ОДЕСА – КИЕВ ЗА 8 – МИ МАРТ

 

                                                            Дата: 07.03.2020г.                                                             

 Цена: 191 еур.(11 850 ден.)

Можност за плаќање на рати

 

1.ден-Трансфер од Кочани до Автобуска станица Софија. / Тргнување од Софија ,и патување преку Романија и Молдавија.

2.ден-Утрото пристигнување во Одеса – бисерот на украинското Црноморие со најпознатото пристаниште.Сместување во хотел /по можност и готовност на хотелот/.Слободно време или туристичка програма со локален водич на руски јазик /доплаќање 10 евра/ – Административниот центар – кој што се наоѓа на Приморскиот булевар и е еден од најубавите делови од овој град,каде што од  морското пристаниште се спуштаат скалите и споменикот на “Битката на Потемкин”, ул. Дерибасовска, Приморскиот булевар, дворецот на Грофот Воронцов и споменикот  на херцогот ди Ришело и Екатерина Велика, Националниот Театар за Опера и Балет, Археолошки музеј на Одеса. Околу 13.00ч. сместување во хотел. Попладне по желба тура до „Одеса – градот на различните религии” /се доплаќа 15 евра – вклучено е и транспорт и локален водич  на руски јазик/ – посета и разглед со професионален водич на храмовите и знаменитостите,кои што ја претставуваат религијата и културата на одделните народи, кои оставиле трага во развојот на градот – Ерменската црква, Арапскиот културен центар, Синагогата, Грчката црква, Католичкиот и Лутерански храм и Катедралата на Одеса /Преображенскиот храм/ – најголемиот православен храм во градот со близу 3 вековна историја. Вечерта можност за ВЕЧЕРА ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ НА ЖЕНАТА – 8 МИ МАРТ во ресторан со национална кујна и жива музика /се доплаќа  30 евра, вклучено е  богато мени, 1 безалкохолен  и 1 алкохолен пијалок/. Ноќевање.

 3.ден-Појадок. Слободно време или по желба посета  на катакомбите во Одеса /се доплаќа  20 евра – вклучува и  транспорт, локален водич  на руски јазик и влез ; траење – околу 3 часа/ – претставуваат мрежа од подземни тунели, бункери, пештери и лавиринти. Голем дел од нив се поранешни каменоломи, кои се изградени во првата половина на 19в. во времето на интензивното градење на Одеса като богат извор  на градежен  материјал. Денес должината на катакомбите во Одеса се протегаат приближно  на 2,5 илјади километри. По ручекот по желба посета и разгледување на Националниот Театар во Одеса за Опера и балет и музејот на театарот /се доплаќа 20 евра– вклучен е влез и туристичка програма/ – најстариот театар во Одеса, изграден во необарок стил во 1887 година по проект на виенските архитекти Фердинанд Фелнер и Херман Хелмер, кои  ги  проектирале зградите на театрите во Виена, Будимпешта и другите европски градови. Во 14.00ч. заминување за Киев. Вечерта сместување  во хотел.Ноќевање.

 4.ден-Појадок. Слободно време или  панорамска обиколка на Киев со локален водич на руски јазик /се доплаќа 15 евра/ во програмата е вклучено посета на една од најживописните улици на Киев – „Андреевскиј спуск”, на која  се наоѓаат  Андреевската црква, Дом Орлова, Контрактовиот плоштад, црквата на Успение Богородично„Богородица Пирогошта”, Гостинскиј двор, Киево -Магилјанската академија, Речната станица. Прошетка по Михајловскиот плоштад и разглед на Михајловски – Златоверхиј манастир, споменикот на кнегињата  Олга, споменикот  на Богдан Хмелницки, Софискиот собор /УНЕСКО/, ”Золотие ворота”, Националниот оперен театар носејќи го името на познатиот украински поет Тарас Шевченко и неговиот споменик, главниот кампус на Универзитетот. Слободно време за прошетка по најпознатата трговска улица на Киев – Хрештатик. Попладне посета со локален водич  на Националниот  Киево – Печорски архитектонски  комплекс „Лавра” (УНЕСКО) времетраење 2 и пол часа  – еден от најстарите пештерни манастири, посветен на Св. Богородица, кој се наоѓа на брегот на реката Днепар. Комплексот зазема плоштина од околу 28 хектари, со повеќе од 100 архитектурни споменици. Разделен е на два дела: Долна и Горна Лавра. Тука се наоѓаат и  светите  мошти на многу светци и монаси ( се доплаќа 15 евра со вклучен вле). Ноќевање.

5.ден–Појадок. Слободно време или претпладне  екскурзија со бродче по реката. Днепар. По ручекот  трансфер до аеродромот. Лет со АК ”Ryanair” Киев – Софија  во 13:45ч. – 15:40ч.

 

Во цената е вклучено:

-авиобилет Киев – Софија со АК ”Ryanair” со вклучени аеродромски  такси и мал багаж/ 40/20/25см.,

-транспорт со високотуристички автобус 3*,

-1 ноќевање со појадок  во Одеса во хотел 3*, 2 ноќевања  со појадоци  во  Киев во  хотел 3* во двојна  или тројна соба, туристички претставник  на фирмата за време на патувањето.

 

Во цената не е вклучено:

-панорамска обиколка на Одеса со локален водич – 10 евра;

-празнична вечера за 8ми март во ресторан со национална кујна и музика на живо – 30 евра /вклучува богато мени, 1 безалкохолен и 1 алкохолен пијалок/;

-прошетка до  катакомбите на Одеса – 20 евра /вклучено е  транспорт, локален водич на руски јазик и влез/; прошетка до  „Одеса – град на различните религии” – 15 евра;

– посета на Националниот  Театар во Одеса за Опера и балет и музејот на театарот – 20 евра;  панорамска обиколка на Киев со локален водич– 15 евра,

-посета со локален водич  на Националниот  Киево-Печорски комплекс „Лавра” –15,00 евра,

-сместување  во единична соба –50 евра.

-патничко осигурување.

СПОДЕЛИ
Претходна понудаAndaluzija i Madrid
Следна понудаBrisel-Pariz-Zeneva-Milano

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Внесете коментар!
Внесете го вашето име тука