Велигден

Белград-Виена-Прага-Салзбург – Лидо ди Јесоло- Венеција- Љубљана

22.04 – 28.04.2019

 

Цена на аранжманот: 17.600 денари

(Пријавување до 20.03.2019)

 

 

Ден 1. (22.04.2019)

 

Поаѓање кон Виена во 7 часот од автобуска станица Кочани. Патување кон Виена со попатни паузи за одмор и царински формалности и попатна посета на Белград. Ноќно возење.

 

Ден 2. (23.04.2019)

Пристигнување во Виена во утринските часови. Разглед на Виена со локален водич: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, музејот на современа уметност, градската палата, палатата Белведере, црквата Вотив, зимскиот дворец Хофбург. После посетата на Виена групата се упатува кон Прага. Пристигнување во Прага. Сместување во хотел. Ноќевање.

 

Ден.3 (24.04.2019)

Појадок. По појадокот разглед на стариот град: Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, кралскиот мост, еврејскиот кварт, Париската улица, старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник – Орлај, црквата Лорето, градската куќа, Прашката кула, националниот музеј, катедралата Св.Вито, златната улица и др. Слободно попладне. Крстарење по реката В’лтава (факултативно). Ноќевање.

 

Ден 4. (25.04.2019)

Појадок. По појадокот поаѓање за Лидо ди Јесоло. Ноќно возење со 2 часовна посета на Салзбург.

 

Ден 5. (26.04.2019)

Пристигнување во Лидо ди Јесоло во претпладневните часови. Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.

 

Ден 6. (27.04.2019)

Појадок. По појадокот заминување за Венеција. Пристигнување во Венеција и разглед на градот: плоштадот и црквата Сан Марко, мостот на воздишките, Риалто ,Дуждевата палата. После прошетката враќање во хотелот. Слободно попладне. Ноќевање.

 

Ден 7. (28.04.2019)

Појадок. По појадокот враќање за Македонија со попатни посети на Постоинска јама и Љубљана.

 

 

 

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високо туристички автобус на дадените релации
  • 4 ноќевања со појадок во хотел со 3* ( 2 во Прага и 2 во Лидо ди Јесоло)
  • Локални туристички водичи во Виена , Прага и Венеција
  • Туристички придружник за време на патувањето
  • Влезница за Постоинска јама
  • Брод од Пунта Сабиони до Венеција

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Крстарење по реката В’лтава
  • Патничко осигурување

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Внесете коментар!
Внесете го вашето име тука