ПОРТУГАЛИЈА,АНДАЛУЗИЈА И МАРОКО

ДАТА: 08.03.2020г.

ЦЕНА: 600 еур./37 200 ден.

Можност за плаќање на 6 рати по 6200 ден.( ПРВА РАТА ДО 30.11.2019 г.)

1 ДЕН  (08.03) Лет од Софија до Мадрид во 07.00ч. со АК ”Ryanair”. Слетување на аеродромот во Мадрид во 09:50ч.и сретнување со  представник на фирмата. Tуристичка програма во Мадрид – прошетка во градот и разглед на прекрасните  плоштади “Плаза Мајор”, “Дел Сол” и “Шпанија” со Споменикот на Сервантес, Кралскиот дворец, градините на Сабатини и др. Заминување за Лисабон. Сместување  во хотел. Ноќевање.

2 ДЕН (09.03.)- Појадок. Слободно време или по желба еднодневна екскурзија до Синтра, Ешторил, Кашкајш и Кабо да Рока. Синтра се смета за една от најдобрите туристички дестинации на Португалија – многу замоци, аристократски дворци, споменици и воодушевувачка прекрасна природа. Можност за посета на дворецот „Кинта да Регалеира“(UNESCO) – комплекс от 5-катен дворец, прекрасен парк со езера, пештери, извори и фонтани, одамна предпочитано место од португалските кралеви и англиските благородници. Ешторил – тропска градина, која се наоѓа на брегот на морето. Кашкајш – типично рибарско селце, кое се претворило  во прекрасно морско туристичко место, на брегот на којшто се наоѓа Устата на пеколот – впечатлива  провалија со скали, во која се губат морските води. Градовите се преземени од  многу благороднички семејства од европските земји за време на Втората Светска Војна, чиишто имоти се заштитени  и до денес. Продолжуваме за Кабо да Рока –  најзападната точка на Европа. Враќање во хотелот. Ноќевање.

3 ДЕН (10.03.)Појадок. Слободно време или по желба еднодневна екскурзија до ОбидушНазареФатима и Батаља  – ден, во којшто ќе ги посетите едни от најпознатите  историски места во Португалија. Заборавете на сегашноста и вратете се назад во времето во село Обидуш, заобиколено от заштитните ѕидови, зад кои што  се наоѓаат традиционалните бели куќи и мали трговски улици, кои водат до замокот. Поглед на  впечатливиот манастир во Батаља (под заштита на УНЕСКО) – величенствен споменик на националната архитектура и един от најголемите готски обележја во Европа, изграден во 1388 г. во чест на заклетвата, дадена од крал Жуау І пред Светата Дева, дека ќе изгради  величествен манастир, ако ги победи кастилците во битката крај Алжубароте. Патување за Назаре, којшто во минатото е бил мало рибарско село, а денес е познат не само со риболовот, но и с убавите плажи, прекрасната кујна и уникатните  народни носии. Посета на Фатима– позната дестинација за поклонители от цел свет. Враќање во хотелот. Ноќевање.

4 ДЕН ( 11.03.) -Појадок. Туристичка  програма во  Лисабон за разгледување на Океанариумот, плоштадот Росио, стариот и живописен квартал – Алфама, кулата Белем, црквата на манастира Жеронимос со гробот на Васко да Гама, Музејот на кочиите и др. Попладне  патување за реонот на Севиља.  Сместување во хотел. Ноќевање.

5 ДЕН (12.03.)- Појадок . Претпладне прошетка  во Севиља – романтичното срце на Шпанија и домот на Кармен и Дон Жуан, главниот град на Андалузија,  кој што се наоѓа во плодородна рамнина на левиот брег на река Гуадалкивир. Разгледување на плоштад Шпанија, Катедралата – најголемата готска катедрала во светот, носејќи ги  белезите на двете култури – христјанска и муслиманска, паркот Марија Луиза и др. Попладне  патување за Гибралтар  – британска морска територија, разделена на 7 големи зони со живеалишта. Покрај  малата територија полуостровот сепак успева да прима животински и растителни видови, коишто се одраз само за тој дел од планетата. Најпознатите  се   берберските макаци. Тамошните жители се шегуваат, дека кога последниот мајмун  ќе изчезне во Гибралтар, тој ќе престане да биде британски. Сместување во хотел во реонот на Тарифа/ Кадис. Ноќевање.

