САРАЕВО – МОСТАР – МОКРА ГОРА

 

                                 СО ПОСЕТА НА ТЕРМАЛНА РИВИЕРА                                       

         

“Ерусалим на Европа“ или „Ерусалим на Балканот“.Тој е еден од само неколкуте големи европски градови кои имаат една џамија,католичка црква,православна црква и синагога во исто соседство.Сараево е главен град на Босна,каде минува реката Милјацка.Град со околу 400.000жители,бурна историја.Сараево е град домаќин на 14-те Олимписки игри(1984).

Прв ден: 10.10.2019 (четврток)   Кочани – Сараево.

Поаѓање во вечерните часови од Кочани. Патуваме преку граничен премин Табановце, со ноќно возење низ Србија, со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

Втор ден: 11.10.2019(четврток)   Сараево.

Пристигнување во Сараево во утринските часови. Разглед на градот со локален водич: Врело Босна, Сарај, градската куќа, Латинска чуприја – местото на атентатот на Франц Фердинант,  улицата Казанџилук со многубројните занаетчиски дуќани од периодот на Отоманското царство, одиме по пешачката зона каде е катердалата Срце Христово, соборната црква Св. Тројца, Гази Хусрефбегова и Царската џамија, Башчаршија, мостовите…. Смесување во хотел и краток одмор. Од 18.00 часот следи факултативна можност за посета на  Термална ривиера -Хотел Хилс 5* или слободно време. Ноќевање.

Трет ден: 12.10.2019 (сабота)  Сараево – Мостар – Сараево.

Појадок. По појадокот предвидена факултативна посета на Мостар со попатна посета на срушениот мост од Втората Светска Војна познат како битката на Неретва. Продолжуваме кон Мостар, градот каде се сретнува северот со југот и западот со истокот, град во кој реката Неретва со векови ги дели културите и религиите, град во кој различностите и спротивностите можат да се видат и почувствуваат на секој агол. Разглед на градот со локален туристички водич. Посета на: Стариот мост, улицата Кујунџилук со занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн. Во попладневните часови враќање кон Сараево.  Слободно време . Ноќевање.

Четврти ден: 13.10.2019 (недела) Сараево-Вишеград-Дрвенград – Кочани

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Посета на градот Вишеград со посета на симболот на градот, мостот изграден од Мехмед Паша Соколовиќ кој е под заштитана UNESCO и опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“. Слободно време за индивидуални активности. Заминуваме кон Мокра Гора и посета на Дрвен град изграден по идеја на Емир Кустурица. Посета на единсвената музејска железница Шарганската Осмица. Слободно време. Враќање кон Македонија со попатни паузи

Петти ден.14.10.2019.(понеделник)

Пристигнување во Кочани во утринските часови.

 

                  ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 4900 ден.

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Aвтобуски превоз на дадената релација
  • Сместување во хотел со 3* на база 2 ноќевања со појадок во Сараево
  • Разгледување на Сараево со локален водич
  • Придружник на групата

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Здравствено патничко осигурување
  • Полудневен излет до Мостар и разглед – 10 евра(620.ден) (минум 35 патници)
  • Посета на Термална ривиера Хотел Хилс 5* со везница и превоз-10(620.ден )евра (миниум 10 патници)
  • Влезници за културно-историските споменици
  • Разглед и посета на Дрвенград (влез 1-3е се плаќа при влез).

НАПОМЕНИ:

  • Плаќањето ќе се врши во денари по курс од 62 мкд за 1€.
  • За реализација на овој аранжман потребни се минимум 40 патници
  • За секое лице потребен е пасош со минимум важност 3 месеци од денот на враќање. Може да се патува со лична карта.

Контакт: 070-336-307/033-270-765

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Внесете коментар!
Внесете го вашето име тука