Нова година 2020: Атина

 1 ден: 29.12.2019 год.

Поаѓање од автобуска станица Кочани. Патот води преку граничниот премин Богородица – Евзони. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден: 30.12.2019 год.

Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Слободно време или факултативен панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, Евзоните, Адриановата порта, стариот Олимписки стадион, Зевсовиот храм, Атинската Агора, древниот Акропол и новиот Акрополски музеј. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

3 ден: 31.12.2019 год.

Појадок. Целодневен факултативен излет до Пелопонез – разглед со локален водич: Посета на Микена – древниот град на митскиот крал Агамемнон. По посетата продолжуваме кон Епидаурус – најакустичниот антички амфитеатар. Посета на гратчето Нафплион – некогашната престолнина на Грција, попатна посета на Коринтскиот канал (кој ги поврзува Егејското и Јонското море). Враќање во Атина во попладневните часови. Вечерта дочек на Новата 2020 на плоштад. Ноќевање.

4 ден: 01.01.2020 год.

Појадок. Напуштање на хотелот. Слободно време за посета на стариот дел на градот – Монастираки – уживање во Новогодишната атмосфера. Посета на Пиреја – најголемото пристаниште на Балканот и нејзините Марини. Слободно време за индивидуални активности. Во пладневните часови поаѓање за Македонија.

5 ден: 02.01.2020 год.

Пристигнување во Кочани во претпладневните часови.

ЦЕНА: 103 евра (6.390 денари)

 

 

 

Во цената се пресметани следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација;
  • Сместување во хотел 3* во Атина на база две ноќевања со појадок;
  • Посета на Монастираки и Пиреја;
  • Организација и пратител на патувањето

Во цената не се пресметани следните услуги:

  • Разгледување на Атина со локален водич – 10 евра (минимум 35 лица, пријавување при резервација на аранжманот);
  • факултативен излет до Пелопонез- 25 евра (превоз и разгледување со локален водич);
  • Влезници за посети вклучувајќи ги и влезниците за Епидариус и Микена – се плаќаат при влезот (минимум 35 лица – пријавување при резервација на аранжманот);
  • Туристичка такса -100 денари (задолжителна доплата во агенција);
  • патничко осигурување (задолжително)

 

СПОДЕЛИ
Претходна понудаSofia
Следна понудаPraga

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Внесете коментар!
Внесете го вашето име тука