БРИСЕЛ – ПАРИЗ – ЖЕНЕВА- ЗАМОЦИТЕ НА ЛОАРА – МИЛАНО

 

                                          Дата – 16.04.2020г.

Цена : 31 620 ДЕН.( 510 еур.)

Можност за плаќање на рати.

 

1.ДЕН  Лет од Аеродром Софија за Брисел со авиокомпанијата ”Ryanair“ во 10.05ч. Пречекување на аеродромот од претставник на фирмата. Туристичка програма во БриселГолемиот плоштад на стариот град со куќите  на еснафите, зградата на општината, галеријата Сент Јубер, симболот на градот – Манекен Пис. Попладне заминување  за Париз. Сместување  во хотел. Ноќевање.

2.ДЕН-Појадок. Панорамска обиколка на Париз. Посета на Латинскиот  квартал со Пантеонот и Сорбоната, катедралата Нотр-Дам дју Пари, зградата на општината, градините „Тјулери”, плоштад „Конкорд”. Разглед и прошетка на  Шан Се-Елизе до Триумфалната Капија. Слободно време по разгледот на „Шан-Се-Елизе”. Вечерта изкачување на Ајфеловата кула и едночасовна прошетка по Сена со брод / 50 евра/ – однапред  пријавени и платени од Македонија при уплатата за екскурзијата . Ноќевање.

3.ДЕН-Појадок. Слободно време или еднодневна екскурзија до замокот Версај и самостојно разгледување на Лувр /се доплаќа 75 евра – вклучено е транспорт, такса за резервација,билети за влезови и водич кој што зборува на аудио слушалки,  вклучена е   такса  за влез во градините на Версајскиот дворец/ и Мон Мартр. Ноќевање.

4.ДЕН- Појадок. Заминување за прочуените Замоци во долината Лоара – најдолгата река во Франција. Посета на  замоците Блоа – најромантичниот,омилен замок на Марија Медичи , Шамбор – најголемиот, изграден по проект на Леонардо да Винчи. Заминување за Швајцарија. Пристигнување во Анимас – францускиот дел на Женева. Сместување во хотел. Ноќевање.

5.ДЕНПојадок. Претпладне програма во Женева – најкосмополитскиот  Швајцарски град, симболот на мирот- прошетка по Кејот и мостот Мон Блан, Англиската градина со впечатливиот цветен часовник – на брегот на езерото со прекрасната фонтана /140 м/ со цветниот часовник – една од забележителностите на Женева. Прошетка низ  Стариот град до величествената Катедрала Сент Пиер од 11век и Ѕидот на Реформаторите. Поручек заминување. Попладне се посетува  малото гратче Веве – ”домот на чоколадото”, кој се наоѓа на Женевското езеро, во подножјето на Својските Алпи. Пауза  и можност за фотографирање кај статуата на големиот актер Чарли Чаплин, кој живеал во Корсие-сјур-Веве од 1952 г. до неговата смрт во 1977 г. Престој во аристократското одморалиште Монтро, познато по прекрасниот парк и статуата на Фреди Меркјури, како и прекрасните дворци, вили и хотели, изградени  во периодот на Белата Епоха. Посета  на средновековниот „Шато ди Шијон” – најзначајната историска забележителност на брегот на езерото, изградена  врз скалестиот остров, кој се одразува како силуета  во огледало во  водите на езерото. Заминување за Милано. Пристигнување доцна вечерта. Сместување во хотел. Ноќевање.

6.ДЕН- Појадок. Слободно време или еднодневна екскурзија до езерата Лаго ди Комо и Лаго Маџоре. Лаго ди  Комо– третото по големина во Италија и едно от најдлабоките езера на територијата на Стариот континент. Посета на градот Комо, кој го дал името на едно од најживописните италијански езера. Езерото Комо е со форма на обрнатата латинска буква „Y”. Двете страни на буквата „Y” се Леко и Комо, а кај местото кадешто се сливаат се наоѓа впечатливиот  Белаџо. Прошетка во  централниот дел на  градот Комо – плоштад Пиаца дел Дуомо, катедралата Санта Марија Маджоре (однадвор), зградата на општината.  По можност изкачување со жичара  до Брунате, кадешто се отрива  прекрасна глетка кон езерото, а воедно таму се наоѓа и  вилата „Белависта”, во која е починал Пенчо Славејков. Попладне  Лаго Маџоре – живописно езеро,кое се наоѓа на границата меѓу Североизточна Италија и Јужна Швајцарија. Прошетка  со бродче до Боромеовите острови – кратка посета на  Изола Бела. Прошетка на Стреза, бисерот на Лаго Маџоре. Враќање во хотелот. Ноќевање.

 

7.ДЕН-Појадок. Програма во Милано – разгледување на Миланската Ла Скала, прочуената Катедрала, пасажот Виктор Емануел, улица Данте и др. Поручек трансфер до аеродромот. Лет до Софија со АК „Ryanair” во 15.00ч. Пристигане во 17.55ч. во Софија.

 

 

Во цената е вклучено:

-Авионски билет Софија – Брисел и Милано – Софија со АК “Ryanair”, со вклучени аеродромски такси и мал  багаж, транспорт со автобус 3*, објавените 6 ноќевања + 6 појадоци  во хотели 2/3*, сместување  во двојни и тројни соби, во кои: 3 ноќевања + 3 појадоци во реонот на Париз, 1 ноќевање + појадок во Анимас, 2 ноќевања + 2 појадоци во реонот на Милано/ Новара, туристички водич,претставник  на фирмата за време на патувањето, осигурување.

 

Во цената не е вклучено:

-Голем  багаж до 10 кг – 15 евра, дополнителен до 20 кг.- 40 евра во еден правец , влезови за посета на објектите и знаменитостите и  крстарење со бротчиња; тура до Версај и самостојно разгледување на Лувр – 75 евра /вклучено е  транспорт, такса за резервација,  такси и туристички водич кој што ќе зборува на аудио слушалки,  вклучена е цената на влезот за градините на Версајскиот дворец,без градините/, Ајфеловата кула и крстарење со бротче по Сена – вкупно 50 евра – плаќање кога се резервираат места за екскурзијата во Македонија, еднодневна екскурзија до езерата Лаго ди Комо и Лаго Маџоре  – 65 евра со вклучено бротче до Боромеовите острови и влез на Изола Бела, единично сместување – 300 лева.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Внесете коментар!
Внесете го вашето име тука