Манастирот Манасија или Ресава е еден од најзначајните споменици на српската средновековна култура и нaјзначајната градба кој припаѓа на Моравската школа. Се наоѓа 30 километри од автопатот Белград-Ниш. Манастирот Манасија започнал да се гради 1407 година а истиот е завршен 1418 година. Манастирската црква е посветена на Света Троица и истата е осветена покасно, Целиот комплекс е опкружен со високи зидови кои во минатото служеле за одбрана. Всушност претставува една целина која се состоела од вкупно 11 кули.
Ресавска пештера е заштитен спомени на природата и истиот се сместува во заштитено подрачје од прва категорија. Ресавска или Дивљаковачка пештера е пештера во источна Србија на 20 километри од Деспотовац. Оваа пештера е една од најзначајните туристички пештери во Србија и истата зафаќа надморска височина од 483 метри.

Термин: 15.12.2019

Цена: 1500 денари

Опис на патувањето:

Поаѓање од автобуска станица Кочани во 03:00 часот. Патувањето води преку граничен премин Табановце. Предвиденото време за пристигнување во манастирот Манасија е помеѓу 9-10 часот. Слободно време за прошетка и разглед на манастирот. По посетата групата се упатува кон посета на Ресавска пештера. Слободно време за прошетка и разглед на пештерата. Индивидуална прошетка и пауза за ручек во Деспотовац

 

 

Во цената е вклучено:

  • Превоз на наведената релација
  • Организација и водство на патувањето

Во цената не е вклучено:

  • Влезница за посета на пештерата со стручен водич: 150 денари
  • Индивидуални трошоци
СПОДЕЛИ
Претходна понудаMilano
Следна понудаSaraevo

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Внесете коментар!
Внесете го вашето име тука