СКАНДИНАВИЈА

        КОПЕНХАГЕН – ОСЛО – СТОКХОЛМ – ХЕЛСИНКИ

 

17.11.2019

 

 

1 ДЕН – Лет од Ниш за Берлин Шенефелд во 16:10 со АК “Ryanair“ . Во 18:15 слетување во Берлин. Пречек на аеродромот во Берлин. Сместување во хотел. Ноќевање.

 

2 ДЕН – Појадок. Туристичка програма во Берлин – улицата на липите со најпознатите симболи на Берлин – Бранденбурската порта, Рајхстагот и Споменикот на победата. Заминување за Рошток. Сместување во хотел. Ноќевање.

 

3 ДЕН – Рано наутро во 04:00 испловување за Данска со фериброт од Рошток за Гедсер. Во 08:30 пристигнување во главниот град на Данска – Копенхаген. Панорамски разглед на градот /2h 30min/ со локален водич (доплата 20 евра). Пауза кај дворецот Кристијанборг, кој е седиште на Данскиот парламент, Националната библиотека, пауза кај Мермерната катедрала и плоштадот со дворецот Амалиенборг, Кралскиот театар, паркот Черчил со замокот Касталет и симболот на Данска – статуата на малата сирена, фонтаната Гифион, посветена на “мајка Данска“, централниот плоштад со Општината и споменикот на Андерсен. Во 15:30 заминување кон пристаништето. Качување на крузер на компанијата DFDS за Норвешка. Ноќевање во кабини за четворица, ниво 2.

 

4 ДЕН – Во 09:30 наутро пристигнување во главниот град на Норвешка – Осло. Панорамски разглед на градот во 10:00 со локален водич (допчата 20 евра) – Кралскиот дворец, централната улица “Карл Јохангате“, Општината, каде што се доделува Нобеловата награда за мир, скулптурите на Вигеланд во паркот Фрогнер. Рано попладне заминување за шведската престолнина Стокхолм, позната како „Северна Венеција“. Ноќевање по патот за Вастерас или во реонот на Стокхолм.

 

5 ДЕН – Појадок. Програма во Стокхолм со локален водич (доплата 20 евра) – островот Гамла Стан – срцето на стариот град со црквата на витезите Сторкиркан и Кралскиот дворец, Општината со “Златната сала“, во која секоја година се одржува бал во чест на Нобеловите лауреати, и неповторливата панорама на градот. Во 15:00 заминување кон пристаништето Вартан. Во 16:45 заминување кон финскиот главен град – Хелсинки со најголемиот 14 катен крузер на “Силја лајн“, долг 203м., кој располага со караоке бар, базен, сауна, казино, free shop, дискотека и огромен трговски центар. Ноќевање на крузерот во кабини за четворица, ниво 2.

 

6 ДЕН – Околу 10:00 пристигнување во Хелсинки – град обиколен со вода од три страни, чиишто жители се сметаат за едни од најобразованите и со најдобар живот во светот. Панорамски разглед 10:30 – 12:30 со локален водич (доплата 40 евра) – се резервира во туристичката агенција – со впечатливата зграда на Финскиот парламент и руската православна катедрала, Камената црква и споменикот на Сибелиус. Заминување назад за Стокхолм. Ноќевање на бродот на Силја лајн, ниво 2.

 

7 ДЕН Пристигнување во Стокхолм во 09:30. Посета на музејот “Васа“ во кој е кралскиот воен брод или етнографскиот комплекс “Сканзен“. Попладне, трансфер до аеродромот Стокхолм Скаваста и лет до Ниш со АК “Ryanair“ во 16:50. Во 19:35 слетување во Ниш.

 

Цена: 270 евра

Во цената е вклучено :

  • Авионски билет Ниш – Берлин, Стокхолм – Ниш со АК “Ryanair“ , со вклучен багаж од 10 кг со димензии 40/30/20 см.
  • Превоз со автобус 3*
  • Објавените 6 ноќевања, вкалкулирани на база на кабини за четворица, двокреветни соби
  • 1 ноќевање со појадок во реонот на Берлин
  • 1 ноќевање со појадок во Рошток
  • 1 ноќевање на крузерот на компанијата DFDS за Норвешка во кабини за 4-лица, ниво 2
  • 1 ноќевање со појадок по патот за Вастерас или во реонот на Стокхолм во хотел 2/3*
  • 2 ноќевања на ферибродот на “Силја лајн“, Стокхолм – Хелсинки – Стокхолм, во кабини за 4-лица, ниво 2

 

 

Во цената не е вклучено:

 

  • Ферибротни, патни и пристанишни такси – 40 евра (ЗАДОЛЖИТЕЛНА ДОПЛАТА)
  • Влезници за посетените локалитети
  • Екскурзии во програмата (се плаќаат пред патувањето) :
    • Екскурзија Хелсинки со локален автобус и водич – 40 евра
    • Разглед на Копенхаген со локален водич – 20 евра
    • Разглед на Осло со локален водич – 20 евра
    • Разглед на Стокхолм со локален водич – 20 евра
  • Доплата за двокреветна кабина на бродот Данска – Норвешка – 35 евра по лице / трокреветна кабина – 15 евра по лице / еднокреветна кабина – 120 евра
  • Доплата за двокреветна кабина Стокхолм – Хелсинки – Стокхолм – 45 евра по лице / трокреветна кабина – 15 евра по лице / еднокреветна – 135 евра
  • Трансфер Кочани – Ниш, Ниш – Кочани

 

 

ЦЕНАТА НА ТРАНСФЕРОТ ЗАВИСИ ОД БРОЈОТ НА ПРИЈАВЕНИ ПАТНИЦИ

МИНИМАЛЕН БРОЈ НА ПАТНИЦИ ЗА РЕАЛИЗИРАЊЕ НА ПАТУВАЊЕТО – 40

Резервацијата и плаќањето на дополнителните настани и екскурзии е минимум 14 дена пред датумот на патувањето.

Неопходно е  – валиден пасош.

Краен рок за откажување на патувањето, при недоволен број на патници е 7 дена пред датумот на патувањето

ПРОГРАМАТА Е ПРЕЛИМИНАРНА, КОМПАНИЈАТА ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО НА ПРОМЕНА НА АРАНЖМАНОТ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Внесете коментар!
Внесете го вашето име тука