Грузија во есен – неопислива бајка

08 – 12 Октомври

Кутаиси-Батуми-Мсхета-Тбилиси-Ананури-Гергети-Казбег

Грузија (грузиски: საქართველო / Сакартвело) е држава во Источна Европа. На запад, Грузија излегува на Црното Море, на север граничи со Русија, на југ со Турција и на исток со Азербејџан. Вкупната површина на Грузија изнесува околу 69.000 километри квадратни со население од околу 4.385 милиони жители. Главен град на државата е Тбилиси, додека официјален јазик е грузискиот јазик.

Историјата на Грузија започнува уште со старите кралства Колчис и Кавкаска Иберија и таа е една од првите држави кои го прифатиле христијанството во 4 век. Својата најголема економска и политичка моќ Грузија ја стекнала под раководство на кралот Давид IV и кралицата Тамар во 11 и 12 век. На почетокот на 19 век Грузија била припоена кон Царска Русија. По кратката самостојност како Демократска Република Грузија, државата била приклучена кон СССР во 1922, за да во 1991 година повторно стане независна и суверена држава.

 

Должина на рутата: 1210 КМ
Времетраење: 5 дена

ПРЕДВИДЕНИ МЕСТА ЗА ПОСЕТА:
Град Мтскета: манастир Жвари, катедрала Светицховели
Провинција Кеви: црква “Гергети Св. Троица”, архитектонски комплекс “Анарури”, село Магароскари;
Град Тбилиси: Катедралата Св. Троица, Црквата Метехи, Тврдина Нарикала, Легвакхеви, Шардени и неговата населба, Мостот на Мирот
Имерети регион: град Кутаиси, премин Рикоти, Академија и манастир Гелати
Регион Аџара: разглед во Батуми и стариот булевар, Батумиска ботаничка градина;

Програма на патувањето:
08.10.2019 Вторник ДЕН 1: Битола-Солун-Кутаиси-Батуми

Состанок на групата на Спортска Сала во 00.30 часот. Заминување за аеродром Солун лет за Грузија во 08,35ч (грчко време). Пристигнување во аеродромот Кутаиси до 12.10 часот – втор по големина град во Грузија. Заминување за Батуми – најразвиениот туристички центар на Црно море. Сместување во хотел. Можност за прошетка по стариот булевар, разглед на градот навечер. Заедничка вечерна прошетка по градот. Слободно време за вечера. Ноќевање 1.

09.10.2019 Среда ДЕН 2: Батуми-Мтсхета-Тбилиси


Појадок во хотелот. Возење до Зелениот гребен, каде што се наоѓа Батумската ботаничка градина. Батумската ботаничка градина е уникатна по своите комбинации на видови од сосема различни климатски зони. Заминување со автобус кон источна Грузија и посета на градот Мтсхета попатно,  со локалитетите на светското наследство на УНЕСКО – манастирот на Жвари  VIII век и катедралата Светицховели од 11 век. Прошетка низ уличките наредени со продавници за шарени сувенири во градот Мцхета. Заминување за Тбилиси со попатни паузи. Сместување во хотел. Организирана  вечера во грузиски ресторан со народни изведби (вклучена во цена). Ноќевање 2.

10.10.2019 Четврток ДЕН 3: Тбилиси-Ананури-Гергети-Црквата Св.Троица – Рафтинг на реката Арагви-Тбилиси

Појадок. По појадокот заминување  на  грузискиот воен пат кон планините на Голем Кавказ. На патот застануваме во Архитектонскиот комплекс Анарури, изграден во 14-17-ти век. Комплексот се состои од утврдувања, цркви и станбени згради на локалните феудали. Од Анарури возиме  на север, го поминуваме ски-центарот Гудаури и преминот Јава (2395 м) и стигнеме до Казбег – административниот центар на провинцијата Кеви, кој се наоѓа на 1700 метри надморска височина. Од Казбеги се искачуваме до планината Гергети за да ја посетиме црквата Св. Троица во Гергети, изградена во 14 век на врвот на планината под глечерот Казбеги (5047 м). Од Гергети ја продолжуваме нашата турнеја во провинцијата Псхави со можност за факултативен  рафтинг на реката Арагви. По рафтингот организиран  пикник вечера со традиционална грузиска храна во природа.Во вечерните часови заминување за Тбилиси. Ноќевање3.

