23-ти октомври

СОЛУН – ЛУТРАКИ – ВОДЕН

 

КРАТОК ОПИС:

На 100 км од Солун во зелената шума на планината Ворас (Кајмакчалан) и реката
Термопотамос (Топла река) се наоѓаат природните топли извори на Лутраки (Пожар –
Аридеа). Лутраки е една од најпознатите терапевтски бањи во Грција со термална вода која
извира од утробата на земјата и претставува вистинско чудо на природата. Овие природни
извори Ви пружаaт многу позитивни емоции, релаксација и можат значително да ја подобрат
Вашата здравствена состојба.Самите бањи (грч. Θερμες) односно природните извори, имаат
два базени, од кои едниот е природен со свој водопад поделен во два дела со топла и ладна
вода. Водата паѓа од височина со што ви нуди одлична масажа на вашето тело.
Температурата на водата изнесува 38 степени. Водите се лековити и се препорачуваат за
лекување на реума, ишијас, бронхит, нервоза, дерматолошки и гинеколошки проблеми, како
и циркулативни и респираторни нарушувања… Местото претставува светска туристичка
атракција, посетено е од голем број на домашни и странски туристи. Изобилува со
ресторани, продавници и кафетерии, кои ќе го направат Вашиот престој незаборавен.

1ден. 20/10/2018-Сабота

Состанок на групата и поаѓање од договореното место и време. Се патува преку граничен премин
Богордица, по кратки царински формалности продолжуваме кон Солун. Посета на Белата кула, прошетка низ плоштадот Аристотeлос,шопинг во еден од познатите трговски центри.
Продолжуваме кон Лутраки. Сместување во хотел. Слободно време.
Вечера во прекрасен ресторан со пријатен амбиент, со богато мени и музика (факултативно).
Ноќевање.

2 ден. 21/10/2018-Недела

Појадок. Потоа се посетуваат топлите минерални води на отворените и затворените базени со
топла вода од над 38 степени и можност за уживање во истите (задолжително понесете костим за
капење и пешкир). Cлободно попладне за прошетка низ Лутраки и поаѓање кон Воден – градот на
водопадите и прекрасните градини познати во Грција и пошироко. Поаѓање кон Македонија во
договореното време. Попатна посета на Free Shop (30 мин). Пристигнување вовечерните часови.

 

Цена на аранжманот : 59 € (3.600ден)

Цената е по лице и вклучува:
– Превоз на наведената релација
– Сместување во хотел
– Организација на патувањето и тур.придружник
Цената не вклучува:
– Користење на базените 2 eur и бањите 3 eur со топла термална вода 38 степени
– Вечера во ресторан
– Патничко осигурување

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Внесете коментар!
Внесете го вашето име тука