АНКАРА – КАПАДОКИЈА – ИСТАНБУЛ

02.10.2018-08.10.2018

 

1 ден 02.10.2018 ( вторник ) Кочани
Поаѓање од автобуска станица Кочани. Патот води преку Грција, ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден 03.10.2018 ( среда ) Анкара
Пристигнување во Анкара во утринските часови. Сместување во хотел. Попладне разглед на Анкара со водич:
Мавзолејот на Ататурк-основачот на современа Турција, Музејот на анадолските цивилизации, Етнографскиот музеј,
старата зграда на Парламентот, Цитаделата. Слободно попладне во центарот на градот. Вечера. Ноќевање.
3 ден 04.10.2018 ( четврток )Анкара – Кападокија
Појадок. Поаѓање за Кападокија-област позната по своите рељефни форми формирани пред десетина илјади години
по избувнивање на два вулкана (Ерчисе и Хасанда),област спомената во Библијата, каде раните христијани се
населиле за слободно да ја проповедаат својата христијанска религија. Попатна фото-пауза на второто по големина во
светот најсолено езеро -Туз Ѓоли, Пристигнување во Кападокија. Посета на подземниот град Кајмакли-еден од
неколкуте најголеми и најдлабоки градови во Кападокија со 8 катови кои одат во длабочина до 85 метри. Во
поладневните часови сместување во хотел во градчето-касаба Ургуп.Слободно време за запознавање на градот.
Вечера. Ноќевање.
4 ден 05.10.2018 ( петок ) Кападокија
Појадок. Целодневно разгледување на најинтересните места во Кападокија со водич: Долината на Камилата,
Долината на приказните или музејот на отворено”Зелве”, долината на пашата-Паша ба , а потоа продолжуваме до
Националниот Парк “Ѓореме”центарот на раното христијанство, во чии пештери се наоѓаат цркви и манастири. Пауза
за ручек. Посета на касабата ”Аванос” -познат по традиционалното рачно ткаење на килими како и на
традиционалното грнчарство – посета на грнчарска работилница. Враќање во хотел. Вечера. Вечерта организирана
факултативна посета на национален ресторан со ориентална фолклорна програма, танц на Дервишите – вклучено
неограничено конзумирање на пијалоци и мезе-салати. Ноќевање.
5 ден 06.10.2018 ( сабота ) Истанбул
Појадок. Заминување за Истанбул со попатна посета на највпечатливиот скалест замок “Учхисар”-симбол на
архитектурните чуда во Кападокија. Пристигнување во Истанбул во вечерните часови. Сместување во хотел.
Ноќевање.
6 ден 07.10.2018 ( недела ) Истанбул
Појадок. Факултативно крстарење со брод со локален водич по Босфорот – со единствена можност за запознавање на
палатите од двете страни на каналот и пловење под мостовите кои ги поврзуваат Европа со Азија. Потоа разглед на
градот со локален водич: Римскиот аквадукт, Патријаршијата, мостот Галата, Султанахмед (Сината) џамија ,
хиподромот, плоштадот Таксим со споменикот на Ататурк. Посета на трговскиот шопинг центар Форум. Вечерта
поаѓање за Македонија преку Грција. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
7 ден. 08.10.2018 ( понеделник ) Кочани
Пристигнување во Кочани во утринските часови.

 

 

Цена: 15.800 денари

 

Во цената е вклучено:
 превоз со високо туристички автобус
 1 полупансион во хотел со 3* во Анкара
 2 полупансиони во хотел со 3* во Кападокија
 1 ноќевање со појадок во хотел со 3* во Истанбул
 разглед на Анкара, Кападокија и Истанбул со локален туристички водич
 организација и водство на програмата со лиценциран придружник

 

Во цената не е вклучено:
 посета на Анадолскиот музеј во Анкара – ( 10 еур)
 посета на подземниот град Кајмакли -( 9 еур)
 посета на музејот Зелве -( 3 еур)
 посета на манастирскиот комплекс Ѓореме – (10 еур)
 посета на тврдината Учхисар – (3 еур)
 посета на национален ресторан со програма -( 30 еур)
 крстарење со брод по Босфорот – (15 еур)
 влезници за други културно историски споменици
 можност за летање со балон над Кападокија – 150 еур
 патничко здравствено осигурување -(250 денари за лица до 64.99 год, 500,00 ден за лица од 65 до 69,99)

 

Повеќе информации на телефоните: 070-336-307 / 033-270-765

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Внесете коментар!
Внесете го вашето име тука