8ми декември

– ИСТАНБУЛ –

05.12-09.12.2019

 

І-ви ден  (05.12.2019)

Тргнување од Кочани во 16:00 часот. Организиран трансфер од Куманово, Скопје, Велес, Штип, Крупиште, Овче Поле, Струмица, Радовиш, Делчево, Каменица. Возење до Истанбул со попатни паузи и царински формалности

ІІ-ри ден (06.12.2019)

Пристигнување во Истанбул, сместување во хотел (доколку е возможно). Панорамско разгледување на Истанбул (по желба, со дополнителна доплата со локален водич). Се разгледуваат: Сината џамија (однадвор), плоштадот “Хиподром“ со Египетскиот обелиск, Змијовидниот столб, Фонтаната на Вилхелм II, византиската базилика “Св. Софија“ (однадвор), Топкапи (дворецот на султаните од Османлиската династија – однадвор).

Трансфер и посета на “Црквата на првиот број“, како што ја нарекуваат повеќето луѓе или црквата со клучевите која ја посетуваат илјадници луѓе од целиот свет на секој први во месецот. До влезот на црквата тие си купуваат таканаречени “сребрени“ и “златни“ клучеви, кои ги симболизираат желбите на луѓето. Со тие клучеви симболично се отклучуваат иконите во црквата и луѓето си замислуваат желби. Некои од посетителите влегуваат во подземната крипта за да земат од светената вода од малиот извор, другите пак стојат и чекаат да добијат благослов од православен свештеник и ги осветуваат своите клучеви. Условот е ако се исполни желбата на некој, тој треба да го врати клучот во црквата – повторно на првиот ден од месецот и може да си земе нов клуч со нова желба. А луѓето кои ги враќаат клучевите се стотици!

Заминување кон азискиот дел и посета на дворецот “Бејлербеј“. Султанскиот дворец е меѓу најпознатите знаменитости на Истанбул. Исклучителниот дворец низ годините е користен како летна резиденција, заради свежината и глетките кон Босфорот. Величествениот замок е изграден во 60-те години на 19 век во француски необарокен стил. Архитекти на замокот се браќата Балјан. Тие успеваат да го додадатспецифичниот ориенталски стил на зградата. Создавањето на замокот е по идеа на султанот Абдулазиз. Над пет илјади работници и четири години се биле потребни за издигнувањето на дворецот покрај Босфорот. Враќање во хотелот. Ноќевање.

ІІІ-ти ден  (07.12.2019)

Појадок. По желба крстарење со бротче по Босфорот од околу 1 час – едно од најпрекрасните доживувања во Истанбул. Поминувајќи под двата моста на Босфорот, бротчето плови покрај Европскиот и Азискиот брег. Прекрасната панорама ни ги претставува султанските дворци како Долмабахче сарај, Чираан палас, Бејлербеј и др., тврдините Румели хисар и Анадолу хисар, прекрасните куќи од популарните турски серии.

Можност за разглед на Египетскиот пазар и најголемата џамија “Сулејмание“ во Истанбул. Изградена од големиот архитект Синан во чест на Султанот  Сулејман Величествениот, џамијата го одзема здивот со својата големина и раскош. Таму се наоѓаат гробниците на султанот Сулејман, неговата љубена Роксалана и на прочуениот архитект Мимар Синан.

Прошетка до кулата Галата, која датира од 6-ти век од новата ера, се наоѓа помеѓу теснецот и Златниот рог и е последната точка на пешачката улица Истиклал.

По завршувањето на програмата, оние кои сакаат можат да останат во реонот Таксим и да прошетаат по продавниците  и рестораните на најпознатата трговска улица. Враќање во хотелот.

Вечерта по желба посета на WATERGARDEN ISTANBUL – каде, слично на Дубаи, ќе го погледнете светлечкото шоу на распеаните фонтани. Исклучителна кореографија на вода, светло, ласерски ефекти и музичко шоу. Базенот кој се наоѓа на површина од 5000м2 во срцето на Watergarden Istanbul се смета за најголемиот базен во Европа. Слободно време за шопинг во продавниците или вечера во некој од многубројните ресторани наоколу. Враќање во хотелот. Ноќевање.

ІV-ти ден    (08.12.2019)

Појадок. Напуштање на хотелот до 12:00 часот. Тргнување кон Македонија. Попатна посета и слободно време (околу 2 часа) во трговскиот центар “Forum”. Таму се наоѓа аквариумот “Туркоазу“, сместен на површина од 8000м2 со еден од најголемите подземни водни тунели, во кои посетителите уживаат во панорама од 270 степени и имаат чувство како да пливаат меѓу водните жители (доплата за билет за аквариумот). Заминување за Македонија.

V-ти ден. (09.12.2019)

Пристигнување во Македонија.

 

Цена на аранжманот: 4900 денари

 

Цената вклучува:

  • превоз со лиценциран автобус
  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Истанбул
  • туристички придружник
  • посета на трговскиот центарот – Forum
  • Посета на Хиподромот со локален водич
  • Посета на Сината џамија со локален водич

Цената не вклучува:

  • Панорамски разглед на градот со трансфер и посета на „Црквата на првиот број“ со локален водич – 15 €
  • Крстарење по Босфор – 15 €
  • Посета на дворецот “Бејлербеј“ со локален водич – 25 €
  • Посета на дворецот “Долмабахче сарај“ со локален водич – 20 €
  • Посета на Watergarden Istanbul, сместен во азискиот дел – 10 €
  • Традиционална турска вечера – 25 €

 

*Сите факултативни екскурзии се прават со минимум од 25 лица. Тие се резервираат и плаќаат во канцеларијата на агенцијата пред патување.

!!! Часовите за посета на локалитетите се ориентираат и зависат од сообраќајот во градот.

 

Дополнителна информација:

*Неопходни податоци за резервација: Име и презиме  и број на пасош

*Неопходни документи за патување: меѓународен пасош со важност од минимум 180 дена.

*Туристичката агенција не сноси одговорност и не рефундира суми на туристи на кои им е забранет пристапот до соодветната држава поради: забрана за напуштање на земјата, невалиди (заборавени) документи, други причини кои не зависат од туроператорот.

*Патувањето може да се реализира само доколку има пријавено минимум 45 патници. Во рок од 7 дена пред датата на тргнување патниците ќе бидат известени доколку тој број не е соберен, односно дека патувањето нема да се реализира.

*Начин на плаќање: во кеш или преку жиро сметка. Депозит 30% од стандардните цени на понудата. Доплата за целиот аранжман 10 дена пред датумот на заминување!

 

Услови за плаќање:

 

  • Резервација се прави со плаќање на депозит од 30% и склучен договор за патување.
  • Плаќањето на останатиот дел од средствата се прави најдоцна 10 дена пред поаѓањето.
  • Казните, кои произлегуваат од откажувањето на патувањето од страна на туристите, независно од причините, се следните: од денот, следниот ден од запишувањето до 30 дена пред заминувањето – 50% од основната цена на аранжманот, од 29 ден до денот на заминувањето – 100% од цената на аранжманот.

 

Минимален број на патници за реализирање на екскурзијата:
Сите автобуски екскурзии се со  минимум 45 туристи.

  • Во случај да минималниот број на патници за реализирање на екскурзијата не е достигнат, агенцијата може да го откаже патувањето и да ги врати упатените средства на патниците без дополнително обештетување.
  • Агенцијата е должна да ги извести патниците за откажувањето на екскурзијата.

 

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Внесете коментар!
Внесете го вашето име тука