓу 1576 и 1756 г. Лагуш е бил главен град на Алгарве. Зад  ѕидините  ќе го  посетиме Главниот плоштад, каде се наоѓал пазарот за робови – првиот таков во Европа. Посета на Црвените скали, каде што морските пештери се скриени од секој  поглед и создаваат контраст со кристално зелената вода. Патување за Сагреш, најјугозападната точка на Европа, која се наоѓа веднаш до брегот на морето. Посета на нос Свети Винсент – свето место, каде што земјата завршува и започнува морето. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

6 ДЕН (07.03.) – Појадок. Заминување за Севиља. Туристичка програма во градот романтичното срце на Шпанија и домот на Кармен и Дон Жуан, главниот град на Андалузија, кој се наоѓа на плодородна рамнина на левиот брег на реката Гуадалкивир. Разгледување на плоштадот Шпанија, Катедралата – најголемата готска катедрала во светот,која ги  носи белезите на двете култури – христјанската и муслиманската, паркот Марија Луиза и др. Слободно време. Попладне заминување за Коста дел Сол. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

7 ДЕН ( 08.03) – Појадок. Полудневна екскурзија до Малага – град, основан от финикијците и едно од најстарите средоземноморски пристаништа. Слободно време. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

8 ДЕН ( 09.03.)- Појадок. Заминување. Попладне кратка прошетка во Кордоба- уникатен град, познат со својата архитектура – симбол на арапската и еврејската култура. За време на турата се посетува големата џамија, позната като “Мескита” – главната забележителност во градот, красноречив пример за мавританска и ренесансна архитектура; Еврејскиот квартал и Римскиот мост. Доцна попладне трансфер до Мадрид за летот до София со АК ‘’Ryanair” во 20.20ч. Слетување во Софија во  00.50ч.

Во цената е вклучено:

  • Авионски билет Софија – Мадрид – Софија со АК „Ryanair” со вклучени аеродромски такси и мал багаж/ 40/20/25 см.
  • Трансфери по програмата
  • 7 ноќевања со појадоци и 4 вечери во двокреветни или трокреветни соби, хотели 3 ѕвезди од којшто: 1 ноќевање со појадок во околината на Мадрид, 2 ноќевања со појадоци во Лисабон, 2 ноќевања со појадоци и вечери во Алгарве, 2 ноќевања со појадоци и вечери во Коста дел Сол.
  • Водич – представник на фирмата туроператор
  • Патничко осигурување

 

Во цената не е  вклучено:

–     Голем багаж до 10 кг./55/40/20/см. – 15 евра во еден правец

–     дополнителен до 20 кг.- 40 евра во еден правец

  • Еднодневна екскурзија до Синтра, Ешторил и Кашкајш, Кабо да Рока и Лисабон – 50,00 евра
  • Полудневна екскурзија до Фатима – 30,00 евра
  • Еднодневна екскурзија до Лагуш – 40,00 евра
  • Вечери во Лисабон – 40 евра
  • Влез за објектите кои што ќе се посетуваат
  • Дополнително патничко осигурување за над 65г. – 15 лв.
  • Откажување на патување – 50 лева
  •  Сместување во еднокреветна соба– 200 евра
СПОДЕЛИ
Претходна понудаSaraevo
Следна понудаPortugalija – Andaluzija – Maroko

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Внесете коментар!
Внесете го вашето име тука