  6 ДЕН ( 13.03) – Појадок. Заминување  за Мароко со ферибот Тарифа – Танжер. Пречекување на групата во градот Танжер од локален туристички водич  и заминување за Казабланка со кратка посета на  Рабат. Сместување во хотел. Можност за вечера. Ноќевање.

7 ДЕН –(14.03.) Појадок. По желба еднодневна екскурзија до Маракеш /доплаќање 50 евра/ една од најпрестижните императорски главни градови во Мароко. Името, чие значење си останува мистерија, векови нананзад е употребувано и распространето во целата земја. Оазис, создаден од човечка рака, за да носи духовна насладување, градот го добил епитетот “Градот, којшто го радува срцето”. Панорамска обиколка на градот со разгледување  на градините Менара, минарето Котубија (XII в.) – феномен  на исламската архитектура, посета на прекрасниот  дворец Баија и еврејскиот квартал, како и Медината со најстарата и автентична аптека, каде што се предлага познатото мароканско арганово масло. Посета на плоштадот Джамал Ел Фна, градините на Жак Мажорел. Слободно време. Враќање во Казабланка. Можност за вечера. Ноќевање.

8 ДЕН ( 15.03.)Појадок. Програма во Казабланка – вториот по големина град во Африка после Каиро и главниот град на економијата на кралството Мароко, основан од португалците во 1575г. на местото на разрушеното од нив селце Анфа. Разгледување на плоштадот на Обединетите нации, кварталот Aнфа, туристическиот комплекс Корниш и џамијата Хасан II (однадвор). Грандиозниот храм е изграден на брегот на океанот и наликува на огромен бел брод  над водата и под небото. Попладне кратка прошетка  на пештерата Херакол – Според легендата, таму древногрчкиот херој Херкулес одморал, одкако ги извршил 12-те испитувања. Продолжуваме за Танжер. Сместување во хотел. Можност за вечера. Ноќевање.

9 ДЕН–(16.03) Појадок. Претпладне  програма во Танжер – вратата меѓу Африка и Европа, космополитски град и значајно пристаниште, распложено во залив со изглед кон Гибралтарскиот проток и Шпанското јужно крајбрежје. Слободно време. Трансфер до аеродромот. Лет за Мадрид во 14.20ч. со АК ‘’Ryanair”. Слетување во Мадрид во 15.40ч. Во 20.20ч. лет за Софија од Мадрид. Слетување во Софија во 00.50ч.

 

Во цената се вклучени:

-Авиобилет Софија – Мадрид, Танжер – Мадрид, Мадрид – Софија со АК „Ryanair”  со вклучени аеродромски такси и мал  багаж/ 40/20/25 см

  • Трансфери по програмата
  • Панорамска обиколка на Лисабон
  • Туристичка програма во Мадрид
  • Екскурзија во Казабланка;
  • Екскурзија во Танжер;
  • 8 ноќевања со појадоци 1 вечера во двојни или тројни соби, хотели 3 звезди, во Мароко – хотели 4 звезди: 1 ноќевање со појадок во Мадрид, 3 ноќевања со појадоци во Лисабон, 1 ноќевање со појадок во реонот на Севиља, 1 ноќевање со појадок во Тарифа/ Кадис, 3 ноќевања со појадоци во Мароко
  • Водач – представител на фирмата туроператор

 

Во цената не се вклучени:

–     Голем  багаж до 10 кг./55/40/20/см. – 15 евра во еден правец ( три правци)

–     Дополнителен до 20 кг.- 40 евра в еден правец ( три правци)

  • Еднодневна екскурзија до Синтра, Ешторил и Кашкајш и Кабо да Рока – 50,00 евра
  • Еднодневна екскурзија до ОбидушНазареФатимаи Батаља  – 50,00 евра
  • Дополнителна екскурзија во Гибралтар со локален транспорт – 30 евра
  • Еднодневна екскурзија до Маракеш – 50 евра
  • Вечери во Лисабон – 45 евра, вечери во Мароко – 45 евра
  • Влезови за посетување на објектите
  • Дополнително медицинско осигурување за над 65г. – 8 евра.
  • Осигурување при откажување на патувањето– 26 евра

 

СПОДЕЛИ
Претходна понудаPortugalija i Andaluzija
Следна понудаAndaluzija i Madrid

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Внесете коментар!
Внесете го вашето име тука