24-ти мај

Венеција – Милано – Сирмионе

 23.05.2018 – 27.05.2018

1.ден (23.05.2018) Кочани – Венеција
Поаѓање за Венеција од автобуска станица Кочани. Патување преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.
2.ден (24.05.2018) Венеција
Посета на еден од попатните шопинг центри. Пристигнување во Венеција и разглед на градот: Плоштадот и црквата св. Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, мостот Риалто, каналот Гранде… Продолжување кон Лидо ди Јесоло. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.
3.ден (25.05.2018) Венеција – Милано

Појадок. Можност за факултативен излет до Милано… Разглед на градот и неговите најпознати знаменитости: замокот Sforca – резиденција на миланските војводи, Via Dante, раскошната Миланска катедрала – најголема во Италија после црквата Св. Петар во Рим , познатата Скала – најугледната оперска куќа во светот изградена во 1778 година, галеријата на Виктор Емануел со првокласни ресторани и кафулиња, трговските улици Monte Napoleone, Dzesu I Korso Vitorio Emanuele во кои се наоѓаат продавници со артиклите на најпознатите модни брендови Armani, Versace, Prada, Gucci.

Враќање во Лидо во вечерните часови. Ноќевање.

4.ден (26.05.2018) Венеција – Сирмионе – Кочани
Појадок. Напуштање на хотел и факултативно заминување кон Сирмионе (место на јужниот брег од познатото езеро„Гарда) мести познато по сулфурните извори, термални лековити бањи ( Вирџилио и Катуљо), прошетка до куќата на познатата Мариа Калас, замокот Скалигер од XIII век, црквата Сан Пиетро, Санта Мариа Маџореможност за прошетка со бродче по езерото.Ноќно возење преку Словенија, Хрватска, Србија…
5. ден (27.05.2018) Кочани
Пристигнување во Кочани во пладневните часови.

Цена на аранжманот: 7680 денари

Во цената на аранжманот е вклучено:
* автобуски превоз на наведената релација
* 2 НП (ноќевање со појадок) во хотел 3* во Лидо ди Јесоло
* лиценциран пратител и организација на аранжманот
* разглед на Венеција со локален водич
Во цената на аранжманот не е вклучено:
* карта за брод Венеција 15 евра
* факултативна посета на Милано 30 еур (факултативата се организира со минимум 25 патници)
* задолжителна факултативна Сирмионе 10 евра
* патничко осигурување

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Внесете коментар!
Внесете го вашето име тука