САНКТ ПЕТЕРБУРГСКАНДИНАВИЈА –   БАЛТИК

 

СТОКХОЛМ – ХЕЛСИНКИ –САНКТ ПЕТЕРБУРГ –ПСКОВ – ВИЛНУС – КРАКОВ

 

21.10.2019

 1 ДЕН – Трансфер до аеродромот во Ниш. Лет со АК “Ryanair“, Ниш – Стокхолм Скаваста во 19:35. Слетување во Стокхолм во 22:20. Пречек на аеродромот во Стокхолм, трансфер до хотелот. Сместување. Ноќевање.

 

2 ДЕН Појадок. Програма во Стокхолм со локален водич  – островот Гамла Стан – срцето на стариот град со црквата на витезите Сторкиркан и Кралскиот дворец, Општината со “Златната сала“, во која секоја година се одржува бал во чест на Нобеловите лауреати. Во 15:00 заминување за пристаништето Вартан. Во 17:00 заминување за финската престолница Хелсинки со најголемиот 14-катен крузерски брод на “Силија лајн“, долг 203 метри, кој располага со караоке бар, базен, сауна, казино, free shop, дискотека и огромен трговски центар. Ноќевање во бродот во кабини за 4 лица.

 

3 ДЕН – Во 09:55 пристигнување во Хелсинки – град заобиколен од 3 страни со вода, чиишто жители се сметаат за најобразовани и најдобро ситуирани во светот. Панорамски разглед (2 часа) со локален автобус и водич  – со впечатливата зграда на Финскиот парламент и Руската православна катедрала. Слободно време. Во 14:00 заминување од Хелсинки. Касно вечерта пристигнување во Санкт Петербург. Сместување во хотел. Ноќевање.

 

4 ДЕН – Појадок.  Панорамски разглед на Санкт Петербург со локален водич (доплата 20 евра): Невски проспект – најубавиот булевар на градот, Дворцовиот плоштад, Василиевскиот остров, Исакиевскиот плоштад, крузерот Аурора, Петропавловската тврдина – историски споменик на архитектурната и фортификациската руска уметност од 17 до 20 век, од кога води почеток и самиот град Петербург (панорамско). За време на обиколката ќе се имате можност да уживате во прекрасната глетка кон реката Нева и големиот број на мостови, кои ги сврзуваат гратските острови.

Пешачка тура со водич во Ермитаж (доплата 50 евра – вклучува влезница и водич) – грандиозниот дворски ансамбл со 6 величествени зданија вклучувајќи ги и Зимскиот и Меншиковскиот дворец, официјалната резиденција и ризница на Големата императорка Екатерина на брегот на реката Нева. Во Ермитаж се чуваат 3 милиони уметнички дела на светската култура – дела на Леонардо да Винчи, Рафаело, Тицијан, Рембрант, Рубенс, Пикасо и др. Вечера. Ноќевање.

 

 

5 ДЕН – Појадок. Претпладне посета на Нижни парк и Петродворецот (доплата 60 евра – вклучува влезница и водич). Петродворецот е “прозорецот кон Европа“ на Петар I, бисерот на руската уметност, кадешто можете да го разгледате неверојатниот ансамбл на фонтаните, парковите и дворците, кој е изграден во почетокот на 18 век, за да конкурира на архитектурата  и раскошниот живот во дворецот Версај и да покаже на европските кралски семејства дека може да се мери со најдобрите од нив. Поранешната летна резиденција на руските цареви се наоѓа на 30 км од Санкт Петербург, на Балтичкото море и завзема површина од 1200хка, со 66 фонтани и 39 позлатени статуи.

Попладне посета на Царското село и Екатеринскиот Дворец (доплата 60 евра). Сместен е во денешниот град Пушкин на 25 км. Од Санкт Петербург. Во историјата и архитектурата на дворецот се одразуваат архитектурни тенденции од сите епохи, кои ги е преживеал дворецот, како и личните желби на руските владетели. Тука се наоѓа и Килибарната соба – соба, целосно прекриена со килибарни панели со златен кант и огледала. Поради својата убавина некогаш е била нарекувана “Осмото светско чудо“. Вечера. Ноќевање.

