ДУБАИ

28.04.2018–06.05.2018

 

1 ден  
Полетување од Скопје за Дубаи со авиопревозникот FlyDubai во 13:55 ч.  (летот трае околу 5 часа) . Пристигнување во Дубаи во 20:55 часот по локално време. Пречек од страна на лице од партнер агенцијата и трансфер до избраниот хотел.  Сместување во избраниот хотел.Ноќевање.

2 ден
Појадок. После појадокот се започнува со полудневната градска тура, прошетка и разглед на Дубаи.
Единствена можност за посета и разглед на традиционалниот и модерен  Дубаи.
Нашата прошетка низ Дубаи е замислена како 4 до 5 – часовно патување низ градот која ќе ве поведе низ просторот и времето, од скромните почетоци на Дубаи до неверојатната иднина.
За време на прошетката, ќе го посетиме стариот дел на Дубаи каде ќе пловиме со традиционалното такси – Абра; ќе ја посетиме областа Jumeirah, Палмата, Sheikh Zayed Road и Dubai Mall, и ќе завршиме со посета на Burj Khalifa и прекрасната фонтана.

Опфатени локации:
-Музејот на Дубаи;
-Пазарите (Souq) на текстил, зачини и злато;
-Возење со Абра;
-Џамијата Jumeirah Grand Mosque – фото стоп;
-Jumeirah Beach Road;
-Burj Al Arab – фото стоп;
-Jumeirah Madinat;
-Хотелот Atlantis на Палмата;
-Sheikh Zayed Road;
-Dubai Мall;
Слободно време за одмор и индивидуални активности.

Ноќевање.
3 ден
Појадок во хотелот.
После појадокот слободно време за прошетка, плажа или можност за факултативна посета на Абу Даби.
Абу Даби е прекрасен град со повеќе од 2000 паркови, 400 километри крајбрежна линија и 10км јавни плажи.Во оваа прошетка ќе го посетиме главниот град и најголемиот емират во ОАЕ. Ќе ги видиме градбите со зачудувачка архитектура поставени веднаш до живописните стари пазари кои сеуште  се во употреба. Ќе Ве воодушеват луксузните хотели и палати, и ќе се восхитувате на ултра-модерниот Ферари забавен парк. Прошетката ќе вклучи посета на Heritage Village – жив, отворен музеј со традиционални домови, занаети и уметност. Ќе се забавувате купувајќи урми на стариот пазар и ќе се восхитувате на грандиозната Sheikh Zayed џамија.
Опфатени локации:
-Sheikh Zayed џамијата;
-Heritage Village;
-Поглед на претседателската палата;
-Поглед на Emirates Palace хотелот;
-Пазарот на урми;
-Островот Yas Island;
-Ferrari World забавниот парк;
-Yas Mall;
Враќање во хотелот.
Ноќевање.

4 ден
Појадок во хотелот.  Ден за слободни активности.

5 ден
Појадок во хотелот . Пустинско Сафари.
Искусете парче од историјата и традицијата додека се шетате помеѓу песочните дини на Арапската пустина и традиционалниот Бедуински начин на живот.Пустинското Сафари ќе Ве одведе низ Пустината во специјално  подготвен камп каде ќе уживате во низа активности и програми кои ќе Ви го претстават животот на Бедуинските пустински племиња.
Возач ќе ве земе од хотелот и ќе ве однесе до пустината, каде ќе уживате пустинското зајдисонце и возење низ дините со професионален возач. Оттука ќе пристигнете во кампот каде ќе Ве чека вечера и низа забавни активности:
-Јавање на камила или коњ;
-Возење со Баги низ песокот;
-Претстава со Сокол;
-Традиционален пазар (Souq);
-Цртање на дланките со к’на;
-Арапски стомачен танц ;
-Арапски танц со сабји;
-Tanoura танц;
Враќање во хотелот.
Ноќевање.
 6 ден
Одјавување од хотелот. Трансфер од хотелот  до аеродромот во Дубаи. Полетување за Скопје во 09:10 часот (по локално време), пристигање во Скопје во 12:05 часот.
 

Хотел Област * Услуга Цена од лице во двокреветна соба  Цена од лице во еднокреветна соба   Цена за дете под 12 год.
Ibis Deira City Centre Deira 3 Со појадок 481€ 654€
Fortune Pearl Deira 3*+ Со појадок 593€ 734€
Fortune Grand Deira 4* Со појадок 515€ 610€
Royal Continental Deira 4* Со појадок 560€ 715€
Golden Tulip Al Barsha Al Barsha 4* Со појадок 573€ 728€
Omega Tecom 4* Со појадок 648€ 825€
Al Jawhara Gardens Bur Dubai 4* Со појадок 652€ 829€
Goldstate Hotel Bur Dubai 4* Со појадок 657€ 838€
Jumeirah Rotana Jumeirah 4* Со појадок 716€ 935€
Hawthorn Suites Jumeirah Beach JBR 4*++ Со појадок 879€ 1274€ 760€
Coral Hotel Al Barsha Al Barsha 5* Со појадок 765€ 1038€
Fraser Suites Shk Zayed Road 5* Со појадок 747€ 1012€
Media Rotana Tecom 5* Со појадок 816€ 1056€
Grand Hyatt Deira 5* Со појадок 888€ 1302€
Movenpick Jumeirah Lakes Towers JLT 4* Со појадок 888€ 1302€
Hyatt Rgency Creek Dubai Creek 5* Со појадок 888€ 1302€
Jood Palace Deira 5* Со појадок 621€ 837€

 

Во цената е вклучено :
* Повратен авионски билет Скопје – Дубаи – Скопје
* Организиран трансфер од аеродорм – хотел – аеродром
* Хотелско сместување во избраниот хотел
* 5 ноќевања со појадок
* Асистенција на аеродромот во Дубаи со локален водич на Македонски јазик
* Полудневен разглед на Дубаи со водич на македонски јазик
* Пустинско сафари со вечера и забавна програма  со водич на македонски јазик

Во цената не е вклучено :
* Интернационално патничко осигурување
* Аердромски такси – 45 евра или 2790 денари
* Туристичка виза за влез за Дубаи – 80 евра или 4960 денари
* Останати факултативи и екскурзии

*Факултатива Абу Даби 83еур
* Трошоци од лична природа : оброци надвор од пакетната понуда, минибар, телефонски разговори, …..
* Туристичка такса која се плаќа дирекно во хотелот и е во зависност од категоризацијата на хотелот
(се движи од 3 до 5$ по соба на ноќ)

СПОДЕЛИ
Претходна понуда**Бангкок**
Следна понуда**Израел**

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Внесете коментар!
Внесете го вашето име тука