НОВА ГОДИНА – МАРМАРИС

28.12.2019 – 02.01.2020

(5 дена / 4 ноќевања)

 

 

ПРОГРАМА

 

1 ден – Тргнување од Кочани во 06:00 часот. Организиран трансфер од Куманово, Скопје, Велес, Овче Поле, Штип, Крупиште, Струмица, Радовиш, Делчево, Каменица. Патување кон Мармарис со попатни паузи и царински формалности.

2 ден – Преминување на Дарданелите со фериброт: Галиполи – Лапески или Еджеабар – Чанаккале. Попладне пристигнување во Мармарис. Сместување во хотел. Слободно време. Вечера. Ноќевање.

3 ден – Слободно време или по желба екскурзија до островот Родос со катамаран (со доплата). Престој на островот и можност за самостојна прошетка во стариот дел на градот и разглед на Витешката улица и Музејот на Родос. Враќање во хотелот околу 18:30. Ноќевање

4 ден – Слободно време или по желба сафари – комбинирано патување со џипови (со доплата). Враќање во хотелот. По желба празнична Новогодишна вечера (со доплата). Ноќевање.

5 ден – Слободно време или еднодневна екскурзја по реката Далјан (со доплата). Пауза од околу 1 час на плажата Изтузу, каде живеат желки од видот Карета – кои се во изумирање. За време на патувањето со бротче по реката, во градот Каунос,  можете да ги видите  гробниците на ликејските кралеви (IV век п.н.е). Близу до рибарската населба Далјан се наоѓа природен базен чие дно е прекриено со лековита кал. Легендата вели дека водата и калта имаат необични својства, со кои се лекуваат многу кожни болести. Враќање во хотелот. Ноќевање.

6 ден – Напуштање на хотелот. Заминување за Македонија.

 

Цена: 320 €  (19.840 денари)

 

 

Во цената е вклучено:

  • 4 ноќевања на база All Inclusive во Blue Bay Platinum 5* (појадок, ручек, вечера, ужина на шведска маса, неограничени локални алкохолни и безалкохолни пијалоци)
  • Превоз со високотуристички автобус
  • Новогодишна вечера со богато мени, неограничена консумација на локални алкохолни и безалкохолни пијалоци
  • Туристички придружник

 

Во цената не е вклучено:

  • Екскурзија до островот Родос – 50 евра
  • Џип сафари, со вклучен ручек – 26 евра
  • Екскурзија по реката Далјан, со вклучен ручек – 30 евра

 

 

 

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Внесете коментар!
Внесете го вашето име тука