НОВА ГОДИНА – ИСТАНБУЛ

 

28.12.2019-02.01.2020

 

3 ноќевања со Новогодишна гала вечер на брод !

 

 

1 ден/ 28.12.2019    Тргнување од Кочани во 16:00 часот. Организиран трансфер од Куманово, Скопје, Велес, Штип, Крупиште, Овче Поле, Струмица, Радовиш, Делчево, Каменица. Возење до Истанбул со попатни паузи и царински формалности. 

2 ден/ 29.12.2019    Пристигнување во Истанбул. ГРАТИС! Пешачка прошетка (со локален водич) во историскиот центар на градот – Сината џамија (однадвор), плоштадот “Хиподром“ со Египетскиот обелиск, Змијовидниот столб, Фонтаната на Вилхелм II, византиската базилика „Св. Софија“ (однадвор), Топ Капи Сарај (дворецот на султаните од Османската династија – однадвор). Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден/ 30.12.2019    Појадок. Во 09:30 часот можност за дополнителна екскурзија до трговската улица “Истиклал“ (со доплата), Искачување до почетокот на Истиклал со историската подземна жичара, најстарата во континентална Европа, отворена во далечната 1875 г. Следи разглед на средновековната кула Галата. Прошетка во реонот Пера, познат по старите згради, во кои денес се сместени одлични ресторани и барови. Слободно време или по желба посета на Музејот на Мадам Тисо. Екскурзијата завршува на плоштадот Таксим – срцето на модерниот Истанбул. Враќање до хотелот. Попладне посета на WATERGARDEN ISTANBUL, каде ќе го погледнете светлечкото шоу на распеаните фонтани. Базенот е сместен на површина од 5000м2 во срцето на Watergarden Истанбул и се смета за најголем базен во Европа. Слободно време за шопинг во продавниците или вечера во некои од многубројните ресторани (со доплата). Враќање  во хотелот. Ноќевање.

4 ден 31.12.2019    Појадок. Можност за прошетка со брод по Босфор, со локален водич, кој ќе ве запознае со историјата на прекрасните згради и дворци распостелени на азискиот и европскиот брег на Истанбул (со доплата). Следува посета со локален водич на дворецот “Долмабахче“ – најголемиот дворец во Турција (основната заграда е 45 000м2) и еден од највпечатливите со своите украси, изобилие од злато и кристали. Името на дворецот означува “Пополнета градина“, а причината е поради тоа што до 17 век на тоа место е имало залив на Босфорот, кој постепено бил пополнуван со земја и се претворил во една од најраскошните градини во империјата. Од Долмабахче е управувана Османлиската империја од 1856 до 1922 г. Во републиканскиот период била резиденција и последен дом на основачот на современата турска република – Мустафа Кемал Ататурк. Враќање во хотелот и слободно време. Дочек на Нова година на брод по Босфорот / ресторанот на бродот е на еден спрат, со добар поглед од сите маси кон подиумот/. Ноќевање

5 ден 01.01.2020    Појадок. Напуштање на хотелот до 12:00 часот. Тргнување кон Македонија. Попатна посета и слободно време (околу 2 часа) во трговскиот центар “Forum”. Таму се наоѓа аквариумот “Туркоазу“, сместен на површина од 8000м2 со еден од најголемите подземни водни тунели, во кои посетителите уживаат во панорама од 270 степени и имаат чувство како да пливаат меѓу водните жители (доплата за билет за аквариумот). Заминување за Македонија.

6 ден 02.01.2020 Пристигнување во Македонија

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

195 € – хотел со 3* (3 BB)

240 € – хотел “Holiday Inn” 5* (3 HB)

 

 

Во цената е вклучено:

  • превоз со автобус
  • 3 ноќевања со појадок во хотел со 3 * (Kucuk Sahinler / Kecik / Grand ons / Version / Buyuk Keban) или 3 ноќевања со појадок и вечера во хотел “Holiday Inn“ 5*
  • пешачка прошетка на историскиот центар со локален водич
  • трансфер од хотелот до бродот и назад за новогодишната ноќ
  • Новогодишна гала вечер на брод по Босфорот со вклучени неограничени локални алкохолни (без виски) и безалкохолни пијалоци и програма со DJ
  • Посета на трговскиот центар “Forum“, аквариумот “Туркоазу“ (без вклучена влезница за аквариумот)
  • сите патни и магистрални такси
  • туристички придружник.

