ДУБРОВНИК – МАКАРСКА –СПЛИТ- ХЕРЦЕГ НОВИ

23.05.2018 – 27.05.2018

 

1 ден 23.05.2018 (среда) Кочани – Дубровник
Поаѓање за Дубровник во 18:00 часот од автобуска станица Кочани. Ноќно возење преку Косово, Албанија, Црна Гора за Хрватска со попатни паузи за одмор и царински формалности .

2.ден 24.05.2018 (четврток) Дубровник – Макарска
Пристигнување во Дубровник. Индивидуална прошетка низ стариот дел на градот каде што ќе ги видите:
Страдун,Онофриевата чешма, Кнежев двор, Дубровачките градски зидини, статуата на Св.Влах-заштитникот на
градот, Катедралата на Дева Марија. Напуштање на Дубровник и поаѓање кон Макарска. Пристигнување во
Макарска. Сместување во хотел. Ноќевање

3.ден 25.05.2018 (петок) Макарска – Сплит – Макарска
Појадок. По појадокот целодневен факултативен излет до Сплит. Разглед на Сплит со локален водич:
Диоклецијановата Палата, Катедралата на Свети Дује, плоштадот, Променадата – Рива. Слободно предпладне во
центарот на Сплит. Враќање во хотел. Ноќевање.

4.ден 26.05.2018 (сабота) Макарска – Херцег Нови
Појадок. Напуштање на Макарска и поаѓање кон Херцег Нови – градот познат по фестивалот „Сунчане скале”.
Прошетка низ стариот дел на градот: Цитаделата, Црквата Св. Архангел Михаил, Црквата св. Ероним, Крвавата кула
(Канли кула). Слободно време за прошетка по кејот на Јадранот. Поаѓање за Македонија преку Црна Гора и Албанија.
Ноќно возење со попатни паузи за одмор.

5.ден 27.05.2018 (недела ) Кочани
Пристигнување во Кочани во утринските часови.

 

Цена: 6.990,00 денари

 

Во цената на аранжманот е вклучено:
 превоз со туристички автобус
 2 ноќевања со појадок во хотел во Макарска
 посета на Дубровник
 посета на Херцег Нови
 организација и водство на програмата со лиценциран придружник

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:
 факултативен целодневен излет до Сплит ( превоз+ разглед со локален водич) – 15 евра
 туристичка такса – 3 евра ( задолжителна доплата во агенцијата)
 влезници за културно-историските споменици

СПОДЕЛИ
Претходна понудаБудва
Следна понудаОхрид и Вевчани

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Внесете коментар!
Внесете го вашето име тука