Екскурзија Бали

01.04 – 13.04.2018

 

Програма на патување:

1.ден (01.04) СКОПЈЕ – ДОХА  
Состанок на групата на аеродромот Александар Велики, два часа пред лет, полетување за Доха во 12:15 часот со Qatar Airways.
2.ден (02.04) ДОХА – ДЕНПАСАР      
Полетување од Доха кон Бали. Пристигнување во Денпасар (Бали) во 17: 20 часот. По завршување на пасошка и царнска контрола се упатуваме кон нашиот хотел на Бали. Слободно време. Ноќевање.
3 – 11 ден (03.04 – 11. 04) -БАЛИ
Појадок. Слободни денови за индивидуални прошетки, шопинг, капење, сончање или одмор. Вклучени придружни екскурзии:
Убавините на Кинтамани – Целодневен излет на кој ќе ги посетиме историскиот храм на Светиот Извор, убавините на планината Batur со истоименото езеро. Ќе ја искусиме мистеријата на Barong и Kris танците, кои долги години влеваа стравопочит кај луѓето. Исто така ќе го посетиме селото Celuk познато по сребро, селото Мас ознато по длаборез, каде ќе можете да купите најразните фигури изработени од дрво. ;
Волшебен Северен Бали – Целодневен излет кој ќе ви ги долови сите природни убавини на северните делови на Бали. Ова е една од најприфатените тури на Бали. Се посетуваат езерцата-блинаци Buyun и Tamblgan, кои се опкружени до дождовни шуми. Исто така ќе ја посетите плажата Lovina, карактеристична по својот црн пеесок. Враќањето назад води преку вулканските славови преплавени со плантажи на кафе и ориз.
ОЛЕ ОЛЕ – Полудневен излет кој им овозможува на туристите да бидат однесени на најатрактивните шопинг места. Водичите ќе ве однесат каде цените не се многу високи, а квалитет е гарантиран. За крај посета и уживање на Kecak  танцот. Ноќевање.
12 ден (12.04) -БАЛИ – ДОХА
Појадок. Одјавување од хотел. Оставање на багажот во хотел. Слободен ден за индивидуални прошетки, шопинг, капење, сончање. Трансфер до аеродром за Лет кон Скопје, преку Доха.
13 ден (13.04) ДОХА – СКОПЈЕ  
Лет од Доха кон Скопје во 06:50, пристигнување во Скопје во 11:15 часот.

 

Цена на аранжманот: 899 € (55.738 мкд)

 

 

Цената влучува:

  • Авионски превоз  Скопје –Денпасар- Скопје со Qatar Airways
  • 10  ноќевања во избрнаниот хотел на база на ноќевање со појадок
  • Вклуечени 3 екскурзии:  2 целодневни + 1 полудневна
  • Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Техничко водство / Пратител на групата

Цената не вклучува:

  • Аеродромски такси во висина од 294 еур / 18.228 мкд
  • Излезна такса од Бали (окулу 10 USD, се плаќа при излез од Бали исклучиво во локална валута);
  • Дополнителни оброци и пијалоци кои не се наведени во програмата
  • Задолжително патничко осигурување
  • Факултативни излети
СПОДЕЛИ
Претходна понуда** Неа Плагиа **
Следна понуда**Бангкок**

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Внесете коментар!
Внесете го вашето име тука