ИНДИЈА – Златниот триаголник
6 ноќи/ 7 дена

СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – ДЕЛХИ – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Датум:  01.04.2018-08.04.2018

 

1 ден  – 01.04.2018:Скопје-Истанбул-Делхи

Средба на аеродромот во Скопје во 07: 00 часот за лет Скопје-Истанбул со авиокомпанијата “Turkish Airlines”. Полетување во 09:25 часот. Слетување во 11:15 часот. Краток престој на аеродромот, по што следи летот Истанбул-Делхи со авиокомпанијата “Turkish Airlines” во 20:15 часот.

2 ден – 02.04.2018:Делхи

Пристигнување во Делхи во 04:35 часот по локално време. Пречек од претставник и трансфер од аеродромот до хотелот. Појадок и кратка пауза (сместувањето е после разгледот).Разглед на Делхи, каде ке се запознаеме со стариот дел на градот ,изградена од Моголскиот Император Шах Жахан во далечната 1648 год, и прогласена за негова престолнина. Разглед на  Црвената тврдина (однадвор). Оваа неверојатна и импозантна градба, изградена од црвен песочник, е дело на моголски архитекти од XVII век, седиште на владетелите во  тој периодот и  е моментално на листата на УНЕСКО за светско културно наследство. Со долги цели 2км ѕидови и десетици хектари паркови, Црвената тврдина е главна туристичка атракција. Ќе останете фасцинирани од прекрасните орнаменти, мешавина од Персискиот, европско и индиската уметност со богати бои и форми. Турата продолжува  и со разгледување на Њу Делхи. На патот ќе имаме можност да видиме и шарени толпа на пазарот Chandni Chowk којбил главен булевар во времето на моголската империја, а денес најфреквентните трговска зона на градот.

Метрополата Њу Делхи има  чудесен развој  и урбанизација. За време на турата  ќе ги посетиме: Претседателскиот дворец (надворешно , не е дозволено запирање ) кој е најголемата резиденција во светот и бил изграден во текот на 19 години; Комплексот Кутуб од XIII век, вклучувајќи античките урнатини на џамии, столбови, гробници и познатото Кутаб минаре, висок 72,5 метри, по чии ѕидови деликатно се издлабени прекрасни  фигури; гробница на могулскиот цар Хумајун; Ќе ја погледнеме  и Портата на Индија, со импресивната  42-метарска капија кој е  еден од најголемите Спомени од војните со Британската империја, подигната во чест на  90 000 индиски војници. Враќање во хотелот. Вечера и ноќевање

3 ден -03.04.2018: Делхи – Џајпур / 264 км ~ 5,6 часа / Појадок и вечера

Појадок во хотелот.По појадокот, поаѓање кон Џајпур. Сместување во хотел. Попладне посета на Галта – антички хинду храм комплекс, кој се наоѓа на околу 10-тина километри од Џајпур. Главниот храм “Галтаджи” е изграден од розова камен. Храмот е познат по многуте киосци, природни извори, свештени “кундове” базени и многуте мајмуни кои живеат таму. Друг важен храм кој се наоѓа во комплексот е на богот на Сонцето и е изграден во 18 век. Следува посета на познатиот храм Бирла Мандир се наоѓа во прекрасниот регион на месноста Канак Вриндавана  , нарекуван уште и Лакшми Нарајан , историјата вели дека храмот е изграден од семејство Бирла и е отворен од самиот Махатма Ганди. Тука ќе видиме и статуи на Лакшми, која е божица на богатството, луксузот , просперитетот и сопругот Бог Нарајан кој е познат како Вишну . Вечера и ноќевање.

4 ден -04.04.2018: Џајпур Појадок и Вечера

Појадок. Денес ни претстои организирана екскурзија на Џајпур / познат како “розова град на Индија” /, првата станица е тврдината Амер Форт каде покрај сето, ќе имате единствена шанса да се качите на украсениот  слон (искачувањето со слонови до тврдината е можно ако има слободни, инаку искачувањето се врши со џипови). Величествено Амер Форт лежи над вештачкото езеро Маота што ја прави  гламурозна неговата  архитектура, мешавина на хинду и муслимански стил. Тој е дел од дворскиот комплекс, познат како “Џаигар Форт”, кој се наоѓа на ридовите наспроти дворецот Амбер. Иако со малку груба фасада на изглед, Амбер Форт импресионира многубројните посетители со исклучително хармонична и мирна внатрешна декорација. Амер  палатата  во центарот на тврдината е како лавиринт од богато украсени сали, резби на ловечки сцени, индиски епови. Од ридот се открива прекрасна гледка на градот.

Нашата турнеја продолжува со друга неверојатна локална знаменитост –Дворецот на ветровите Hawa Mahal / однадвор, стоп за фотопауза /, дизајниран во форма на круната на богот Кришна. Хава Махал е импресивен со својата архитектура, изградена од страна на бројни мали прозорчиња, строго подредени, аранжирани, хармонична фасада. Се претпоставува дека Хава  Махал е “женска палата”. Палатата на ветровите е изграден во време кога владетелските жени биле целосно скриени од очите на светот, а нивните мајки се радувале на особена почит и заштита од околниот свет. Продолжуваме со дворецот City Palace – Градскиот палата на Махараџата, познат со прекарсните градини и градби. До дворецот се наоѓа најголемата камена опсерваторија во свeта – Jantar Mantar (УНЕСКО). Тука нема модерни апарати за мерења, но има 14 камени градби  со кои прилично точно се мери времето, движењето на планетите, и се правеле временски прогнози. Сите градби се подигнати на одредено место една спрема друга и спрема насоките на светот. Ќе направиме и кратка турнеја на објектите со рикша. Вечера и ноќевање во хотелот.

