Нова година 2020: Букурешт – Синаја – Бран – Брашов – Снагов

 

1 ден: 29.12.2019 год.

Поаѓање за Букурешт од Скопје на паркингот кај хотел Вип во 15.00 часот со туристички автобус. Ноќно патување преку Софија, Русе со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден: 30.12.2019 год.

Пристигнување во Букурешт во утринските часови, главниот град на Романија, кој често го нарекуваат и Мал Париз. Патувањето продолжува со факултативна посета на Кралскиот Дворец – Пелеш, Бран и Брашов. Посета на еден од најубавите дворци во Европа, некогашна летна резиденција на Романските Кралеви и негово разгледување. Пауза за надворешен разглед и фотографирање на дворецот и околината. Патувањето продолжува за Бран со посета на Дворецот на Дракула каде ќе ја дознаете вистинската приказна за легендарниот гроф Дракула и градот Брашов кој претставува вистински музеј на отворено. Слободно време за разглед и индивидуална прошетка на стариот градски центар и посета на познатата Црна Црква од XIVвек, најголемата готска црква во југоисточна Европа. Враќање во Букурешт во вечерните часови. Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.

3 ден: 31.12.2019 год.

Појадок. После појадокот следува разгледување на Букурешт со локален водич: Парламентот и архитектонскиот комплекс Куртлија – најстариот дел од Букурешт, кој во средината на XV век го подигнал познатиот Влашки владетел Влад Тепеш – Дракула. Разглед на најпознатата улица Kalja Viktorijej на која се наоѓа Ateneum – седиштето на филхармонијата, некогашната Кралска палата, Националниот музеј за историја, Патријаршијата, Триумфалната капија. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Враќање во хотел. Вечерта дочек на Новата 2020 година на плоштад во Букурешт (превоз со автобус вклучен во цената). Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден: 01.01.2020 год.

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот. Посета на езерото Снагов и истоимениот остров на кој се наоѓа манастирот со гробот на Дракула. Се верува дека местото е полно со тајни и мистерии. Во попладневните часови поаѓање за Македонија со попатни одмори.

5 ден: 02.01.2020 год.

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

ЦЕНА: 105 евра (6.500 денари)

 

 

Во цената се пресметани следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација;
  • Сместување во хотел 2* / 3* во Букурешт на база две ноќевања со појадок;
  • Разглед на Букурешт со локален туристички водич;
  • Организација и пратител на патувањето

Во цената не се пресметани следните услуги:

  • Целодневен излет до Дворецот на Дракула, Кралскиот Дворец и Брашов (превоз + влезници за посета на Дворецот Бран) – 25 евра;
  • Влезница за посета на манастирот во Снагов – 2 евра (задолжително)
  • патничко осигурување (задолжително)

 

СПОДЕЛИ
Претходна понудаSolun – Paralia – Meteori – Voden
Следна понудаSofia

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Внесете коментар!
Внесете го вашето име тука