1 ден – петок

КОЧАНИ-БУДВА

Поаѓање во 18:00 часот. Ноќно возење преку Косово и Албанија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден – сабота

СВ.СТЕФАН – БУДВА

Пристигнување во св.Стефан, едно од најмодерните летувалишта на црногорското приморје, кратка пауза за разглед и кафе и поаѓање за Будва. Слободно време за прошетка низ Будва. По разгледот на Будва продолжуваме кон Манастирот на Свети Василие Острошки, сместен во високо карпест предел, преставува најголемо Црногорско светилиште и секоја година привлекува мноштво поклоненици. Се верува дека неговите мошти кои се наоѓаат на Горниот Манастир се чудотворни, а виновата лоза која расте меѓу карпите на прочуениот манастир е лековита, односно нејзините плодови ја лечат неплодноста.

3 ден – недела

СВ.ВАСИЛИЈ – КОЧАНИ

Патувањето продолжува кон Подгорица и прошетка во трговскиот центар Делта Сити. Во попладневните часови тргнување кон Македонија, попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Кочани во вечерните часови.

Во цената е вклучено:

Превоз со високи туристички автобус во наведените релации

  • Попатна посета на св.Стефан
  • Организирана посета на Манастирот Св. Василиј Острошки
  • Организација, реализација и придружник на патувањето

Во цената не е вклучено:

  • Задолжително патницко и здраствено осигурување
  • Трансфер од Долниот до Горниот Манастир во Острог-2 евра повратна карта
  • Ноќевање во конаците 5 евра

Општи напомени:

  • ТА Авто Атом го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови, вондредни услови во сообраќајот, прекумерните задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
  • Пасоѓот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање. Може да се патува  и со биометриска лична карта.
  • Во манастирот е влегува пристно облечен, мажите во долги панталони, блузи или кошули со ракави, а жените би требало да бидат облечени во здолниште (суќна) со пристојни блузи со ракави и по можност да имаат марама на главата.
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум 25 патници

Важат општите услови заа патување на ТА АВТО АТОМ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Внесете коментар!
Внесете го вашето име тука