5 ден -05.04.2018: ЏАЈПУР – АГРА   /235 км ~5 часа/  Појадок и Вечера

 

Појадок. За заминува  кон Агра. На патот посета на Фатехпур Сикри – Антички архитектонски комплекс, чие име значи Град на победата. Комплексот е убава комбинација на индиски храмови, споменици, изградени во унифициран архитектонски стил. Иако изграден пред 400 години, Фатехпур Сикри е исклучително добро сочуван и до денес. Најимпресивната градба во Фатехпур Сикри е огромната и величествена Врата на победата, се смета за една од највисоките порти во светот. Освен неверојатната глетка, која се открива од овој дел на стариот град, тука може и да се прочита еден натпис уште од времето на големиот моголски цар Акбар: “Светот е само еден мост – помини низ него , но не гради куки на него . Светот е само еден час поминат во молитви, останатото е невидливо.” Ќе направиме и фото-пауза пред слоевитиот  бунар Абханери, кој е стар  повеќе од 1200 години и бил главен воден извор за десетици села. Сместување во хотел “Mansingh Palace Agra” 5*. Вечера и ноќевање во хотелот.

  

6 ден -06.04.2018: АГРА Појадок и Вечера

Појадок. Посета на интересната и инспиративна тврдина Агра Форт, некогашната индиска престолнина. Величествените кули, бастиони, ѕидини и порти симболизираат силата на царот Акбар. Шах Џахан, креаторот на Таџ Махал, изградил и многу од главните згради во пределите на тврдината: ѕидовите на тврдината се  од црвен песочник и неколку градби внатре. Неколку од зградите се направени од чист мермер и се со убави

резби. За да се ладат просториите во мермерни шатори, ѕидовите се шупливи и се полни со вода. Од балконите на шаторите се открива убав поглед кон светата река Јамуна и Таџ Махал. Слободен попладне. Вечера и ноќевање во Агра.

7 ден -07.04.2018: АГРА – ДЕЛХИ (258 км ~4-5 часа) Појадок и Вечера

Појадок во хотелот. Посета на Таџ Махал – неизбежно ќе се фасциниранирате од глетката кон еден од најпознатите екстравагантни споменици. Изграден е од Шах Џахан, а изградбата траела 22 години, како симбол на љубовта кон починатата сопруга Мумтаз Махал. Импресивен архитектонски стил комбинира елементи од персиски, турски и индиски стилови и е на листата на УНЕСКО, како и во рангирањето на Новите седум светски чуда. Декорациите се плод на мајсторски апликација од камен по техниката Pietra dura, бои, резби на дрво и калиграфирани фини и ликовни елементи, претежно со цветни мотиви. Напори за правење, вложиле најдобрите ѕидари, скулптури, занаетчии и краснописци од цела Индија, Иран и Турција. Изградена од бел мермер, централната зграда е дел од целиот комплекс кој се состои од четири функционално поврзани згради. А кога ќе влезете во него, ќе уживате во рачно испишаните стихови .Ѕидовите се од полиран проѕирен мермер со апликација од скапоцени камења. Фасадата е исто така украсена со навој и украсен со шарени камења. Мермерот пак има интересна карактеристика – во светлс дневна светлина изгледа бело, рано наутро станува розова, а во текот на ноќта – сребрена.

Заминување кон Делхи .Вечера и  ноќевање во хотел.

 

8 ден -08.04.2018: Делхи – Истанбул – Скопје / Појадок

Рано наутро трансфер кон меѓународниот аеродром во Њу Делхи за лет до Скопје.Полетување  од Делхи за  Истанбул во 06: 15ч. Пристигнување во Истанбул во 10:30 часот. Можност за слободно посета на Истанбул и лет за Скопје во 19:30 часот. Пристигнување во Скопје во 20: 00ч.

Цена на аранжманот: 791евро(49 042 денари)

 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз  Скопје – Истанбул – Делхи – Истанбул – Скопје со Turkish Airlines со вкл.30 кг. багаж;
  • Сите трансфери наведени во програмата со климатизиран автобус;
  • Појадок при пристигање во хотелот во Делхи;
  • 1 нокевање со појадок и вечера во Делхи;
  • 2 нокевање со појадок и вечера во Џајпур во хотел;
  • 2 нокевање со појадок и вечера во Агра во хотел;
  • 1 нокевање во хотел;
  • Вклучена е вечерата на 07-ми Април во Делхи;
  • Сите екскурзии кој се наведени во програмата;
  • Влезниците во објектите кој се наведени во програмата;
  • Возењето  на слоновите за искачување до тврдината Амбер Форт во Џајпур (Доколку нема слободни слонови , искачувањето е со џипови);
  • Разглед со рикша во Џајпур;
  • водич кој ќе патува со групата и ќе преведува на македонски јазик;

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Виза за Индија – трошоци за визирање е 58 еур
  • Аеродромски такси – 296€ по лице
  • Лични трошоци;
  • бакшиши на возачот / водич – околу 10 USD на човек за секој град

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Внесете коментар!
Внесете го вашето име тука