Загреб CHRISTMAS MARKET и Дарувар

Термин: 06.12-09.12.2018

 

 

Божиќен пазар во главниот град на Хрватска, Загреб, веќе 3 година по ред оправдано се прогласува за најдобриот божиќен пазар во Европа. И покрај пократката традиција на оддржување во однос на останатите божиќни пазари по средноевропските метрополи, божиќната бајка и боите на градот од година на година  привлекуваат сè поголем број на посетители. Традиционално т.н. пазар се оддржува во месец Декември и има богата и квалитетна програма со бројни настани, концерти и кулинарски специјалитети на понуда.

Градот Дарувар е поставен врз темелите од некогашната римска населба, наречена “Aquae Balissae”или во превод “многу силни извори”. Богатството на термални извори и природни ресурси биле причина за нивното населување во овој крај. Местото е познато по бројните насади од винови лози, а уште повеќе по производството на високо квалитетното вино и познатото Старо Чешко пиво. Позначаен развој градот доживува во 18от век со доаѓањето на грофовската фамилија Јанковичи кога ќе биде изградена познатата велелелпна палата-дворец и фамилијарната капела, денес црква. Период во кој што населбата се здобива со градски карактер, со сите неопходни содржини на културен и социјален живот. Денес, градот оправдано е опишан како најубаво уредениот помал град во континентална Хрватска.

1.Ден 06.12.2018 (четврток)  Kочани– Дарувар                           

. Поаѓање од автобуска станица – Кочани  во 20:00 часот. Патувањето се одвива преку Србија и Хрватска со кратки попатни паузи за одмор и на царински формалности.

  1. Ден 07.12.2018 (петок)   Даруварски Топлици                                    

Пристигнување во претпладневните часови во Дарувар и сместување во хотел. Кратко слободно време за одмор од патувањето. Прошетка низ Дарувар: Јулијевиот парк, дворецот на грофот Јанковиќ … Враќањe во хотел и слободно време за релаксација и СПА уживање, бесплатно користење на термалните базени на хотелот со температура до 36°C. Вечера. Ноќевања.

  1. Ден 08.12.2018 (сабота) Загреб – Christmas Market

Појадок. По појадокот можност за целодневна факултативна посета на главниот град на Хрватска, Загреб. Разгледа на градот и на неговите најпознати знаменитости: kатедралата Градец – Горни град, плоштадот Бан Јелачиќ, Камената порта, Калчичева улица, Марковата црква… По разгледот на градот посета на  „Christmas market“ (мoжност за лизгање на мраз, дегустација на локални специјалитети, празничен шопинг, возење со божиќен трамвај или други активности кои се дел од Божиќната понуда). Во договорено време, враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

4. Ден 09.12.2018 (недела) Дарувар – Кочани

Појадок. Напуштање на хотелот. Поаѓање за Македонија. Шопинг во Икеа во Белград. Возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови.

 

Цена за уплата до 15.11.2018 : 135 евра (8370 денари)

Редовна цена: 145 евра (8990 денари)

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Πревоз со туристички автобус на наведената релација;
  •  2 ноќевања во хотел во Дарувар со вклучени појадок и вечера
  • Бесплатно користење на базените (2 отворени, 1 затворен) во хотелот  со термална вода и температура од 30 до 36°C;
  • Туристичка такса;
  •  Организација, реализација и лиценциран туристички придружник на патувањето;
  • Посета на Загреб и на Божиќниот пазар
  • Посета на Икеа – Белград

Дополнителни услуги вклучени во пакетот Wellness & SPΑ:

  •  Џакузи, сауна, парна бања, арома терапија, солариум – 2 часа на ден (неопходна е претходна најава).

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Патничко осигурување;
  • Туристичка такса
  • Факултативна посета на Пивовара Дарувар 7€ (доплата на лице место) ;
  • Индивидуални трошоци.
СПОДЕЛИ
Претходна понудаСОЛУН
Следна понуда* Албанија *

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Внесете коментар!
Внесете го вашето име тука