 

6 ДЕН – Ран појадок. Заминување од хотелот. Кратка пауза во Псков – древен руски град, сместен на 732 км северозападно од Москва и на околу 20 км од границата со Естонија, едно од најстарите населени места во Русија. Името на градот кое оргинално се изговара “Плесков“, може да се преведе како “градот на меурливите води“, бидејќи е расположен на брегот на малата река Псков, која се влива во Големата река. Вечерта пристигнување во Вилнус. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

 

7  ДЕНПојадок. Претпладне панорамска обиколка на Вилнус (градот е под заштита на УНЕСКО/со локален водич/доплата 10 евра/. Основни знаменитости се Катедралата “Свети Петар и Павле“ – ремек дело на барокот и Плоштадот на Општината “Свети Франсис“, црквата “Света Ана“, “Портите на Зората“ – дел од некогашните одбрамбени тврдини, замокот Higher Castle, конструиран во 13 век, од каде има прекрасни глетки кон градот. Попладне заминување кон Краков. Вечерта пристигнување во Краков. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

 

8 ДЕНПојадок. Попладне програма во Краков. Пешачка тура со локален водич (доплата 10 евра) – замокот “Вавел“ – срцето на градот, седиште на кралската власт до 17 век; Катедралата, во која се крунисувани полските кралеви; прекрасната готска црква од 14 век “Дева Марија“, позната по својот прекрасен дрвен олтар; Стариот град со главниот пазарен плоштад – најголемиот неизграден гратски плоштад во Европа; Општината и др. Попладне заминување од Краков. Вечерта пристигнување во Будимпешта. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

 

 

9 ДЕН – Појадок. Заминување за Бугарија. Вечерта пристигнување во Софија.

 

 

Цена: 28 590 денари

 

Во цената е вклучено:

  • Авионски билет Ниш – Стокхолм Скаваста со авиокомпанијата “Ryanair“ со вклучен мал кабински багаж со димензии (40x20x25 cm) до 10 кг.
  • Превоз со автобус 3*
  • Објавените 8 ноќевања, пресметани на база на двокреветни соби и кабини за 4 лица
  • 1 ноќевање на бродот на “Силија Лајн“ – Стокхолм – Хелсинки
  • 3 ноќевања и 3 појадоци и 2 вечери во Санкт Петербург
  • 1 ноќевање и појадок и вечера во Вилнус
  • 1 ноќевање и појадок и вечера во Краков
  • 1 ноќевање и појадок во реонот на Стокхолм
  • 1 ноќевање и појадок и вечера во Будимпешта
  • Виза за Русија
  • Туристички придружник

Во цената не е вклучено:

  • Priority Boarding со дополнителен кабински багаж до 10 кг (55/40/23 cm) – 10 евра, дополнителен до 20 кг – 40 евра
  • Влезниици во локалитетите кои се посетуваат
  • Разглед на Стокхолм со локален водич – 20 евра
  • Разглед на Санкт Петербург со локален водич – 20 евра
  • Посета на Ермитаж – со вклучена влезница и водич – 50 евра
  • Посета на Нижни Парк и Петродворец – со вклучена влезница и водич – 60 евра
  • Посета на Царското село и Екатеринскиот дворец – со вклучена влезница и водич – 60 евра
  • Разглед на Вилнус со локален водич – 10 евра
  • Разглед на Краков со локален водич – 10 евра
  • Доплата за двокреветни кабини Стокхолм – Хелсинки – 25 евра по лице за двата брода
  • Трансфер Кочани – Ниш, Софија – Кочани

 

ПРОГРАМАТА Е ПРЕЛИМИНАРНА, КОМПАНИЈАТА ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО НА ПРОМЕНИ НА АРАНЖМАНОТ

Цената на трансферот зависи од бројот на пријавени патници

НЕОПХОДНО Е : пасош валиден минимум 6 месеци од датата на враќање, виза за Русија

МИНИМАЛЕН БРОЈ НА ПАТНИЦИ ЗА ДА СЕ РЕАЛИЗИРА ПАТУВАЊЕТО – 40

Краен рок за откажување на аранжманот, при недоволен број на патници – 7 дена од датумот на патувањето

 

 

СПОДЕЛИ
Претходна понудаGruzija
Следна понудаBarselona

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Внесете коментар!
Внесете го вашето име тука