КОСТА БРАВА – БАРСЕЛОНА – Салвадор Дали за ВЕЛИГДЕН
06.04 – 09.04.2018  – Директен лет од Скопје 

 

Програма на патувањето

06 .Април (петок) СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 16:30 часот. Полетување за Барселона во 18:30 часот со директниот лет на Wizz Air (W6 7737). Пристигнување во Барселона во 21:20 часот. По завршување на пасошките и царинските формалности организиран трансфер до хотел. Сместување во хотел. Ноќевање.

07.Април (сабота) БАРСЕЛОНА

Појадок. Организиран панорамски разглед на Барселона: булеварот Дијагонал главната авенија која Барселона ја дели на два блока источен и западен, прекрасната готска катедрала Саграда Фамилија, плоштадот Каталонија –  централниот градски плоштад точка каде стариот град се сретнува со новиот во чие продолжение се протега познатата и секогаш забавна авенија Ла Рамбла, споменикот на Колумбо- местото каде Колумбо пристигнал по откривањето на Америка, Олимпиското пристаниште, ридот Мон Жуик со Олимпискиот стадион и спортската палата, плоштадот Шпанија на која се наоѓа Конгресниот центар, Националната галерија на каталонската уметност и неговите прекрасни Магични фонтани, плажата Барселонета, Шпанското село…. Слободно попладне за индивидуални активности, или прошетка (со метро) до паркот “Гауди”. Ремек делото на познатиот шпански архитект Антони Гауди, препознатливо по својата уникатност, денес е дел од листата на светското културно наследство под заштита на UNESCO. На враќање, прошетката продолжува по авенијата De Gracia со познатите гаудиеви згради: Casa Mila и Casa Batllo. Во попладневните часови (со јавен превоз) посета на стадионот Camp Nou, музејот на ФК Барселона- модерен интерактивен музеј со прекрасни аудио и визуелни приказни. Вечерта можност да се организира факултативна вечер со Фламенко.  Вечера. Ноќевање.

08. Април  (недела) КАЛЕЉА / БАРСЕЛОНА

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности уживање на крабрежјето на Калеља или можност за прошетка (со метро) до Барселона. Можност за посета на Аквариумот – еден од наголемите и најубавите во Европа. Препорачуваме посета на Триумфална Порта, Главниот парк со неговите градини…  Посета на Готскиот кварт и многубројните музеи, како Музејот на Пикасо и Чоколадниот Музеј. … Вечера. Ноќевање

09. Април (понеделник ) Герона + Фигерас(Музеј Салвадор Дали) – СКОПЈЕ

Појадок. По појадокот со спакуван багаж се одјавуваме од хотелот и заминуваме на посета на Герона и Фигерас со музејот на Салвадор Дали, што е предизвик за сите љубители на уметноста и оние кои сакаат да видат нешто потполно оригинално. Место во кое е роден и цел свој живот творел Дали, и насекаде може да се забележи Далиевото влијание. Сите негови дела прикажани на посебен начин и на посебно место ја прикажуваат  неговата генијалност. Музејот во кој може да се види најголемата и најразновидната колекција, скулптури, 3Д колажи, како и приватно колекции на Дали од други уметници. Попатно на враќање посета на убавото, живописно градче Герона, кој се наоѓа на североисток на Шпанија непосредно до Француската граница. Прошетка низ историскиот центар на градот, неговата тврдина изградена како систем на одбрана во римскиот период, катедралата која се наоѓа во срцето на тврдината, колористичниот куќички на брегот на реката Onyar. Организиран трансфер од Барселона до Аеродром. Во 21:55 часот полетување за Скопје. Пристигнување во Скопје после полноќ во 00:40 часот.

 

Цена на аранжманот: 429€/26.598МКД

 

ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА  НА АРАНЖМАНОТ ПОТРЕБЕН Е МИНИМУМ ОД 20 ПАТНИЦИ
Плаќањето ќе се врши исклучително во денари по курс од 62мкд за 1€ 
Општите услови за патување на АУРОРА ТУРС и СКТМ се составен дел од овој аранжман

Во цената е вклучено:

  • Авионски превоз: Скопје – Барселона – Скопје
  • Голема кабинска торба (со димензии 56х45х25см)
  • Трансфери на релација: аеродром – хотел – аеродром
  • Сместување во хотел 4****, на база 3 ноќевања со појадок и вечера со вклучени вода и вино 
  • Организиран панорамски разглед на Барселона со водич
  • Разглед на Герона + Фигерас со музејот на Салвадор Дали
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената не е вклучено :

  •  Аеродромски такси 39 еур (2.418 мкд)
  • Голема кабинска торба (со димензии 56х45х25см) 2,000 мкд, или багаж за чекирање (1 куфер до 23 kg) ____________ мкд
  •  Туристичка такса (Catalonia City Tax) за 3 ноќевања – се плаќа директно на рецепција
  •  Факултативна вечер со Фламенко
  •  Влезници во објектите и културно историски споменици (Sagrada Familia, Montjuic, Parc Guell, Camp Nou, Шпанско Село,)
  •  Патничко здравствено осигурување

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Внесете коментар!
Внесете го вашето име тука