Новогодишна вечер : Очекувајте наскоро информации за бродот, менито и сликите.

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Патничко осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба –60 €.
  • Попуст за дете до 12 години во соба со двајца возрасни – 59 €
  • Факултативни екскурзии и посети

Факултативни екскурзии и посети на туристички и други објекти:

  • Посета на црквата “Св. Софија“ (или дворецот “Топкапи“) – 25 €
  • Екскурзија до дворецот “Долмабахче“  – 20 €
  • Крстарење по Босфор – 15 €
  • Екскурзија до трговската улица Истиклал, кулата Галата и плоштадот Таксим – 19
  • Посета на WATERGARDEN ISTANBUL –10 €
  • Трошоци од личен карактер и бакшиши

 

Дополнителни информации за екскурзиите:

 

Панорамски разглед, бесплатно (околу 2 часа). Се разгледуваат Сината џамија, црквата “Св. Софија“ – однадвор, дворецот Топкапи – однадвор, Египетскиот обелиск, столбот на Константин, Змијовидниот столб, фонтаната на Вилхелм II

Екскурзија до дворецот „Долмабахче”, (околу 2 часа). Во цената е вклучено: транспорт, локален туристички водич, влезници за Долмабахче (без харемот), патни такси.

Крстарење по Босфор (околу 1час). Цената вклучуватрансфер од хотелот и обратно, водич, крстарење со брод. Воодушевувачко патување со локален водич и можност да ги видите прекрасните пејзажи и згради, познати по телевизискиот екран.

Црквата “Св. Софија“  (околу 2 часа). Цената вклучуватранспорт, водич, влезна такса за “Света Софија“

Екскурзија до дворецот “Топкапи“ (околу 2 часа). Цената вклучува: транспорт, водич,влезни такси.

Екскурзија до трговкста улица Истиклал, кулата Галата и плоштадот Таксим (околу 4 часа). Цената вклучува: влез за Галата, билет на жичарницата и за метрото и водич. Не е вклучена влезница за музејот на Мадам Тисо.

Посета на Water Garden Istanbul (околу 4 часа). Цената вклучува:  транспорт и водич. Новата атракција на Истанбул Water Garden е сместена во азискиот дел на градот и нуди водено ласерско шоу, тематски ресторани и многу забава за мали и големи.

  • Редоследот на екскурзиите објавени во програмата не се гарантира и може да биде променет во зависност од работното време на историските објекти и сообраќајот во Истанбул.
  • Дополнителните екскурзии се резервираат и плаќаат на лице место во Истанбул на претставникот на партнерската фирма

Услови за плаќањеРезервација се прави со плаќање на депозит од 30%, и склучен договор за организиранот патување

  • Плаќањето на остатокот од сумата се врши не покасно од 10 дена пред датумот на тргнување

Такса за откажување на резервацијатаКазните, кои произлегуваат од окажувањето на патувањето од страна на туристите, независно од причините, се следните: од денот, следниот ден од запишувањето до 30 дена пред заминувањето – 50% од основната цена на аранжманот, од 29 ден до денот на заминувањето – 100% од цената на аранжманот.

Минимален број на патници за реализирање на екскурзијата: Сите автобуски екскурзии се со  минимум 45 туристи.

  • Во случај да минималниот број на патници за реализирање на екскурзијата не е достигнат, туристичката агенција може да го откаже патувањето и да ги врати уплатените средства на патниците без дополнително обештетување.
  • Туристичката агенција е должна да ги извести патниците за откажувањето на екскурзијата.

 

 

 

СПОДЕЛИ
Претходна понудаMarmaris
Следна понудаIstanbul

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Внесете коментар!
Внесете го вашето име тука