МАЛДИВИ И ШРИ ЛАНКА

18.05-30.05.2018

 

Програма на патување:

1.ден (18.05) – СКОПЈЕ – ДОХА  

Состанок на групата на аеродромот Александар Велики, два часа пред лет 10:15, полетување за Доха во 12:15 часот со Qatar Airways.

2.ден (19.05) ДОХА – MАЛЕ     

Полетување од Доха кон Малдиви. Пристигнување на Мале во 09:00 часот. По завршување на пасошка и царнска контрола со хидро авион се упатуваме кон нашиот хотел на Малдиви (HOLIDAY ISLAND). Слободно времеВечера. Ноќевање.           

3 – 08.ден (20.05 – 25. 05)  МАЛДИВИ

Појадок. Слободни денови за капење, сончање, одмор и факултативни екскурзии. Вечера. Ноќевање

Факултативни екскурзии:
Крстарење по Малдиви – 
Морето е тука само за вас … придружетени се и откријте што тоа всушност значи!!! Ако сакате да доживеете сафари на вода, ова е правото место за една таква авантура. Бродовите со кои се крстари обично се со клима, ресторан, бар, палуба за сончање, опрема за нуркање и инструкции, опрема за риболов, итн… Можна е посета на повеќе острови и притоа застанување покрај прекрасните сини лагуни каде што ќе можете да се бањате, да ловите риби, да нуркате, да го набљудувате подводниот свет и да уживате…

Посета на главниот град МАЛЕ – За време на вашиот престој на Малдивите,не би требало да ја пропуштите посетата на главниот град Мале. Поради своите 2км квадратни површина и 70-те илјади жители, Мале често го нарекуваат џебен главен град. Она што треба да го посетите во Мале е рибниот пазар и главните шопинг области. Од историските објекти,

значајни се Модерната Џамија, Петочната Џамија, Претседателската палата, музејот и Султан паркот.
Подводни спортови – Наједноставниот начин да ѕирнете во прекрасниот подводен свет е да одитена нуркање. Единствен предуслов за тоа е да знаете да пливате. Од опрема ви треба само маска и туба за дишење. Туристичките ресорти и големиот број бродови кои крстарат ја нудат оваа опрема. Ако сте љубител на таков вид забава, не се двоумете да побарате  информација во вашиот хотел кое од местата е најдобро за нуркање. Останатото е лесно. Ако пак сакате да имате поблизок поглед и директен контакт со подводниот свет, тогаш вие би требало да нуркате и одблизу за го запознаете светот на рибите и другиот воден свет со кој ќе се сретнете таму. Воопшто не е важно ако не сте нуркале досега – туристичките ресорти располагаат со квалификувана екипа, која со задоволство ќе ви помогне во нуркањето.

9 ден (26.05) MАЛЕ – КОЛОМБО            

Појадок, одјавување од хотел и упатување кон аеродром за лет од Мале до Коломбо. Пристигнување на Коломбо во 11:00 часот. По завршување на пасошка и царнска контрола, трансфер до Коломбо.  Разглед на Коломбо. Ќе поминеме низ бизнис квартот „Форт“ а потоа низ „Петах“,  аздвижената ориентална  чаршија со неверојатно шаренило на луѓе, нтички возила, поволни цени, џамии и храмови. Посета на хинду храм и џамијата „Jumi-UL Alfar Jumma“. Продолжуваме со разглед на холандската црква „Wolvendaal“, „Hultsdorf Law Courts“, па се до резиденцијалниот  варт „Cinnamon Gardens“, „Плоштадот на независноста“ и „Меморијалната интернационална конференциска сала“. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање во хотел во Коломбо.

10 ден (27.05) КОЛОМБО/ ПИНАВАЛА / КАНДИ

Појадок во хотелот. Заминуваме кон Канди. Ќе го посетиме „Elephant Orphanage“ во Пинавела. Ова сиропиталиште за слонови е дом за околу 89 слонови. Некои од нив се напуштени мали слончиња кои биле пронајдени во дивината. Тие се згрижени, нахранети и тренирани од специјалисти-зоолози. Најдобро време за посета е за време на хранење, кога ќе имате можност да ги види малите слончиња како се хранат со цуцли. Исто така може да ги придружувате слоновите до блиската река и да присуствувате на нивното бањање. Продолжуваме кон Канди. По пријавувањето во хотелот посетна на Храмот „Temple of the Tooth Reli“, а потоа ќе присуствувате на ориенталното шоу на кое ќе биде претставено традиционалното танцување на Шри Ланка. Вечера. Ноќевање во хотел во Канди.

11 ден (28.05) КАНДИ

Појадок во хотелот. По појадокот посета на ботаничката градина Пераденија. Оваа ботаничка градина била изградена од кралот на Сингапур а била проширена од страна на Британците. Таа е 147 хектари во обем и има неверојатна збирка на дрвја, растенија и цвеќиња. Попладнето, турнеја низ градот Канди. Канди бил последниот главен град на кралевите на Шри Ланка, и е вброен во светското културно наследство. Името Канди ги доловува визиите за сјај и величественост. Многу од легендите, традициите и фолклорот, мештаните сè уште со голема љубов ги одржуваат во живот. Препорачуваме возење околу Езерото Канди, изградено од страна на последниот крал на Сирија, Шри Викрама Рајасинг, во 1798 година, посета на градот и чаршија, центарот за уметност и занаетчиство, музејот на скапоцени камења и лапидариумот. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање во хотел во Канди.

12 ден (29.05) КОЛОМБО – ДОХА            

Појадок. Одјавување од хотел. Трансфер од Канди до аеродромот во Коломбо, за Лет кон Скопје, преку Доха. 

13 ден (30.05) ДОХА – СКОПЈЕ               

Лет од Доха кон Скопје во 06:50, пристигнување во Скопје во 11:15 часот.

 

 

Цена на аранжманот: 1355€ / 84.010 мкд

 

Цената влучува:

  • Авионски превоз  Скопје – Малдиви – Шри Ланка – Скопје со Qatar Airways
  • 10 (7+3)  ноќевања на база ноќевање со појадок и вечера
  • Вклуечени разгледи, посети и екскурзии во Шри Ланка
  • Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Техничко водство / Пратител на групата

 

Цената не вклучува:

  • Аеродромски такси во висина од 375 еур / 23.250 мкд
  • Виза за Шри Ланка се дава директно на аеродром (моментална цена околу 40 €)
  • Излезна такса од Мале ( Окулу 20УСД )
  • Дополнителни оброци и пијалоци кои не се наведени во програмата
  • Задолжително патничко осигурување
  • Факултативни излети

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Внесете коментар!
Внесете го вашето име тука