Бангкок + Патаја
04. Апр –16. Апр / 13 дена, 10 ноќи

 

 

1. ден/ 04 апр. СКОПЈЕ – ДОХА – БАНГКОК       
Полетување од Скопскиот аеродром кон Доха во 12:15ч, со Qatar Airways. Лет од Доха за Бангкок со оброци во авионот.

02. ден/ 05 апр. БАНГКОК           
Слетување во Бангкок во утринските  часови (окулу 7ч локално време). По извршување на пасошките и царински формалности, трансфер до хотелот  Furama Silom Hotel 4*.  Сместување. Слободно попладне за аклиматизација и адаптација.  Попладне, факултативно, Градината на Ружите – Опфаќа разглед на етнопаркот и реконструираното Тајландско село, пропратен со богата програма преку која ќе се запознаеме со Тајландската култура, историја и секојдневните обичаи. Окулу 150 изведувачи ќе ни ја претстават свадбената церемонија на Таите, церемонијата на замонашување, Таи бокс како и фолклорни танци од разни делови на земјата Ноќевање.

03ден/
 06 апр. БАНГКОК
Појадок. Заминување на полудневна тура (окулу 4 часа)  ,  со водич на англиски јазик, во која има можност да се видат повеќе атракции како и неколку будистички храмови кои се карактеристични за градот. Ноќевање.

04. ден/ 07 апр. БАНГКОК – ПАТАЈА   
Појадок . Напуштање на хотелот и поаѓање со автобус кон Патаја  .  По пристигнување, сместување во одбраниот хотел. Слободнa вечер.  Ноќевање.        

5–11. ден/ 0814апр. ПАТАЈА
Појадок. Слободно време за уживање на белите песочни плажи и бистрата тиркизна вода. Можност за организација на повеќе излети кои ќе направат Вашиот престој во оваа егзотична земја, да биде незаборавен. Ноќевање.

12. ден/ 15 апр. ПАТАЈА – ДОХА 
Појадок. Одјавување од хотел. Слободно веме до заминување кон аеродромот во Бангкок, со  автобус .

13. ден/ 16 апр. ДОХА – СКОПЈЕ
Полетување за Доха  02:05 часот. Ноќен лет со оброци во авион. По слетувањето во Доха полетување за Скопје. Пристигнување во Скопје во утринските часови.

 

Цена на аранжманот: 595 евра(36,890 денари)

 

Цената вклучува:    

  • Повратна Авионска карта на сите сегменти според програмата;
  • Сите трансфери според програмата;
  • 2 Ноќевања со појадок во хотел со 4* во Бангкоk;
  • Разглед на Бангкок према програмата;
  • 8 ноќевања на база ноќевање со појадок во одбраниот хотел во Патаја;
  • Организација на патувањето.
  • Пратител на групата

Цената не вклучува:

  • Аеродромски такси (окулу 287€ – не се со фиксна вредност );
  • Влезна виза за Тајланд  (Потребни се 2фотографии, пасош и 90€);
  • Факултативни излети кои не се дел од програмата;
  • Патничко осигурување.
СПОДЕЛИ
Претходна понуда** Бали **
Следна понуда** Дубаи **

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Внесете коментар!
Внесете го вашето име тука