ИТАЛИЈА, ФРАНЦУСКАТА РИВИЕРА И БАРСЕЛОНА

26.11.2019

 

 

1 Ден –  Лет од аеродромот во Софија до Милано Бергамо со лет на АК “Ryanair“ во 11:15. Пречек на аеродромот Милано Бергамо во 12:45. Трансфер до Милано и кратка туристичка програма со разглед на знаменитостите во градот: Миланската Ла Скала, прочуената катедрала, Виктор Емануел пасаж, улицата Данте и др. Тргнување и пристигнување доцна вечерта во Лигурската Ривиера. Сместување во хотел. Ноќевање.

 

2 ден Појадок. Тргнување за Монако. Претпладне туристичка програма во Монако – ридот Замок со дворецот на Принцот, Океанографскиот музеј/без влегување/, Катедралата, Монте Карло со Европското и Американското казино, хотелите Ермитаж и Париз. Напладне престој во бисерот на Француската Ривиера – Ница: булеварот Променад де-з-Англе, плоштадот Масена, Пазарот на цвеќињата/на антиките/, катедралата Сент Репарат, ридот Шато со водопадот и остатоците од стариот замок. Попладне престој во Кан. Разглед на ридот Сјуке, црквата Нотр Дам д-ла-Есперанс, Фестивалскиот комплекс, Пристаништето, булеварот Кроазет. Вечерта пристигнување во реонот на Марсеј. Сместување во хотел. Ноќевање.

 

3 ден Појадок. Претпладне слободно време во Марсеј. Можност за разглед на Старото пристаниште, Катедралата, булеварот “Канебиер“, базиликата “Нотр-Дам-д-ла-Гард“ (искачување со вовче до Катедралата). Слободно време, можност за прошетка со бротче до замокот “Иф“, овековечен во романот “Грофот Монте Кристо“ на Александар Дума (до островот, на кој се наоѓа замокот “Иф“). Рано попладне заминување кон Лорет дел Мар. Вечерта пристигнување во Лорет дел Мар, ресорт во Коста Брава. Вечера. Ноќевање.

 

4 ден Појадок. Слободно време или програма во Барселона (30 евра), Катедралата “Саграда Фамилија“ и паркот Ѓоел. Пауза кај стадионот на ФК Барселона – “Камп Ноу“, плоштадот Шпанија, споменикот на Колумбо, Аквариумот. Прошетка по плоштадот Каталонија, улицата на артистите Рамбла, Готскиот квартал и др. (влезниците на посетените објекти не се вклучени во цената на екскурзијата). Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

 

5 ден Појадок. Слободно време или еднодневна екскурзија до Монсерат (35 евра со вклучен забавник) – планината Монсерат се смета за света и е место за поклонение, поврзано со многу легенди и со бенедиктскиот манастирски комплекс, сместен во прекрасната околина. Во базиликата на манастирот се чува чудотворната Црна Мадона – покровителка на Каталонија. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

 

6 ден Појадок. Слободно време или факултативна екскурзија до Андора (доплата 40 евра) – мала држава во Југозападна Европа, сместена помеѓу Франција и Шпанија во источниот дел на Пиринеите. Андора е земја на бесцаринска трговија, поради што многу туристи доаѓаат тука за шопинг во многубројните продавници. Туристичка програма и прошетка во главниот град Андора ла Вела. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

 

7 ден Ран појадок. Трансфер до аеродромот, лет Барселона – Софија со АК “Ryanair“ во 09:10. Слетување во Софија во 13:10

 

 

ЦЕНА: 350 евра

 

 

 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

 

  • Авионски билет Софија – Милано и Барселона – Софија на АК “Ryanair “ со вклучени аеродромски такси и мал кабински багаж со размер 40*20*25 см. до 10 кг.
  • Превоз со луксузен автобус 3*
  • Трансфер хотел – аеродром
  • 7 ноќевања, 7 појадоци и 4 вечери по програмата
  • 4 ноќевања со појадок и вечера во Коста Брава – хотел “Самба“, Лорет дел Мар 3*
  • 1 ноќевање со појадок во Екс-Ан-Прованс во хотел Ibis Budget 2+*
  • 1 ноќевање со појадок на Лигурската ривиера во хотел Geppi Pietra Ligure 3*
  • 1 ноќевање со појадок во Милано
  • Туристички придружник

 

 

 

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

 

  • Priority Boarding со дополнителен багаж до 10 кг/55/40/23 см./ – 15 евра, дополнителен багаж до 20 кг.- 40 евра
  • Туристички водич во Кан и Ница и трансфер до Скалата на Монако – 15 евра
  • Еднодневна екскурзија до Барселона со туристички водич – 30 евра
  • Еднонденвна екскурзија до Монсерат – 35 евра
  • Еднонденва екскурзија до Андора – 40 евра
  • Влезни такси за објектите кои се посетуваат: вовче во Марсеј – 10 евра, бротче до островот “Иф“ – 15 евра
  • Влезници за објектите кои се посетуваат
  • Туристички и гратски такси 1-2 евра на вечер
  • Трансфер Кочани – Софија, Софија – Кочани

 

ЦЕНАТА НА ТРАНСФЕРОТ ЗАВИСИ ОД БРОЈОТ НА ПРИЈАВЕНИ ПАТНИЦИ

НЕОПХОДНИ ДОКУМЕНТИ:  валиден пасош

 Резервација се прави со уплатен депозит од 50% од сумата и доплата на остатокот од аранжманот минимум 30 дена пред датумот на летот. Краен рок за откажување на патувањето од страна на агенцијата, при недоволен број на патници – 7 дена пред датумот на патувањето.

Програмата е прелиминарна, компанијата го задржува правото на промена на датите и часовите, при услови кои не зависат од неа.

 

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Внесете коментар!
Внесете го вашето име тука