Барселона – Марсеј – Азурен брег – Монако

26.11.2019

 

1 денПолетување од Софија до Барселона во 06:30ч со “Ryanair“. Пречек на групата на аеродромот во Барселона. Трансфер со автобус до Барселона. Слободно време  или туристичка програма во Барселона:  Катедралата „Саграда Фамилија” и паркот Ѓуел. Застанување кај стадионот на ФК Барселона – “Камп Ноу“, споменикот на Колумбо, Аквариумот. Пешачка тура по плоштадот Каталонија, улицата на артистите Рамбла и др. (доплата 15 евра). Попладне заминување за Лорет дел Мар – гратче лоцирано во Коста Брава. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

2 ДЕНПојадок. Слободно време или полудневна екскурзија до Монсерат (доплата 35 евра) – планината Монсерат се смета света и е место за поклонение кое е сврзано со многу легенди и со бенедиктскиот манастирски комплекс, сместен во прекрасната околина. Во базиликата на манастирот се чува чудотворната Црна Мадона – покровителка на Каталонија. Попладне враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

3 ДЕНПојадок. Слободно време или факултативна екскурзија до Андора и Магичните фонтани (доплата 40 евра). Еднодневна екскурзија до Кнежеството Андора – мала држава во Југозападна Европа, сместена помеѓу Франција и Шпанија во источниот дел на Пиринеите. Андора е зона на бесцарниска трговија, поради што многу туристи ја посетуваат, за шопинг во многубројните продавници. Туристичка програма и прошетка во главниот град Андора ла Вела. Посета на Магичните фонтани, плоштадот  Шпанија. Враќање во хотелот. За оние кои биле на екскурзијата има ладна вечера, а за останатите стандардна. Вечера. Ноќевање.

4 ДЕНПојадок. Заминување од хотелот рано наутро. Попладне пристигнување во Марсеј. Можност за разглед на Старото пристаниште, Катедралата, булеварот “Канебиер“, базиликата “ Нотр-Дам-д-ла-Гард“ (качување до катедралата со вовче). Слободно време, можност за прошетка со бротче до замокот “Иф“, овековечен во романот “Грофот Монте Кристо“ на Александар Дума (до островот, на кој се наоѓа замокот “Иф“). Вечерта сместување во Екс-Ан-Прованс. Ноќевање.

5 ДЕНПојадок. Еден ден на француската ривиера: КАН – НИЦА – МОНАКО. Влезница и водич – 15 евра. Кан – разглед на ридот Јуске, црквата Нотр Дам д-ла Есперанс, Фестивалскиот комплекс, Пристаништето, булеварот Кроазет. Ница: булевар Променад де-з-Англе, плоштадот Масена, Пазарот на цвеќињата/на антиките/, катедралата Сент Репарат, ридот Шато со водопадот и остатоците од стариот замок. Пристигнување во Монако – ридот Замок со дворецот на Принцот, Океанографскиот музеј/без влегување/, Катедралата, Монте Карло со Европското и Американското казино, хотелите Ермитаж и Париз. Ноќевање на Лигурската Ривиера.

6 ДЕНПојадок. Заминување за Милано. Попладне кратка туристичка програма во Милано – разглед на Миланската Ла Скала, познатата Катедрала, Viktor Emmanuel passage, улицата Данте и др. Трансфер до аеродромот и лет Милано/Бергамо – Ниш со авиокомпанијата “Ryanair“ во 15:10ч. Слетување во Ниш во 16:55ч.

 

Цена: 300 евра

 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски билет Софија – Барселона; Милано – Ниш со лет на АК “Ryanair“, со вклучен мал кабински багаж со размер 40*30*20 см.
  • Туристичка програма во Милано
  • Превоз со луксузен автобус 3 *
  • Трансфер аеродром – хотел
  • 5 ноќевање, 5 појадоци и 3 вечери по програмата
  • 3 ноќевања со појадок и вечера во Коста Брава – хотел Самба, Лорет дел Мар 3*
  • 1 ноќевање со појадок во Екс-Ан-Прованс во хотел Ibis Budget 2+*
  • 1 ноќевање со појадок на Лигурската ривиера во хотел Geppi Pietra Ligure 3*
  • Туристички придружник

 

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Priority Boarding со голем кабински багаж до 10 кг (55х40х20см) – 15 евра по насока
  • Дополнителен багаж до 20 кг – 40 евра по насока
  • Туристичка програма во Барселона – 15 евра
  • Полудневна екскурзија до Монсерат – 35 евра
  • Посета на Магичните фонтани и Андора – 40 евра
  • Еднодневна ексурзија до Кан, Ница и Монако со туристички водич – 15 евра
  • Влезници за посета на објектите: Вовче во Марсеј – 10 евра, бротче до Островот “Иф“ – 15 евра
  • Туристички и градски такси 1-2 евра на ден
  • Трансфер Кочани – Софија, Ниш – Кочани

 

ЦЕНАТА НА ТРАНСФЕРОТ ЗАВИСИ ОД БРОЈОТ НА ПРИЈАВЕНИ ПАТНИЦИ

НЕОПХОДНИ ДОКУМЕНТИ:  валиден пасош;

 

Резервација се прави со уплатен депозит од 30% од сумата на аранжманот и доплата за истиот минимум 30 дена пред датумот на летот. Краен рок за откажување на патувањето од страна на агенцијата – 7 дена пред датумот на патувањето. Програмата е прелиминарна, компанијата го задржува правото да прави промена на часовите или деновите, при услови кои независат од неа.

 

 

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Внесете коментар!
Внесете го вашето име тука