11.10.2019 Петок ДЕН 4: Разглед на Тбилиси и Кутаиси :

Појадок. Организиран разглед на градот каде ги посетуваме сите главни атракции: црквата Метехи од 13 век  која се наоѓа покрај брегот на реката Мтквари. Возење со жичара до тврдината Нарикала . Тврдината Нарикала датира од 4 век од н.е., има извонредна локација со прекрасен панорамски поглед над градот Тбилиси. Прошетка до Лагатеви – прекрасно место со водопад и мала река. Прошетка се во паркот во близина на бањите на Сулфур, добро познати по своите лековити способности кои се наоѓаат во близина, улицата Шардени и неговата населба и плоштадот Мајдан со своите отворени кафулиња, галерии и продавници за сувенири. Го преминуваме  Мостот на мирот – модерен стаклен мост во високотехнолошки стил. Слободно време на авенијата Руставели, каде што можете да ги купите сувенири и ракотворби. Предложено време за ручек. Турата продолжува кон запад преку преминот Рикоти – земјата на Златното Руно. Патување со попатни застанувања на патот: постојат локални фармерски пазари на патеката, продавајќи мед, печурки и овошје. Пристигање во Кутаиси со можност за разглед  на градот и неговата околина: Посета на  две локации од светското наследство на УНЕСКО: Гелати академија и манастирот од  12-ти  век со прекрасните мозаици внатре. Вечера во ресторан во Кутаиси (вклучена во цена)  и ноќевање во хотел во Кутаиси. Ноќевање 4.

12.10.2019 Сабота ДЕН 5: Кутаиси-Солун-Македонија
Пакован појадок за носење. Трансфер до аеродромот Кутаиси до 05:40 часот. Лет за Солун. Посета на Солун со можност за слободно време, прошетка и шопинг. Заминување  за Македонија во попладневните часови. Пристигнување во Битола во вечерните часови. Организирани трансфери по градови.


Цена на аранжманот: 619 Еур/ 38,370 денари
*Продолжен попуст целосна уплата до 20/09/2019   557Еур/34,534 денари.

ВО ЦЕНАТА НА AРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

• Организиран автобуски превоз Битола-аеродром Солун-Битола
• Авионски превоз со приоритет  Солун-Кутаиси со Wizzair (рачен багаж 55×40×23cm 10 кг + рачна торба)
• Превоз со удобен автобус за сите денови;

  • Превоз со џипови 4х4 на планината Гергети
  •  Хотелско сместување на база 4 ноќевања со појадок 
  • 1 ноќевање со појадок во хотел 3* во Батуми https://www.divan.com.tr/divan-suites-batumi/en
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Тбилиси Hotel Zeg 3*
  • 1 ноќевање со појадок   – во Кутаиси Хотел 3* Баграти 1003  

Оброци вклучени во цена:
• 4 x Појадок – на денови 2, 3, 4, 5;
• 1 x вечера во грузиски ресторан со фолклорни изведби на ден 2;
• 1 x ручек-вечера во природа  на ден 3;
• 1 x вечера во грузиски ресторани на 4 ден;
• Вода (2 x шишиња по лице дневно)
Забава и други услуги:
• Екскурзии во согласност со програмата
• Влезници во согласност со програмата
• Сите даноци и туристичка такса


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
• Виза за Република Грузија 20 УСД (не е потребна доколку поседувате валидна виза за САД, Австралија или Велика Британија)
• Патничко осигурување  360 денари
• Трансфери од останати градови во Македонија 10 Еур повратно
• Сите ручеци и вечерите на денови 1 и 5;
• Алкохолни пијалоци
• Лични трошоци
• Доплата за голем куфер 20 кг во двата правци 40 Еур
• Услуги што не се споменати во оваа програма

 

 

Copy-of-Awesome-Things-to-do-in-3 best-time-to-visit-georgia 7b02c7a3-c67e-4566-a147-cfdf3e002f60 24955105-jewelry-at-market-in-mtsheta-the-tourist-capital-of-georgia 800px COLOURBOX8638307 1010 138449345 26278016-calle-ene-shardeni-en-el-casco-antiguo-de-tbilisi-en-la-noche-del-sábado fixedw large 4x 1 great-synagogue-of-tbilisi-georgia-03 270614p 43590154-골동품-동굴-도시-uplistsikhe-조지아 270611.s 24176333254 6805e1f290 b

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Внесете коментар!
Внесете го вашето име тука